id Tech 1 (се чита: ид тек),[1] претходно познат како погонот (од) Doom (англиски: Doom engine), е погон за видеоигри што ги придвижува видеоигрите Doom и Doom II од id Software. Исто така се користи и за HeXen, Heretic, Strife и HacX, како и за други игри преку лиценци. Напишан е од Џон Кармак, со помошни функции од Мајк Абраш, Џон Ромеро, Дејв Тејлор и Пол Радек. Првично бил напишан на компјутери NeXT, но со издавањето на Doom била напишана и верзија за DOS, а подоцна и за други играчки конзоли и оперативни системи.

id Tech 1
Програмериid Software
Прог. јазикЦ
ВидПогон за видеоигри
ЛиценцаГНУ-ова општа јавна лиценца

Изворниот код за верзијата на Doom за Линукс е пуштен во јавноста во 1997 година под лиценца што дава права за некомерцијални употреби, а подоцна во 1999 година и под ГНУ-овата општа јавна лиценца.[2][3] Многуте неофицијални верзии на Doom за други подлоги направени оттогаш овозможуваат играта да работи на претходно неподдржани оперативни системи и понекогаш радикално ја зголемуваат функционалноста на погонот со нови можности.

Не е „вистински 3Д погон“, бидејќи не е можно да се гледа горе и долу и два сектори не може да бидат еден врз друг, но системот е сепак прилично елегантен и дава псевдо-3Д рендеринг. Во нејзиното време, Doom беше револуционерна во способноста за брзо 3Д цртање на текстури.

Едноставно поставување што покажува како Doom ги претставува нивоата внатрешно

Поглед на картата во уредувач

Наводи уреди

  1. „Прв поглед на id Tech 5. Архивирано од изворникот на 2010-06-26. Посетено на 2010-06-27.
  2. Изворниот код за Doom[мртва врска] - отворен во 1997 година, сега под ГНУ-овата општа јавна лиценца од податотечното место на Id Software
  3. Изворниот код за Doom од 3ddownloads.com Архивирано на 24 февруари 2004 г. - отворен во 1997 година, сега под ГНУ-овата општа јавна лиценца

Надворешни врски уреди