Посреден Систем кон Посреден Систем (ПС-ПС) или на англиски Intermediate System To Intermediate System (IS-IS) е насочувачки протокол дизајниран ефикасно да пренесува информации во една компјутерска мрежа, група на физички поврзани компјутери или слични уреди. Ова го изведува со наоѓање на најдобрата рута за датаграми низ мрежа за префрлање на пакети. Протоколот бил дефиниран на ISO/IEC 10589:2002 како меѓународен стандард во ОСИ дизајнот. Иако оригинално е ИСО стандард, IETF го реиздала протоколот како Интернет Стандард на RFC 1142.

Опис уреди

ПС-ПС е внатрешен гејтвеј протокол, дизајниран за употреба во административен домен или мрежа. Ова е контраст на надворешните гејтвеј протоколи, како што се Граничниот гејтвеј протокол (ГГП), кој се користи за насочување меѓу Автономни системи.

ПС-ПС е насочувачки протокол за линк-состојби, работејќи со тоа што поплавува информации за линк состојби низ мрежа на насочувачи. Секој ПС-ПС насочувач самостојно гради база на податоци на топологијата на мрежата, собирајќи ги информациите на поплавената мрежа. Слично на OSPF протоколот, ПС-ПС го користи алгоритамот на Дајкстра за да го најде најдобриот пат низ мрежата. Потоа пакетите (датаграмите) се препраќаат, зависно од пресметаниот идеален пат, низ мрежата кон одредиштето.

Историја уреди

ПС-ПС протоколот бил создаден од Digital Equipment Corporation како дел од DECnet Phase V. Бил стандатдизиран од ISO во 1992 како ISO 10589 за комуникација меѓу мрежни уреди наречени Посредни системи (кои се различни од крајните системи или домаќини). Целта на ПС-ПС била да овозможи насочување на датаграми користејќи го ISO-создадениот OSI протокол стек наречен CLNS.

ПС-ПС бил создаден околу истото време кога IETF развиваше сличен протокол по име OSPF. ПС-ПС подоцна бил проширен да поддржува насочување на датаграми во Интернет Протоколот (ИП), протоколот на Мрежното ниво на глобалниот Интернет. Оваа верзија на ПС-ПС насочувачкиот протокол беше наречена Интегриран ПС-ПС (RFC 1195).

Споредба со OSPF уреди

И двата протоколи се протоколи на поврзувачки состојби, и и двата го користат алгоритамот на Дајкстра за пресметување на најдоброит пат низ мрежата. Како резултат, и двата имаат сличен концепт. И двата поддржуваат subnet маски со променлива должина, и можа да користат мултикаст да ги пронајдат соседните насочувачи користејќи здраво пакети, и можат да поддржат автентикација на насочувачки updates.

Додека OSPF е е природно создаден да рутира на ИП, кој самиот е протокол на Мрежното ниво што работи на врвот на ИП, ПС-ПС е протокол за OSI мрежно ниво (и во исто време е ниво како CLNS). Широкораспространетата користење на ИП има придонесена за поголемата популарност на OSPF над ПС-ПС, кој не користи ИП за да носи пораки со насочувачки информации. ПС-ПС е неутрален во поглед на типот на мрежни адреси за кој може да рутира. OSPF, од друга старана, е дизајниран за IPv4. Ова овозможи ПС-ПС да биде лесно користен за поддршка на IPv6. За да работи со IPv6 мрежи, OSPF протоколот беше сменет во OSPF v3 RFC 2740.

ПС-ПС насочувачите градат тополошка репрезентација на мрежата. Оваа мапа ги покажува подмрежите кои секој ПС-ПС насочувач може да ги досигне, како и најкраткиот пат до нив.

ПС-ПС се разликува од OSPF во начинот на кој "областите" дефинирани како и насочувањето меѓу нив. ПС-ПС насочувачите се посочени да бидат од: Ниво 1 (intra-area); Ниво 2 (inter area); или Ниво 1-2 (и двете). Ниво 2 насочувачите се inter област насочувачи што можат да формираат врски и да разменуваат информации само со други насочувачи од Ниво 2. Насочувачките информации се разменуваат помеѓу насочувачиоте од Ниво 1 и други насочувачи од Ниво 1. Насочувачите од Ниво 1-2 разменуваат информации со насочувачи од двете нивоаи се користат да ги поврзат inter област насочувачи со intra област насочувачи. Во OSPF, областите се исцртани на интерфејсот така што насочувачот на граничната област е во две или повеќе области во исто време, создавајќи ги границите помеѓу областите внатре во граничниот насочувач, додека пак во ПС-ПС границите на областите се помеѓу насочувачите. Според ова ПС-ПС насочувач се секогаш дел само од една област. ПС-ПС исто така нема потреба од нулта област која би служела како рбетна област низ која цел сообраќај меѓу областите мора да поминува. Логичкиот поглед е дека OSPF создава нешто слично на пајакова мрежа или звездена топологија на повеќе области кои сите се директно поврзани до нултата област, додека ПС-ПС создава логичка топологија која како рбет ги има насочувачи од Ниво 2 со гранки од Ниво 1-2 насочувачи и насочувачи од Ниво 1 кои ги формираат поединечните области.

ПС-ПС ист така се разликува од OSPF во методите со кои ја поплавува топологијата и информациите за мењавање на топологија низ мрежата. Сепак основните концепти се слични.

OSPF има поголоем сет на проширувања и споредни функции, сепак ПС-ПС е помалку "зборлива" и може да поддржи поголеми мрежи. Со дадени исти ресурси, ПС-ПС може да поддржи повеќе насочувачи во една област од OSPF.

TCP/IP имплементацијата, позната како "Интегрирана ПС-ПСS" или "Двојна ПС-ПС", е објаснета во RFC 1195.

Поврзани Протоколи уреди

Наводи уреди

  • RFC 1142 - IS-IS protocol specification (IETF) - Note: this is a copy of DP 10589 (Draft Proposal) and differs in many significant details from the final version of ISO/IEC 10589
  • RFC 1195 - Use of OSI IS-IS for Routing in TCP/IP and Dual Environments

Надворешни врски уреди