"I'm With You" е песна од канадската пејачка-текстописец Аврил Лавињ за нејзиниот прв албум, Let Go. Објавена е на 19 ноември 2002 од издавачката куќа Arista Records како трет сингл од албумот. Песната е првата балада од Лавињ издадена како сингл. Тоа е исто така првата песна на Аврил Лавињ која е номинирана за Греми Награди во категориите за Песна на Годината и Најдобра Женска Поп Вокална Изведба на Греми Наградите во 2004.

„I'm With You“
Сингл од Аврил Лавињ
од албумот Let Go
Страна Б "Get Over It"
Издаден 19 ноември 2002 (САД)
3 март 2003 (Европа)
31 март 2003 (Обединето Кралство)
Текстописец Аврил Лавињ, Лаурен Кристи, Скот Спок, Грахам Едвардс
Формат Дигитално спуштање, ЦД сингл, ДВД сингл
Снимен 2010
Жанр Поп,[1] рок[1]
Должина 3:43
Издавачка куќа Arista
Продуцент The Matrix
Хронологија на синглови на Аврил Лавињ
"Sk8er Boi"
(2002)
"I'm With You"
(2002)
"Losing Grip"
(2003)

Песната се искачила на прво место во Мексико, четврто место на Билборд Хот 100 во САД (третиот силнгл на Лавињ кој се искачил во првите десет), седмо место во Обединетото Кралство, тринаесетто место во Канада и на прво место на Глобалната табела за песни.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Avril Lavigne – I'm With You at Discogs. Discogs.com. Посетено на 2010-11-13.

Наворешни врски уреди