BWV (од германски: Bach-Werke-Verzeichnis - „Каталог на Баховите дела“) — систем на класификација на музички дела од Јохан Себастијан Бах во кој тие се групирани тематски, а не хронолошки. BWV-броевите биле смислени од Волфганг Шмидер во 1950, во каталог со наслов Thematisch-systematisches Verzeichnis der musikalischen Werke von Johann Sebastian Bach. Овие броеви се користат насекаде и се прифатени како стандардно набројување на Баховите дела. На пример „Миса во Х-мол“, BWV 232, компонирана во 1733. Понекогаш BWV-броевите се нарекуваат и Шмидерови броеви. Стари изданија ги обележуваат броевите како S. 232.

Овој каталог е ажуриран неколкупати, т.е. со отстранување на дела со несигурно авторство, додавање на новооткриени дела итн. Ове ажурирани каталози се печатат: изданието од 1990 излегло како ISBN 3-7651-0255-5.

Тематски каталог уреди

За разлика од хронолошки подредените каталози на други композитори, Шмидеровиот каталог на делата на Бах е подреден по вид на дело, наречен тематски каталог: најпрвин доаѓаат хорските дела, па тие за органа, потоа други клавијатурни дела итн. поради ова, низок BWV-број не е знак за старост на делото.

Шмидер избрал тематска, наместо хронолошка каталогизација од разни причини, од кои двете најважни се:

  • Многу од Баховите дела се со несигурно датирање. Дури и ако на партитурата има датум, ова може да значи година на пресликување, преработка и сл. Но од времето на Шмидер работите се смениле, и оттогаш стручњаците имаат утврдено веројатна или сигурна година за многу дела (видете подолу).
  • Баховото здружение издава дела од Бах уште од 1851; овие постоечки изданија ги подредувале делата на Бах по жанр (или музичка форма), па така подредувањето по тематика било полесно и во согласност со воспоставената практика.

Хронолошка каталогизација уреди

Филип (и Жерар) Званг издале алтернативен систем за каталогизација на Баховите кантати (BWV 1-215 + 248-249), земајќи ја предвид хронологијата, видете: http://infopuq.uquebec.ca/~uss1010/catal/bacjs/corrbwvz.html

Овој список е издадена во 1982 како Guide pratique des cantates de Bach во Париз, ISBN 2-221-00749-2.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди