Хеликоптерот претставува оригинален дизајн на компанијата Agusta, односно во хеликоптерот е вграден мотор Turbomeca-Agusta TA-230 и сопствена дизајнирана трансмисија. Првиот прототип на хеликоптерот полетал во 1964 година. Од хеликоптерот се развиени два модела:

  • модел А.105 со две седишта (пилот и патник)
  • модел А.105B со четири седишта (пилот и три патника) кој е прикажан на париската изложба во 1965 година. Хеликоптерот бил предвиден за одржување врски, фотографирање од воздух и брз транспорт, но никогаш не влегол во сериско производство.
Agusta A.105B

Основни податоци:

  • Тип: транспортен хеликоптер
  • Класа: лесен
  • Сместување: еден или два пилоти (А.105 и А.105B) и еден или два патника (А.105B)
  • Земја на потекло: Италија
  • Производител: Agusta (Италија)
  • Статус: прв лет во 1964 година, произведен само како прототип.
  • Земји корисници: Италија

Техничкотактички податоци:

  • Намена: за цивилни потреби
  • Мотори: еден турбомлазен мотор Turbomeca-Agusta TA-230, со сила од 350 кс
  • Димензии:

- Височина: 2,60 м

- Пречник на HP: 9 м

  • Тежини:

- Празен: 485 кг

- Максимална: 1,000 кг

  • Перформанси:

- Максимална брзина: 210 км/ч

- Максимална висина: 4,750 м

- Максимален домет: 320 км

Варијанти: уреди
  • А.105А: верзија со две седишта (за еден пилот и за еден патник или ученик-пилот)
  • А.105B: верзија со четири седишта