<< април >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30
2024

29 април — 119-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (120-и во престапна година). Остануваат 246 денови до крајот на годината.

Настани:

1429  Јованка Орлеанка на чело на неколку стотици Французи ги победила англиските освојувачи и го зазела градот Орлеан.
1672  Кралот Луј XIV извршил инвазија на Холандија.
1861  По предлог на епископот Јосип Јурај Штросмајер, Собранието на Хрватска донело одлука за основање на Југословенска академија на науките и уметностите како матична културно-научна установа на сите Јужни Словени.
1945  Втора светска војна: германските окупациски сили во Италија безусловно капитулирале пред Сојузниците.
1968  МјузиклотКоса“ — претставително дело на хипи-движењето и пацифизмот бил премиерно прикажан на Бродвеј во Њујорк, САД.
1997  Во Луксембург, Република Македонија и Европската унија ја потпишале спогодбата за соработка.
1999  При бомбардирањето на НАТО на СР Југославија била урната највисоката зграда во земјата — телевизиската кула (203 м) на планината Авала, близу Белград.
2005  Сирија целосно се повлекла од Либан, окончувајќи ја 29-годишната окупација.
2011  Британскиот принц Вилијам се венчал со неговата долгогодишна девојка Кејт Мидлтон.

Родени:

1519  Тинторето — италијански сликар.
1769  Артур Велсли Велингтон — британски генералисимус од Наполеоновите војни.
1818  Александар II Николаевич Романовруски цар.
1854  Жил Анри Поанкаре — француски математичар, физичар и филозоф.
1863  Константин Кавафи — грчки поет.
1899  Алдо Нади — италијански мечувалец.
1899  Дјук Елингтон — американски џез пијанист, композитор и водач на оркестар.
1901  Хирохито — јапонски цар.
1907  Фред Синеман — американски филмски режисер.
1925  Ивао Такамото — американски аниматор на цртани филмови.
1933  Вили Нелсон — американски пејач, глумец и писател.
1936  Зубин Мехта — индиски диригент.
1940  Питер Дајмонд — американски економист, добитник на Нобеловата награда.
1947  Владимир Милчин — македонски театарски режисер.
1947  Иван Јевтиќ — српски композитор и член на САНУ.
1948  Михаел Кароли — германски рок-музичар.
1964  Џеј Рамадановски — српски фолк-пејач.
1970  Андре Агаси — американски тенисер.
1984  Михал Голаш — полски велосипедист.
1989  Александар Маренич — руски фудбалер.
1989  Домагој Вида — хрватски фудбалер.

Починале:

1898  Илија Марков Малешевски — македонски ајдутски војвода.
1916  Јорген Грам — дански математичар.
1933  Константин Кавафи — грчки поет.
1947  Ирвинг Фишер — американски економист.
1951  Лудвиг Витгенштајн — австриско-британски филозоф.
1967  Ентони Ман — американски филмски глумец и режисер.
1980  Алфред Хичкок — британски филмски режисер.
1993  Мик Ронсон — англиски рок-гитарист.
2006  Џон Кенет Галбрајт — канадско-американски економист.
2017  Џонатан Дем — американски филмски режисер.
2019  Џон Синглтон — американски филмски режисер.
2020  Ирфан Кан — индиски глумец.