24 септември

датум
<< септември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30
2024

24 септември — 267-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (268-и во престапна година). Остануваат 98 денови до крајот на годината.

Настани:

1706  Во Алтранштет, Шведска и Саксонија склучиле мир со кој Шведска се откажала од полската круна и го признала полскиот крал Станислав Лешчињски.
1852  Францускиот инженер Анри Жифар го извел првиот лет со цепелин на парен погон, летајќи 27 километри, од Париз до Трап.
1905  Шведска ја признала независноста на Норвешка која претходно била под владение на Данска, а од 1814 година во унија со Шведска. По отцепувањето е прогласена за самостојна уставна монархија на чело со кралот Хокон VII.
1908  Во Солун, во кафеаната „Бошњак-ан“, терористи-платени врховисти извршиле неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански. При атентатот две лица од придружбата на Сандански биле смртно погодени.
1941  Во Лондон, на конференцијата на претставниците на владите на Австралија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Јужноафриканскиот Сојуз, СССР и претставници на бегалските влади на Чехословачка, Грција, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Југославија и на слободна Франција, ја потпишале Атлантската повелба која пред шест недели ја прокламирал американскиот претседател Франклин Рузвелт и британскиот претседател Винстон Черчил, со што овие земји ја прифатиле Повелбата како политичка програма во борба против силите на Оската.
1993  Во Монте Карло, Македонскиот олимписки комитет е примен за рамноправен член на олимпиското семејство.

Родени:

1821  Ципријан Норвид — полски поет, драматург, сликар и вајар.
1884  Исмет Инени — турски премиер и претседател, основач на Републиканската народна партија.
1920  Зухо Џумхур — босански и југословенски писател и сликар.
1945  Владимир Глигоров — македонски економист.
1949  Педро Алмодовар — шпански режисер и сценарист.
1954  Марко Тардели — италијански фудбалер.
1980  Џон Арне Рисе — норвешки фудбалер.
1981  Игор Крајчев — македонски писател и поет.
1982  Стеф Клемент — холандски велосипедист.
1999  Елиф Елмас — македонски фудбалер.

Починале:

768  Пипин Малиот — француски крал, прв монарх од династијата Каролинзи.
1735  Петр Брандл — чешки сликар.
1813  Андре Модест Гретри — француски композитор и музички писател од белгиско потекло.
1835  Винченцо Белинииталијански оперски композитор.
2004  Франсоаз Саган — француска писателка.