<< декември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
2024

18 декември — 352-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (353-и во престапна година). Остануваат 13 денови до крајот на годината.

Настани:

1828  Силен земјотрес го разурна јапонскиот град Нагаока, при што загинаа 30.000 луѓе.
1958  Лансиран SCORE, првиот комуникациски сателит во орбита околу Земјата
1965  Девет африкански држави ги прекинаа дипломатските односи со Велика Британија, откако Лондон му даде поддршка на расистичкиот режим во Родезија.
1970  Во Италија е усвоен Законот за развод на бракот и покрај големото противење на Католичката црква.
1994  Поранешниот американски претседател, Џими Картер пристигна на сараевскиот аеродром, со што ја започна втората етапа од својата посредничка мисија во БиХ.
1865  Укинато е ропството во Соединетите Американски Држави.
1956  Јапонија е примена за член на Организацијата на Обединетите нации.
1941  Во Вашингтон почна конференцијата на претставниците на 26 држави - сојузнички во Втората светска војна. Беше решено на 1 јануари 1942 година да се објави декларација на сојузниците за тоа дека ќе ја продолжат војната против силите на Оската и против нивните приврзаници сè до нивната капитулација и дека нема да се склучува примирје со непријателот.
1942  Бугарската полиција ги открива и апси членовите на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија народните херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур (кои подоцна на ѕверски начин се убиени). Во истата акција запленета и печатницата на ПК КПЈ за Македонија „Гоце Делчев“.

Родени:

1392  Јован VIII Палеолог — претпоследен византиски цар.
1786  Карл Марија фон Вебер — германски композитор и диригент.
1879  Паул Кле — швајцарско-германски сликар.
1913  Вили Брант — западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на Германија.
1946  Милена Зупанчич — словенечка глумица.
1963  Бред Пит — американски глумец.
1954  Улрих Ротгитарист, еден од пионерите на неокласичниот хеви-метал.
1966  Џанлука Паљука — италијански фудбалски голман.
1969  Сантјаго Кањизарес — шпански фудбалски голман.
1968  Рикардо Питис — италијански кошаркар.
1971  Аранча Санчес Викарио — шпанска тенисерка.
1974  Вики Миљковиќ — српска пејачка.
1987  Пјотр Новаковски — полски одбојкар.
2001  Били Ајлиш — американска поп-музичарка.

Починале:

1406  Чандарли Али-паша — Голем везир на Отоманското Царство.
1829  Жан Батист Ламарк — француски природонаучник и филозоф.
1892  Ричард Овен — истакнат англиски биолог и палеонтолог.
1995  Конрад Цузе — германски научник, еден од изумителите на сметачот.
1932  Едуард Бернштајн — германски социјалдемократски теоретичар.
1945  Климе Стојоски — македонски партизан.
1975  Теодосиј Добжански — руско-американски научник.
2003  Бранко Хорват — хрватски економист.
2006  Џозеф Барбера — американски аниматор и режисер.
2008  Иван Рабузин — хрватски сликар.
2009  Оскар Данон — југословенски композитор и диригент.
2011  Вацлав Хавел — чешки писател и политичар.
2015  Слободан Чашуле — македонски новинар и политичар.
2016  За За Габор — американска глумица со унгарско потекло.
2018  Пени Маршал — американска режисерка.
2022  Тери Хол — англиски рок-музичар, член на групата The Specials