01
02 03 04 05 06 07 08
09 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30  

12 јуни — 163-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (164-ти во престапна година). Остануваат 202 дена до крајот на годината.

Настани:

1691  Ахмед II на турскиот престол го наследи султанот Сулејман III.
1798  Француската армија го зазеде средоземниот остров Малта.
1812  Наполеон Бонапарт, француски цар, на чело на „Големата армија“ ја мина реката Њемен и ја започна офанзивата на Русија.
1898  Филипинскиот генерал Емилио Агиналдо за време на Американско-шпанската војна со поддршка на САД прогласи независност на Филипини. Американците, потоа ги окупираа Филипините и го срушија отпорот на филипинските националисти, а тој тихоокеански архипелаг стекна формална независност во 1946 година.
1944  Кај селото Стрмашево, Неготинско, дел од Втората македонска НОУ бригада го нападна и го разби бугарскиот полициски одред „Бенковски“. Во оваа борба загина и Коце Стојановски - Металец, истакнат борец и револуционер.
1945  Грчка воена единица го опколи селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија. Притоа, командантот на единицата ги собра сите жители и со сила ги тераше да признаат дека се Грци. Но, тој не успеа во тоа, бидејќи насобраните му изјавија дека се Македонци.
1946  Одигран е фудбалски натпревар за првиот повоен Првак на Македонија помеѓу „Победа“ и „Македонија“ (2:1). Притоа е остварен и првиот фудбалски радиопренос на Радио Скопје, со коментар на Коле Чашуле.
1964  Водачот на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мендела и уште 7 противници на расистичкиот режим во Јужноафриканската Република, осудени се на доживотна робија. Ослободен е во 1990 година, а во 1994 година даде заклетва како прв црнец претседател на земјата.
1976  При воениот удар во Уругвај од власт е симнат претседателот Хуан Бордабери, со што започна деветгодишната диктатура на армискиот врв.
1991  Борис Елцин е избран за претседател на Русија.
1993  Република Македонија стана членка на Меѓународната поштенска заедница.
1997  Република Македонија и Република Џибути воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.
2001  Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, во екот на борбените дејства.
2016  Најмалку 50 луѓе биле убиени и 53 други повредени во напад во ноќен клуб во Орландо, Флорида. Напаѓачот бил убиен од полициските сили.

Родени:

1840  Јакуб Арбес — чешки писател, критичар и новинар.
1856  Спиро Гулапчев — македонски анархист.
1877  Јохан Фридрих Хегер — германски архитект.
1915  Дејвид Рокфелер — американски банкар.
1924  Џорџ Херберт Вокер Бушпретседател на САД (1988 — 1992).
1926  Амадео Каризо — арегентински фудбалски голман.
1928  Петрос Моливијатис — грчки политичар.
1929  Ана Франк — холандска Еврејка, жртва на холокаустот (п. 1988.).
1930  Столе Аранѓеловиќ — српски и југословенски глумец.
1941  Чик Кореја — американски џез-музичар.
1945  Пет Џенингс — северноирски фудбалер.
1949  Тодор Мицов — македонски поет.
1955  Мурат Мурати — македонски лингвист.
1959  Хуан Антонио Сан Епифанио — шпански кошаркар.
1965  Гвен Торенс — американска атлетичарка.
1969  Витал Хејнен — белгиски одбојкарски тренер.
1977  Николас Васкес — аргентински глумец.
1979  Диего Милито — аргентински фудбалер.
1981  Адријана Лима — бразилски модел.
1982  Марко Поповиќ — хрватски кошаркар.
1984  Бруно Соријано — шпански фудбалер.
1986  Серхио Родригес — шпански кошаркар.
1989  Андреја Гвардини — италијански велосипедист.
1992  Филипе Кутињо — бразилски фудбалер.
1996  Давинсон Санчес — колумбиски фудбалер.

Починале:

816  Лав IIIримски папа.
1903  Милан Делчев — македонски револуционер.
1912  Фредерик Паси — француски хуманист и нобеловец (р. 1822).
1943  Тодор Ангеловски — македонски учител.
1944  Коце Стојановски - Металец — македонски револуционер.
1983  Норма Ширер — канадско-американска филмска глумица.
1997  Булат Окуџава — советски и руски поет.
2003  Грегори Пек — американски филмски глумец (р. 1916).
2006  Ѓерѓ Лигети — унгарско-австриски композитор (р. 1923).
2007  Барон Ги Едуар Алфонс Пол де Ротшилд — француски банкар (р. 1909).

Празници:

Ден на Русија.
Светски ден против злоупотребата на детскиот труд.