11 август — 223-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (224-и во престапна година). Остануваат 142 денови до крајот на годината. Предлошка:Август 2024

Настани:

480 п.н.е.  Персијците под водство на Ксеркс извојуваат победа над Спартанците под водство на кралот Леонид, чии војници се бореле до смрт, во Термопилската битка.
1918  Прва светска војна: Завршува Битката кај Амјен.
1929  Бејб Рут станува првиот бејзболист во историјата со повеќе од 500 претрчувања.
1934  Отворен е федералниот затвор на островот Алкатраз во Калифорнија.
1941  Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт ја формулираа прочуената „Атлантска повелба“, чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација од 1945 година. Три дена подоцна, тие ја потпишаа повелбата.
1960  Чад прогласува независност.
1966  Џон Ленон одржува конференција за печат во Чикаго и се извинува за својата изјава од 4 март во која вели дека Битлси се попопуларни од Исус.
1972  Последната американска воена копнена единица го напушта Јужен Виетнам.
1999  Целосно затемнување на Сонцето во Европа и Азија.
2003  НАТО презема команда над мировните сили во Авганистан. Тоа е прва интервенција надвор од Европа во 54 годишната историја на НАТО.

Родени:

1814  Иван Мажураниќ — хрватски писател.
1858  Кристијан Ејкманхоландски доктор и Нобелов лауреат.
1883  Ернст Штадлер — германски поет.
1902  Норма Ширер — канадско-американска филмска глумица.
1926  Арон Клугбритански хемичар.
1928  Риза Идризи — учесник во НОВ.
1931  Фимчо Муратовски — македонски диригент.
1933  Божидар Тодоровски - Бодле — македонски поет.
1934  Данило Бата Стојковиќ — српски глумец.
1946  Милан Гутовиќ — српски глумец.
1947  Јоргос Караџаферис — грчки политичар.
1949  Ѓорѓи Спасов — македонски политичар.
1950  Стив Возњакинформатички пионер и основач на фирмата Apple заедно со Стив Џобс.
1954  Џо Џексон — англиски музичар и композитор.
1957  Жарко Башески — македонски вајар.
1958  Џа Вобл — англиски бас-гитарист, поет и композитор.
1960  Томислав Ивковиќ — хрватски фудбалски голман и тренер.
1964  Сашо Пижевски - Пиже — македонски шоумен.
1967  Масимилијано Алегри — италијански фудбалер и тренер.
1971  Лидија Димковска — македонска писателка.
1976  Иван Кордоба — колумбиски фудбалер.
1996  Роман Соркин — израелски кошаркар.
1999  Никола Серафимов — македонски фудбалер.

Починале:

1578  Педро Нуњеспортугалски математичар.
1844  Јернеј Копитар — словенечки преродбеник.
1898  Никола Филипчев — македонски револуционер.
1919  Ендрју Карнегишкотски индустријалец и филантроп.
1939  Џаноберто Бугатииталијански конструктор на автомобили.
1956  Џексон Полокамерикански уметник, претставник на апстрактниот експресионизам.
1987  Живко Чинго — истакнат македонски прозаист и драмски писател.
1996  Баба Ванѓа — македонско-бугарска јасновитка.
2010  Хорас Лант — американски славист и македонист.
2014  Владимир Беара — југословенски фудбалер и тренер.
2014  Робин Вилијамс — американски глумец.
2019  Гордан Михиќ — српски и југословенски сценарист.