Шинџи Кагава ( јапонски: 香 川 真 司 | англиски: Kagawa Shinji ) (роден 17 март 1989) — Јапонски фудбалер, играч од средниот ред на Борусија Дортмунд и на јапонската репрезентација.

Јапонија Шинџи Кагава
Лични податоци
Роден на 17 март 1989(1989-03-17)(35 г.)
Роден во Кобе, Јапонија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд
Број 7
Младинска кариера
2001-2005 ФК Мијаги Барселона
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006–2010 Церезо Осака Церезо Осака 125 (55)
2010-2012 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 49 (21)
2012-2014 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 38 (6)
2014- Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 97 (20)
Репрезентација
2011- Јапонија Јапонија 97 (31)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 25 мај 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 12 јуни 2012

Тој претходно играл за Церезо Осака во својата родна Јапонија, пред да дојде во својот сегашен клуб Борусија Дортмунд, откаде преминал во англискиот Манчестер Јунајтед во 2012 година, за по две сезони во летото 2014 повторно да се врати во Борусија.

Тој е исто така активен репрезентативец на Јапонија.

Клупска кариера уреди

Кагава почнал да игра фудбал во неговото основно училиште. Тој се приклучил на Кобе НК фудбалски клуб, а подоцна се преселил во ФК Мијаги Барселона во Сендаи. Церезо Осака брзо го забележува неговиот талент и потпишува со него на возраст од 17. Тој беше првиот играч во Јапонија што успеал да потпише професионален договор пред да дипломира во средно училиште, освен играчите промовирани од младинските состави на клубовите од Џеј-лигата. Во 2007 година, тој доби редовна позиција, но клубот пропушти да избори промоција во Џеј-лигата.

До средината на 2010 година, кагава беше претставен со Агенцијата за спорт, за која работи пензионираниот германски професионален фудбалер Томас Крот, кои на крајот го средува неговиот трансфер во Борусија Дортмунд.

Борусија Дортмунд уреди

 
Кагава ја прославува титулата со Борусија Дортмунд во сезоната 2010-11 во Бундеслигата

Во летото на 2010 година, Кагава се префрли од Церезо во Борусија Дортмунд за 350.000 €. На релативно скромната цена на трансферот му претходеше клаузулата во договорот на Кагава со Церезо, која му дозволува да го напушти клубот поевтино ако тој има можност да заигра во Европа. На 23 август 2010 година, тој го направи својот деби настап во германската Бундеслига, почнувајќи во почетните 11 за неговиот нов клуб Борусија Дортмунд. По постигнувањето на својте прв два натпреварувачки гола за клубот во квалификациите за Лига Европа против Карабах, тој продолжи во овоаа форма постигнувајќи го својот прв гол во натпревар од Бундеслигата против Волфсбург, во кој Дортмунд победи со 2:0. Во локалното дерби против Шалке 04, во кое Дортмунд победи со 3-1, Кагава рече пред-натпревар дека тој ќе постигне два гола, тој потоа отиде за да ги реализира својте два погодока во мечот (тоа го стори во 20-тата и 58-мата минута во мечот), што го прави еден од фаворитите на навивачите.

Кагава го пропушти вториот дел од сезоната во Бундеслигата поради повреда која ја заработи играјќи за националната селекција на Јапонија на Азискиот куп, но успеа да постигне осум гола во 18 настапи. Неговиот силен напор во првата половина на сезоната помогна неговиот тим да заврши како шампион во Бундеслигата за таа сезона. Тој беше избран исто така и во Најдобрите XI во Бундеслигата за сезоната.

Кагава се вратил на време за почетокот на новата сезона во Бундеслигата и брзо го најде својот пат назад во почетната линија на тимот. Кагава го постигна својот прв гол во новата Бундеслигашка сезона на 18 септември, во разочарувачкиот пораз од 2-1 од Хановер 96, кога неговиот тим прими два гола во последните три минути од мечот. На 22 октомври, Кагава го отвори резултатот во седмата минута за Дортмунд против Келн во победата од 5-0 пред 80.200 домашни навивачи на Сигнал Идуна Парк. Кагава постигна погодок повторно на 5 ноември, кога Дортмунд го прегази Волфсбург со 5-1 и се приближи на два бода до водачот во лигата, тимот на Баерн Минхен. Тој постигна гол на крајот од мечот со Арсенал во Лигата на шампионите во групната фаза, што Дортмунд го загуби со 2-1.

На 28 јануари 2012 година, Кагава постигна два гола во 3-1 победата на милионерите против Хофенхајм. Кагава го постигна единствениот гол на натпреварот против Вердер Бремен на 17 март, со погодок со глава по одличната асистенција на Илкај Гундоган во 8-ата минута. Кагава постигна два гола во демолирањето на Дортмунд со 6-1 над Келн на 25 март, зачувувајќи ја предноста на неговиот тим од 5 бода пред Баерн во трката за титулата. Неговиот погодок за водство на Борусија од 2-0 против Менхенгладбах значеше и одбрана на титулата во Бундеслигата на две кола пред крајот. Кагава исто така постигна погодок и забележа асистенција во финалето на Германскиот Куп против соперникот Баерн Минхен.

Манчестер Јунајтед уреди

На 5 јуни 2012 година Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд се договорија околу трансферот на Кагава на Олд Трафорд, трансфер кој го прави Кагава да биде првиот јапонец кој ќе игра за клубот. Трансферот беше официјализиран на 22 јуни 2012 година кога Кагава успешно ги мина лекарските прегледи во Манчестер Јунајтед, и доби дозвола за играње во Англиската Премиер Лига.

Враќање во Борусија Дортмунд уреди

На 31 август 2014, Кагава се вратил во својот поранешен клуб Борусија Дортмунд, потпишувајќи договор вреден до 30 јуни 2018.

Титули уреди

Клупски уреди

  Борусија Дортмунд уреди

  Манчестер Јунајтед уреди

Репрезентативни уреди

Надворешни врски уреди