Шаховска табла е табла која се користи во шахот и се состои од осум реда и осум колони квадрати (полиња) во наизменични бои. Полињата се нарекуваат „црни“ и „бели“, иако фактичките бои варираат зависно од материјалот. Се користат најразлични материјали; поофицијалните партии се играат на дрвени табли, додека неформално може да се игра и на пластични или картонски табли. Постојат и стаклени, мермерни, камени и други табли. Камените табли ги наоѓаме вградени во шаховски маси за надвор.

Портал  · Историја
Основи

Фигури  · Табла  · Правила
Стратегија  · Тактика  · Запис

Теорија

Отворање  · Средишница
Завршница  · Мат
Пешачка структура  · Принуден потег
Темпо  · Опозиција

Натпреварувања

Олимпијада
Вајк ан Зее  · Линарес  · М-Тел Мастерс
Дортмунд  · Нанѓинг

Организации

ФИДЕ  · ПША

Списоци

Поими  · Книги  · Партии
Отворања  · Силни турнири

abcdefgh
8
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Шаховска табла
Шаховска табла со Стаунтонови фигури

Таблата е наредена така што најдесното поле кај секој играч е „бело“. Големината на истата обично зависи од големината на шаховските фигури. Претпочитана големина на поле е 1.25 до 1.3 пати основата на кралот.

Во современиот шаховски коментар, колоните се обележани со латинични букви од a до h (од лево кон десно) од гледна точка на белиот играч, додека пак редовите се обележани со бројки од 1 до 8, каде 1 е најблиску до белиот играч, со тоа овозможувајќи ја стандардната нотација наречена алгебарска шаховска нотација.

Надворешни врски уреди



  Шах

Фигури | Табла | Правила | Отворања | Стратегија | Тактика | Завршници | Историја | Запис