Чак Свирски

Американски кошаркар

Чак Свирски (англиски: Chuck Swirsky) (роден на 30 јануари 1954 во Норфолк, Вирџинија, САД) беше долгогодишен телевизиски коментатор за канадскиот НБА тим Торонто Рапторс, кој ја поминал својата 27 годишна кариера во Чикаго, Детроит и Торонто репортирајки на кошаркарски и настани од американски фудбал. Чак беше персонификација на организацијата на „Рапторси“, иако не поседуваше некое огромно кошаркарско знаење, и често притаено навиваше за противниците, кога заслужуваа да победат повеќе од Торонто. Чак беше роден Американец, но имигрираше во Канада пред 5-6 години, и заедно со својата фамилија кои живееја во Бурлингтон, Онтарио, ја напуштија Канада во мај 2008 за да се вратат во нивниот дом, Чикаго, каде што Чак работи како радио коментатор за Чикаго Булс. Негова омилена фраза е „Ајде мамо, да си каснеме вечера, овој натпревар е готов“, што велеше пред всушност мечот да заврши, наговестувајки победа, но многу ретко рано најавуваше победа, плашејки да не се повтори мечот кога најави победа во третата четвртина, а Торонто подоцна изгуби и прими 81 бод од Коби Брајант. Негов омилен играч беше Винс Картер, затоа што репортирајки ги неговите забивања стана славен, а исто така многу го цени младиот играч на Атланта Хокс, Марвин Вилијамс. Чак во Торонто коментираше заедно со својот партнер, бившиот канадски кошаркар Лио Ројтинс.

Чак Свирски
Свирски во 2009
Роден(а)30 јануари 1954(1954-01-30)(70 г.)
Норфолк, Вирџинија, Соединети Американски Држави
РаботодавачЧикаго Булс
СопружникЕн Свирски
Деца6