Цојтен

општина во Германија

Цојтен (германски: Zeuthen) — општина во округот Даме-Шпревалд, во Бранденбург, Германија.

Цојтен
Општинското собрание во Цојтен
Општинското собрание во Цојтен
Општинското собрание во Цојтен
Грб на Цојтен
Цојтен во рамките на Германија
Цојтен
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Даме-Шпревалд
Градоначалник Беате Бургшвајгер (СДП)
Основни податоци
Површина 12,66 км2
Надм. височина 34 м
Население 11.355 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 897 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LDS
Пошт. бр. 15738
Повик. бр. 033762
Портал www.zeuthen.de
Местоположба на Цојтен во рамките на округот Даме-Шпревалд
Карта
Карта
Координати 52°22′0″N 13°37′0″E / 52.36667° СГШ; 13.61667° ИГД / 52.36667; 13.61667

Географија уреди

Се наоѓа близу југоисточната граница со Берлин на западниот брег на реката Даме и Цојтенското Езеро. Се граничи со Ајхвалде на север, Шулцендорф и Шенефелд на запад, Вилдау и Кенигс Вустерхаузен на југ, како и округот на Берлин Трептов-Кепеник на источниот брег на Цојтенското Езеро, каде општината ја поседува енклавата Мирсдорфер Верде. Четирите општини на Цојтен, Ајхвалде, Вилдау и Шулцендорф претстапуваат субурбанизирана област.

Железничката станица Цојтен се наоѓа на железничката линија Берлин - Герлиц.

Историја уреди

 
Црква Мартин Лутер

Веројатно има словенско потекло како многу места во Бранденбург. Цојтен со соседните Мирсдорф и Герсдорф бил првпат споменат во 1375 во документ на императорот Карло IV, кој го добил маркгрофовијата две години претходно од баварската династија Вителсбах.

Уништен од Триесетгодишната војна и со население од само 122 жители во 1860, брзиот развој на поранешното село на речниот брег во посакувана субурбана станбена зона започнал кратко потоа со изградбата на железничката линија до Герлиц и издигнувањето на Берлин како главен град на Германското Царство во 1871. Станицата Цојтен била пуштена во употреба на 1 ноември 1897. Соседниот Мирсдорф бил припоен кон општината во 1957.

Во Втората светска војна, германското министерство за телекомуникации започнала да гради циклотрон и објект за облагодарување на изотопи во Цојтен, кој од 1962 бил употребуван како источногермански институт за физика, дел од Академијата на науки на ГДР. По повторното обединување на Германија, објектите биле споени како второ седиште на институтот DESY.

Меѓународни односи уреди

Наводи уреди

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)