Цистерна Базилика

Цистерна на базиликата (турски: Yerebatan Sarayı) — музеј кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Во времето на Византија, оваа подземна цистерна го снабдувала Цариград со вода. Се наоѓа помеѓу Хиподромот и Аја Софија, а позната е по своите столбови. Цистерната е долга 146 метри, широка 65 метри и зазема површина од 9.800 m².

Цистерна Базилика
Yerebatan Sarayı
Поглед кон цистерната
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Истанбул Турција" does not exist
Општи податоци
МестоФатих
ГрадИстанбул
Земја Турција
Координати41°0′29″N 28°58′40″E / 41.00806° СГШ; 28.97778° ИГД / 41.00806; 28.97778
Почната4 век
Технички податоци
Подна површина9.800 m²

Историја уреди

Името на оваа подземна структура потекнува од базиликата која се наоѓала на Првиот рид од Цариград, која првично била изградена. Пред да биде претворена и изградена во цистерна, на тоа место постоела базилика која била изградена во 3 век или 4 век, во времето на најраната историја на новиот Рим. По пожарот од 476 година, базиликата била реконструирана.

Една од главните функции на оваа цистерна била снабдувње на градот со вода доколку истиот се најде под некаква опсада. Таа првично била изградена во времето на Константин Велики, за да истата биде проширена од страна на Јустинијан I по немирите во Ника во 532 година. Цистерната директно водела кон големата императорска палата. Историски текстови тврдат дека 7.000 робови биле вклучени во изградбата на цистерна[1].

Цистерната е долга 138 метри, широка 65 метри[2] и зазема површина од 9.800 m² со способност да држи 80.000 кубни метри вода. Таванот виси над 336 мермерни столбови, од кои секој е висок по 9 метри и се наредени во 12 редови со реатојание од 5 метри меѓу нив. Главниот архитектонски стил на столбовите е јонскиот и коринтскиот, со исклучок на некои кои наликуваат на дорски стил. Една колона наликува на триумфалната порта на Теодосиј (види: Форум на Теодосиј) од 4 век. Античките текстови укажуваат дека солзите кои течат од столбот оддаваат почит на робовите кои починале за време на изградбата на базиликата цистерна. Поголемиот дел од столбовите се смета дека биле рециклирани од урнатините на стари градби од различни делови од империјата, заедно со оние кои биле користени за изградба на катедралата Света Софија. Овие столбови биле изработени од различни видови на мермер и гранит[1].

Цистерната е опкружена со ѕид кој е дебел 4 метри и обложена со водоотпорен малтер. Водата во цистерната доаѓа од Белградската шума, која се наоѓа на 19 километри северно од градот. Таа минувала низ аквадуктот Валенс и Могловскио аквадукт кои биле изградени во времето на Јустинијан I[1].

Во времето кога Османлиите го освоиле градот, таа продолжила со својата намена, пренасочувајќи го својот тек кон Топкапи-сарај. Базиликата во текот на својата историја доживеала неколку реставрации. Првите поправки започнале во 1723 година, во времето на султанот Ахмед III , а втората во времето на султанот Абдул Хамид II (1876-1909). Пукнатините од ѕидовите и оштетените столбови биле поправени во 1968 година, а реставрација објектот доживееал и во 1985 година кога биле извадени 50.000 тони кал од цистерната.

Од 9 септември 1987 година, објектот е отворен за посетителите.

Денеска, цистерната е една туристичка атракција на градот. Цистерната има добра циркулација на воздухот и покрај тоа што се наоѓа под земјата. Во цистерната се наоѓа еден кладенец, во кој според верувањата доколку се фрли една монета замислената желба ќе биде остварена.

Столбовите на медуза уреди

Во северзападниот дел од цистерната, во основата на два столба се наоѓа ликот на Медуза. Потеклото на овие два столба не е познат, иако се смета дека главите биле дополнително донесени во цистерната во доцноримскиот период. Едната глава на Медуза е поставена странично, а другата е завртена надолу кон подот.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-08-30. Посетено на 2011-11-21.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-12-08. Посетено на 2011-11-21.

Надворешни врски уреди

41°0′29″N 28°58′40″E / 41.00806° СГШ; 28.97778° ИГД / 41.00806; 28.97778