Централна железничка станица (Милано)

главна железничка станица во Милано, Италија

Централната Железничка Станица во Милано (Италијански: Stazione Centrale di Milano или Milano Centrale) — една од главните железнички станици во Европа. Официјално е отворена 1931 година за да ја замени старата железничка станица која била изградена 1864 година, и беше транзитна станица и не можеше да се справи со зголемениот сообраќај поради отворањето на Семпионе тунелот (1906). Кралот Виктор Емануел Трети официјално ја започна изградбата на станицата на 28 Април, 1906 година, уште пред и официјалниот план за изглед на станицата да биде изготвен. Планот на архитектот Улисе Стачини во 1912 година беше усвоен, тој дизајнот го копира од Union Station железничката станица во Вашингтон, по што изградбата на станицата започна. Поради кризата во Италијанската економија за време на првата Светска војна, изградбата продолжи многу бавно, и проектот, кој навидум изгледаше едноставен, претрпе многу измени. Ова се случи кога Бенито Мусолини стана премиер, и сакаше станицата да биде симбол на фашизмот.

Поглед на платформите.

Најголеми промени беа платформата и дизајнот на екстериерот кој беше предложен од Алберто Фава. Изградбата продолжи во 1925 година и на 1 јули 1931 година, станицата беше официјално отворена. Фасадата на станицата е 200 метри широка и 72 метри висока, постојат 24 платформи. Секојдневно, околу 330,00 патници ја користат станицата, која на годишно ниво достига бројка од околу 120 милиони патници. Станицата нема дефинирано некој архитектонски стил, туку е мешавина на неколку видови на архитектура, како Либертизам и Деко. Од страна на Френк Лојд Врајт, беше карактеризирана како една од најубавите железнички станици, заедно со главната Њујоршка железничка станица, Grand Central Terminal. На 25 Септември, 2006 година, официјално е донесена одлука за проект за обнова на станицата вреден 100 милиони евра. Од вкупната сума, околу 20 милиони евра беа одделени за реставрација на "високи уметнички творби", додека останатата сума ќе биде искористена за реставрација на станицата и на терминалната зграда. Проектот вклучува поместување на билетарниците, како и изградба на нови лифтови, со што станицата ќе стана подостапна за инвалидизираните патници.