Централна Африка е средиштен регион во Африка во кој влегуваат Бурунди, ДР Конго, Руанда, Централноафриканската Република и Чад.

Карта на Централна Африка.
Карта на Централна Африка според ООН.

Средна Африка (како географски подрегион на ООН) е сличен географски поим кој ги опфаќа Ангола, Габон, Екваторска Гвинеја, Камерун, ДР Конго, Република Конго, Сао Томе и Принсипе, Централноафриканската Република и Чад.[1] Сите држави во оваа област на ООН, заедно со другите што обично се сметаат за дел од централна Африка (вкупно 11), ја сочинуваат Економската заедница на централноафриканските држави (ECCAS).[2]

Централна Африка ги опфаќа териториите што, главно, му припаѓаат на сливот на реката Конго. Таа опфаќа дел од внатрешниот слив на езерото Чад и непосредниот слив на Атлантскиот Океан. Се простира во екваторскиот појас, така што се одликува со типична екваторска клима, со високи температури (25°С) и голема влажност. Има густа речна мрежа и разновиден растителен свет, главно претставен со непрегледни прашуми и савани, и разновиден животински свет - слонови, мајмуни, птици, влекачи и инсекти.

Стопанство уреди

Главни стопански гранки се земјоделството, шумарството и сточарството. Од земјоделските култури најразвиени се банани, какао, кафе, памук, пченка. Во шумите најзначајни се тиковото, каучуковото и абоносовото дрво. Од сточарството најразвиено е говедарството. Во Централна Африка постојат разни рудни богатства. Најзастапени се: железо, калај, уран, кобалт и дијаманти. Од индустриските гранки најразвиени се прехранбената, дрвната, текстилната и металната индустрија. Густата и полноводната мрежа на реката Конго со притоките е голем енергетски потенцијал и основа за сообраќајната комуникација во Централна Африка.

Демографија уреди

Во централна Африка главно живеат народите од групата Банту. Најзастапени се банту-јазиците, а во некои подрачја се говорат и чадските и нилосахарските јазици. Предоминантна религија во централна Африка е христијанството, кое во некои места се одликува со примеси од народните верувања.

Земји уреди

Земји во Средна Африка (подрегион на ООН) :

Име Главен град Валута Држ. јазици Површина (км2) Население
  Ангола[3] Луанда кванза португалски 1.246.700 15.941.000
  ДР Конго[4] Киншаса конгоански франк француски 2.344.858 71.712.867
  Република Конго[5] Бразавил ЦА франк француски 342.000 4.012.809
  Габон[6] Либрвил ЦА франк француски 267.668 1.384.000
  Екваторска Гвинеја[7] Малабо ЦА франк шпански, француски 28.051 504.000
  Камерун[8] Јаунде ЦА франк француски, англиски 47.442 17.795.000
  Сао Томе и Принсипе[9] Сао Томе саотомска добра португалски 964 157.000
  Централноафриканска Република[10] Банги ЦА франк санго, француски 622.984 4.216.666
  Чад[11] Нџамена ЦА франк француски, арапски 1.284.000 10.146.000

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Макрорегиони и составни делови на светот“. ООН. 2000. Посетено на 16 декември 2007. (англиски)
  2. „Економска заедница на централноафриканските држави“. Africa-Union.org. 2007. Архивирано од изворникот на 2007-12-14. Посетено на 16 декември 2007. (англиски)
  3. „Светска книга на факти: Ангола“. Управа за разузнавање на ЦИА. 15 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2020-05-06. Посетено на 12 јуни 2008. (англиски)
  4. „Светска книга на факти: Конго, Демократска Република“. Управа за разузнавање на ЦИА. 15 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2018-12-28. Посетено на 12 јуни 2008. (англиски)
  5. „Светска книга на факти: Конго, Република“. Управа за разузнавање на ЦИА. 15 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2020-08-31. Посетено на 12 јуни 2008. (англиски)
  6. „Светска книга на факти: Габон“. Управа за разузнавање на ЦИА. 15 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2008-12-10. Посетено на 12 јуни 2008. (англиски)
  7. „Светска книга на факти: Екваторска Гвинеја“. Управа за разузнавање на ЦИА. 15 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2020-08-31. Посетено на 12 јуни 2008. (англиски)
  8. „Светска книга на факти: Камерун“. Управа за разузнавање на ЦИА. 15 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2020-05-15. Посетено на 12 јуни 2008. (англиски)
  9. „Светска книга на факти: Сао Томе и Принсипе“. Управа за разузнавање на ЦИА. 15 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2015-09-18. Посетено на 12 јуни 2008. (англиски)
  10. „Светска книга на факти: Централноафриканска Република“. Управа за разузнавање на ЦИА. 15 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2019-05-07. Посетено на 12 јуни 2008. (англиски)
  11. „Светска книга на факти: Чад“. Управа за разузнавање на ЦИА. 15 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2020-04-24. Посетено на 12 јуни 2008. (англиски)

Надворешни врски уреди

|