Цвикау (германски: Zwickau) — град во Германија, поранешно седиште на административен округ во југозападниот дел на покраината Саксонија, припаѓа на индустриски и економски регион. Сега е главен град на истоимениот округ. Градот се наоѓа во долина на подножјето на планините Рудните Планини и исто така е дел од метрополитенската област Саксонски Триаголник, економска област која ги поврзува Лајпциг-Хале и Дрезден. Градот има малку помалку од 100.000 жители, но областа околу него е населен со близу половина милион луѓе.

Цвикау
Панорама на главниот плоштад
Панорама на главниот плоштад
Панорама на главниот плоштад
Грб на Цвикау
Цвикау во рамките на Германија
Цвикау
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Цвикау
Градски единици 5 урбани делови и 35 единици
Градоначалник Пија Финдајс (СДП)
Основни податоци
Површина 102,54 км2
Надм. височина 241−444 м
Население 87.516 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 853 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. Z
Пошт. бр. 08001–08067
Повик. бр. 0375
Портал www.zwickau.de
Местоположба на градот Цвикау во рамките на округот Цвикау
Карта
Карта
Координати 50°43′8″N 12°29′46″E / 50.71889° СГШ; 12.49611° ИГД / 50.71889; 12.49611

Градот е лесно пристапен преку блиските автопати А4 и А72. Градот има главна железничка станица и исто така може да се пристапи кон него преку јавниот аеродром, но само за помали авиони.

Цвикау, познат како град на автомобилите и Роберт Шуман, е лулка на саксонската автомобилска индустрија со над стогодишна традиција. Градот има долга историја во автомобилскиот развој и автомобилската индустрија заедно со Auto Union. Добро познати трговски марки и надвор од границите на Германија се Хорх, Ауди, Трабант и Фолксваген. Западносаксонската висока школа Цвикау (Westsächsische Hochschule Zwickau) отсекогаш се сметал за важен центар за автомобилски развој.

Долината на реката Цвикауер Мулде од 166 километри се протега од Фогтланд до познатиот замок Колдиц. Сребрениот пат, најдолгата туристичка патека во Саксонија, го поврзува Дрезден со Цвикау.

Кратка историја уреди

 
Градското собрание, главната фасада од 1866-67 година и порано.
 
Реката Цвикауер Мулде во Цвикау

Градот Цвикау има скоро 900-годишна историја. Уште во почетокот на XIV век се започнало со обработка на сурова руда. Поради резервите на сребро во Рудните Планини, цвикау се развил во XV и XVI век и пораснал во важен економски и културен центар на Саксонија.

По Витенберг станал првиот град во Европа, кој ѝ се приклучил на лутеранската Реформација. Во XIX век, економијата на градот била водена од индустриската обработка на рудата. Стариот град на Цвикау, вгнезден на рид, е опкружен со мали височинки со големи шуми и сценски општински парк. Неговата околина нуди многу можности за излети - во областа Хартенштајн, на пример со неговиот замок Штајн и Принценхеле, со неговиот замок Волфсбрун (денес хотел со пет ѕвезди), како и Ауерсберг (1.019 метри) со омилениот зимски центар Јохангеоргенштат и Фогтланд.

Стариот град и катедралата и Gewandhaus (историска сала на трговците) можат да ве навратат во црковниот, трговскиот и уметничкиот живот на 16 век, кој бил заснован на среброто од Шнеберг. Цвикау бил еден од центрите на саксонските рудници за јаглен и во исто време еден од најважните индустриски градови во покраината. Се смета за лулка на саксонската автомобилска индустрија.

Кога ќе се смири вревата од продавниците, може да се слушне музиката на Роберт Шуман (1810–1856), која е специјален културен настан на уметност и историја за сите посетители на градот.

На 17 април 1945 Втората светска војна завршила за Цвикау, кога градот бил окупиран од американската армија. По повлекувањето на американската војска на 30 јуни 1945 година, Цвикау бил окупиран од советската Црвена армија. Помеѓу 1944 и 2003, населението во градот изнесувало над 100.000 жители.

Денес, најголемиот работодавач во регионот е Фолксваген кој ги произведува моделите на Голф, Пасат и Фетон во фабриката во Цвикау-Мозел.

Ауди заедно со градот Цвикау управува со музејот Август Хорх во поранешните фабрики на Ауди.

Соседни општини уреди

Цвикау се граничи со Милзен, Рајнсдорф, Вилкау-Хаслау, Хиршфелд, Лихтентане, Вердау, Нојкирхен, Кримичау, Денхериц и градот Глаухау.

Припојувања уреди

  • 1895: Пелбиц
  • 1902: Маринтал
  • 1905: Екерсбах
  • 1922: Вајсенборн
  • 1 јануари 1923: Шедевиц
  • 1939: Бранд и Боква
  • 1 јануари 1944: Оберхондорф и Планиц (со Оберпланиц, Нојпланиц и Нидерпланиц)
  • 1 февруари 1953: Ауербах, Пелау и Нидерхондорф
  • 1 јули 1993: Хартмансдорф
  • 1 април 1996: Ротмансдорф
  • 1 октомври 1996: Кросен (со четири општини на 1 јануари 1994 Шнепендорф)
  • 1 јануари 1999: Кајнсдорф, Мозел, Оберотенбах и Шлунциг

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
14623.900—    
15397.677+96.8%
16402.693−64.9%
17233.753+39.4%
18004.189+11.6%
18409.740+132.5%
186120.492+110.4%
187127.322+33.3%
187531.491+15.3%
189044.198+40.4%
190055.825+26.3%
190568.502+22.7%
191073.542+7.4%
192580.358+9.3%
193384.701+5.4%
193985.198+0.6%
1946122.862+44.2%
1950138.844+13.0%
1960129.138−7.0%
1972124.796−3.4%
1981121.800−2.4%
1986120.900−0.7%
1997102.100−15.6%
2002100.892−1.2%
200697.232−3.6%

Историја уреди

 
Црква Света Катарина

Областа околу Цвикау била населена од Словените уште во почетокот на VII век. Името Цвикау најверојатно е германизирано од лужичкиот топоним Šwikawa, кој е изведен од „Svarozič“, словенскиот бог на сонцето и огнот. Во X век, германските племиња почнале да пристигнуваат и домородните Словени биле христијанизирани. Трговско место познато како terretorio Zcwickaw било спомнато во 1118 година. Населбата добила статус на град во 1212 и била дом на Францисканците и Цистецијанците во текот на 13 век. Цвикау бил слободен царски град од 1290–1323, но подоцна бил доделен на Грофовијата Мајсен. Иако рударството во регионот започнало во 1316, позабележителното откопување се зголемило со откривањето на среброто на Шнеберг во 1470 година.

Помеѓу деветте цркви опстојала и готската црква Света Богородица (1451–1536), со купола од 87 метри висока и ѕвоно тешко 51 тон. Црквата содржи олтар со резби, осум слики од Михаел Волгемут и прекрасна „pietà“ од Петер Бројер.

Доцно готската црква Света Катарина има дел од олтарот на Лукас Кранах Постариот и е позната по тоа дека Томас Минцер некогаш бил свештеник тука (1520–22). Од секуларните градби, најпозната е градското собрание, започнато во 1404 година и обновено неколкупати оттогаш. Градските архиви вклучуваат документи од XIII век.

На 8 јуни 1810 година, пијанистот и композиторот Роберт Шуман е роден во Цвикау.

Стопанство уреди

Производството на Трабант било прекинато по повторното обединување на Германија, но Фолксваген изградил нова фабрика и Заксенринг сега е снабдувач за автомобилската индустрија. Денес, седиштето на Фоксваген-Саксонија (подружница на Фолксваген) се наоѓа во северниот дел на Цвикау.

Образование уреди

Цвикау е дом на Западносаксонската висока школа Цвикау со околу 5.200 студенти и два кампуси во околината на Цвикау.

Сообраќај уреди

Цвикау е поврзан со автопатот А72 (Хемниц-Хоф) јужно од градот и А4 (Дрезден-Ерфурт) 15 километри северно од градот.

Главната железничка станица Цвикау се наоѓа на линијата Дрезден-Вердау, која ги поврзува Нирнберг и Дрезден. Постојат и железнички врски со Лајпциг, како и Карлови Вари и Хеб во Чешка.

Најблизок аеродром е Лајпциг-Алтенбург со многу ограничен број на летови од нискобуџетниот превозник Ryan Air. Други поголеми аеродроми се Лајпциг-Хале и Дрезден со голем број домашни и странски летови.

Музеи уреди

 
Родната куќа на Роберт Шуман, сега музеј на Хауптмаркт 5

Во центарот на градот постојат три музеи: уметнички музеј од XIX век и куќи на свештеници од XIII век, обата сместени до црквата Света Богородица. Веднаш на аголот е куќата-музеј на Роберт Шуман. Музеите нудат различни збирки посветени на историјата на градот, како и одредени геолошки, минеролошки и палеонтолошки збирки со примероци од градот и блиските Рудни Планини и музика на романтичната школа.

Цвикау е исто така родно место на Роберт Шуман. Куќата каде е роден во 1810 година сè уште постои на главниот плоштад. Во нејзе се наоѓа музеј посветен на Шуман.

Историјата на автомобилската фабрика Хорх е прикажана во музејот Август Хорх, почетна точка на ERIH, Европската патека на индустриското наследство.

Познати жители уреди

Збратимени градови уреди

Наводи уреди

  1. „Тековно население по општини во 2020 г.“. Статистичка служба на Саксонија. јуни 2020. (германски)

Надворешни врски уреди