Хуан Антонио Флеча

друмски велосипедист

Хуан Антонио Флеча Џанони (шпански: Juan Antonio Flecha Giannoni; р. 17 септември 1977 во Хунин, Аргентина) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој настапувал помеѓу 2000 и 2013 година [1] Флеча имал углед на специјалист за класици[2] и на агресивен возач, бидејќи често учествува во бегствата.[3] Негови најголеми победи се етапа на Тур де Франс 2003, успесите на два згаснати класици Цири-Мецгете и Џиро дел Лацио во 2004 и Омлоп Хет Ниувсблад во 2010. Исто така е познат по бројните негови високи пласман на важните еднодневни трки, најмногу на Париз-Рубе, каде седум пати завршувал во првите десет без да забележи победи. На големите трки, често бил назначуван како помошник на некој друг возач.

Хуан Антонио Флеча
Флеча во 2012 година
Лични податоци
Цело имеХуан Антонио Флеча Џанони
ПрекарШпанскиот Фламанец
Ван дер Флеча
Јан Антон Пејл
Роден17 септември 1977(1977-09-17)(46 г.)
Хунин, Аргентина
Висина1,81 м
Маса72 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици
Професионални клубови
2000–2001
2002–2003
2004–2005
2006–2009
2010–2012
2013
Релакс-Фуенлабрада
иБанесто.com
Фаса Бортоло
Рабобанк
Тим Скај
Вакансолел-ДКМ
Значајни победи
Тур де Франс, 1 етапа
Цири-Мецгете (2004)
Сиркут Франко-Белж (2008)
Омлоп Хет Ниувсблад (2010)

Ран живот уреди

Флеча ги поминал првите години од неговиот живот во Аргентина. На четиригодишна возраст го изгубил таткото, кој умрел во автомобилска несреќа. Се преселил со неговата мајка во Шпанија, кога имал единаесет години, каде живееле во Сиџес, близу Барселона.[4]

Кариера уреди

 
Хуан Антонио Флеча на Тур де Франс 2005 со Фаса Бортоло

Стекнал слава во 2003, кога станал првиот возач роден во Аргентина, кој освоил етапа на Тур де Франс, додека возел за иБанесто.com. Кога поминувал низ целта извел уникатен победнички поздрав: со пантомима отпуштил стрела во чест на неговото презиме. По трката изјавил: „Мојата победа е специјална и ми припаѓа мене и никому друг!“[5]

Во 2004 се нашол во улога на ководач во италијанската екипа Фаса Бортоло на класиците и еднодневните трки, со добри резултати на трките Трката околу Фландрија, Париз-Рубе и Лиеж-Бастон-Лиеж и победи на Цири-Мецгете и Џиро дел Лацио. Често го споделувал водството во екипата со швајцарскиот возач Фабијан Канчелара, со кого велел дека соработува многу добро. На Цири-Мецгете победил во спринт од 30 луѓе пред Италијанецот Паоло Бетини.[6] Оваа победа му помогнала да дојде до петтото место во Светскиот друмски куп UCI 2004, пласман каде се сметале резултатите од десет големи трки.[7]

Следната сезона со Фаса Бортоло во 2005 го довела Флеча во контроверзни завршници на Гент-Вевелгем, каде се борел до последната секунда. Нико Матан од Давитамон-Лото ја нападнал водечката група на 9 километри пред крајот и само Флеча и Баден Кук (Франсес де же) имале сила да го следат. Потоа, Флеча започнал сопствен напад, со што другите двајца отпаднале. Изгледало како да е сè решено, кога Матан стигнал со него во последниот километар користејќи ја заветрината од автомобилите на трката, што не е дозволено и го победил Флеча на целта.[8] Неколку дена подоцна, завршил на третото место на Париз-Рубе, потврда на неговите вештини на класиците со калдрма. Влегол на велодромот во Рубе со Том Бонен и Џорџ Хинкапи, но неговата спринтерска брзина не била доволна за победа.[9] Возачот на Еускалтел-Еускади Егои Мартинес изјавил во интервју дека за време на трка „треба да се има глава и став како оној на Хуан Антонио Флеча“, во однос на неговата посветеност и позитивен став кон тркањето.[10]

Кога екипата Фаса Бортоло се распаднала во сезоната 2005, Флеча се преместил во холандската екипа Рабобанк. Во 2007, Флеча завршил втор на престижната трка Париз-Рубе, победувајќи во спринтот помеѓу четворица возачи, кои го бркале победникот, Австралиецот Стјуарт О’Грејди (Тим ЦСЦ).

2008 уреди

На Вуелта а Еспања, Флеча ја прикажал неговата смисла за хумор, откако зел американско знаме и возел со него околу 200 метри.[11] Во октомври ја освоил првата победа откако се приклучил на екипата Рабобанк на трката Сиркут Франко-Белж. Бил четврти на 18 секунди пред последната етапа,[12] која била одржана на силен дожд и ниски температури. Тој се одвоил од групата од 24 возачи со Себастјен Роселер од Квик Степ и завршил на второто место на етапата, правејќи доволна разлика помеѓу него и поранешниот водач Јирген Рулантс (Сајленс-Лото), со што го освоил генералниот пласман.[13]

2009 уреди

Флеча го освоил третото место на подиумот на Омлоп Хет Ниувсблад. Тој бил дел од групата кои биле зад двајцата бегалци Хајнрих Хауслер (Сервело ТестТим) и Себастијан Лангевелд (Рабобанк) во последните метри, откако двоецот не сакал да соработува. Колегата на Хауслер Тор Хушовд го освоил спринтот, а Флеча завршил трет при пад кој се случил на крајот, во кој биле вешани Лангевелд и Филипо Поцато (Катјуша).[14] На третата етапа на Париз-Ница бил поминат од Силвен Шаванел и го освоил второто место, додека бил дел од бегство на седуммина возачи.[15] Флеча учествувал на класикот на калдрма Париз-Рубе и бил во добра позиција за победа, откако се нашол во водечката група со пет возачи, Том Бонен, Леиф Хосте, Тор Хушовд, Филипо Поцато и Јохан ван Сумерен. Околу 15 километри пред велодромот во Рубе, Флеча доживеал пад на една кривина, на најтешкиот дел од трката. Тој не можел да им се придружи на водечките и завршил шести, додека Бонен победил на трката.[16] Повторно без победи во сезоната 2009, Флеча ја одбил новата понуда од екипата Рабобанк. Чувствувал дека е време за нов предизвик.

2010 уреди

„Жилбер нападна, јас бев зад него и во автомобилот рекоа „Оди!“ Не гледав назад во последните 100 метри (пред целта). [...] Многу е емоционално за мене. Јас чукав на вратата многупати и понекогаш, како денес, се покажува дека треба да се обидуваш и еден ден ќе дојде. Победата дојде на убав, убав начин.

Хуан Антонио Флеча по победата на Омлоп Хет Ниувсблад 2010.[17]

Од 2010 возел за новата екипа Тим Скај. На почетокот на сезоната учествувал во победата на екипата на екипниот хронометар на Трката околу Катар.[18] Ја остварил својата прва поголема победа на еднодневната трка Омлоп Хет Ниувсблад со неговата нова екипа, станувајќи првиот Шпанец, кој победил на трката. Тој го нападнал Филип Жилбер на делницата со калдрма пред неговото бегство на 20 километри до целта. Ја посветил победата на неговата екипа и неговиот поранешен колега Франк Ванденбрук, кој умрел трагично во октомври 2009.[19] Во март завршил на подиум на трката Е3 Харелбеке зад соперниците од класиците Том Бонен и Фабијан Канчелара. Тројцата се одвоиле на повеќе од 25 километри до целта и соработувале со цел да ја држат на растојание главата група, додека Канчелара не започнал сопствен напад на 2 километри пред целта и ја освоил трката со голема разлика. Флеча бил отспринтан од Бонен за второто место.[20] Две недели подоцна на Париз-Рубе, го зазел повторно третото место по бегството со Тор Хушовд во безуспешен напад за достигнување на Канчелара. Канчелара бил напред недопирлив цел ден, додека брзината на Хушовд била пребрза за Флеча на целта.[21] Том Бонен бил вознемиран бидејќи Флеча и целата група не успеале да го достигнат Канчелара и коментирал за тоа, откако не ги следел Флеча и Хушовд кога нападнале.[22]

Флеча заминал на Тур де Франс како помошник на неговиот водач Бредли Вигинс, кој се борел на планините и завршил 24. на крајот.[23] Меѓутоа, Флеча ја добил наградата за борбеност на етапата 13, благодарение на долгото бегство со Пјерик Федриго од Ббокс Буиг Телеком и возачот на Квик Степ Силвен Шаванел. Триото било достигнато во подножјето на последното искачување.[24]

2011 уреди

 
Флеча на Тур де Франс 2011

На краткиот пролог од 2,5 километри на Трката околу Катар, Флеча го фатило паника кога ветер однел некои од металните бариери кога тој ја поминувал целта. Успеал да остане на тркалата, откако вешто преминал низ бариерите.[25] И покрај незгодата го освоил четвртото место на етапата,[26] и подоцна четврто место на целата трка, 26 секунди зад Марк Реншо (ХТЦ-Хајроад).[27] Во февруари, Флеча сакал да ја повтори неговата победа од 2010 на Омлоп Хет Ниувсблад. Во влажни услови се одвоил од групата на околу 30 километри пред крајот и го достигнал единствениот велосипедист пред него, возачот на Рабобанк Себастијан Лангевелд. Флеча започнал напад на 5 километри пред крајот, но Лангевелд до достигнал. Двајцата се бореле до крајот, но Лангевелд ги одбивал да биде напред и Флеча отишол дотаму што се качил на тротоарот за да го принуди соперникот да поработи малку на чело. На крајот, Лангевелд бил подобар за неколку сантиметри на целта.[28]

На деветтата етапа на Тур де Франс 2011, Флеча бил вмешан во драматичната несреќа, откако бил удрен од автомобил на француската телевизија, предизвикувајќи другиот член на бегството, Џони Хогерланд да заврши во бодликавата жица покрај патот. Имал повреди на неговиот лакот, но ја завршил етапата. Му била доделена наградата за борбеност со Хогерланд за таа етапа.[29]

2012 уреди

На почетокот на годината, Флеча го освоил третото место на Трката околу Катар, благодарение на добриот пласман на четвртата етапа, која била единствена која не завршила со масовен спринт.[30] Назад во Европа, завршил трет на Омлоп Хет Ниувсблад, забележувајќи место на подиумот четврта година по ред на овој класик. Го следел силниот напад на возачот на Гармин-Шарп Сеп Ванмарке на секторот со калдрма „Ланге Мунте“ со Том Бонен. Флеча се обидел во последните километри, но бил поминат од двоецот, а Ванмарке ја освоил трката.[31] Морал да се повлече од Тирено-Адријатико поради фрактура на раката, здобиена во тренинг.[2]

 
Флеча на Париз-Рубе 2012

Оздравел на време и учествувал на Париз-Рубе, надевајќи се на победа, откако шестпати во последните седум години завршил во првите десет на класикот, без ниедна победа. Тој бил дел од малата група вклучувајќи го неговиот колега Метју Хејман, кои се обиделе да го достигнат Том Бонен во неговото соло бегство, кое го отпочнал на 53 километри пред целта, но не можеле да стигнат до него. Влегол на велодромот во Рубе со уште двајца членови на бегството, но двајца други возачи им се приклучиле во последниот километар на самиот велодром. По спринтот, Флеча завршил на четвртото место на трката.[32] Флеча постигнал добар резултат во јуни со четвртото место на главно рамната Стер ЗЛМ Тур. Неговиот колега Марк Кевендиш ја освоил трка.[33]

На Вуелта а Еспања, Флеча возел како поддршка на неговиот водач, Крис Фрум. На етапата 13 се одвоил со други шест возачи. Бегството успеало и Флеча завршил трет, четири секунди зад Стив Камингс од екипата Аксент.џобс-Вилемс Веранда. Ја освоил наградата за борбеноста за оваа етапа.[34]

Флеча го напуштил Тим Скај на крајот на годината и потпишал едногодишен договор со Вакансолел-ДКМ за 2013.[35] Изјавил дека промената на екипите ќе му пружи поголема слобода за напад и помалку ќе си ги ускратува личните амбиции, како што било случај во Тим Скај.[36]

2013 уреди

Првите значајни резултати на Флеча во сезоната 2013 стигнале на трката Гент-Вевелгем, кога нападнал рано на 80 километри пред крајот. Бил дел од водечката група, кога Петер Саган сам заминал кон победа и го зазел петтото место во завршниот спринт составен од девет возачи.[37] Во априлт, холандскиот весник Volkskrant објавил статија, каде Флеча е обвинет дека примал трансфузии на крвта со докторот Еуфемијано Фуентес. Весникот навел дека возач заведен под код „Класикомано“ и „33“ во случајот Операција Пуерто е Флеча.[38] Флеча ги отфрлил обвинувањата и неговата екипа застанала зад него и ветила дека ќе истражува понатаму.[39]

Повлекување уреди

Во октомври 2013, Флеча објавил дека ќе се повлече на возење по Трката околу Пекинг 2013.[1]

Достигнувања уреди

2001
1. Етапа 4 Вуелта а Арагон
1. Етапа 3 Еускал Бициклета
2002
4. Класика Примавера
2003
1. Етапа 11 Тур де Франс
3. Џиро дел Лацио
2004
1. Цири-Мецгете
1. Џиро дел Лацио
5. Светски куп UCI
5. Краен пласман Трка околу Луксембург
7. Курне-Брисел-Курне
7. Гент-Вевелгем
2005
1. Етапа 4 Волта а ла Комунитат Валенсијана
2. Гент-Вевелгем
3. Париз-Рубе
4. ГП ди Прато
9. HEW Класик
2006
2. ГП Уест-Франција
4. Париз-Рубе
4. Брабант Пејл
5. Краен пласман Трка околу Луксембург
7. Краен пласман Енеко Тур
2007
2. Париз-Рубе
2. Омлоп Хет Ниувсблад
2008
1. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
3. Трка околу Фландрија
3. Брабант Пејл
2009
3. Омлоп Хет Ниувсблад
6. Париз-Рубе
6. Краен пласман Енеко Тур
2010
1. Омлоп Хет Ниувсблад
3. Е3 Харелбеке
3. Париз-Рубе
8. Страде Бјанке
Тур де Франс
  Етапа 13
2011
2. Омлоп Хет Ниувсблад
4. Краен пласман Трка околу Катар
9. Париз-Рубе
Тур де Франс
  Етапа 9
2012
2. Краен пласман Тур де л’Еурометропол
3. Краен пласман Трка околу Катар
3. Омлоп Хет Ниувсблад
4. Париз-Рубе
4. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
Вуелта а Еспања
  Етапа 13
2013
5. Гент-Вевелгем
6. Краен пласман Трка околу Данска
8. Париз-Рубе
Тур де Франс
  Најборбен возач на етапа 12
Вуелта а Еспања
  Најборбен возач на етапа 16

Резултати на монументите уреди

Оваа табела ги прикажува резултатите на Хуан Антонио Флеча на петте велосипедски монументи.

Година Милано-Санремо Трка околу Фландрија Париз-Рубе Лиеж-Бастон-Лиеж Џиро ди Ломбардија
2002 34. 43. 40. 38.
2003 64. 34. 25. 81. 18.
2004 12. 13. 118. СО
2005 12. 3. СО
2006 40. 12. 4. 85. СО
2007 39. 52. 2. СО
2008 41. 3. 12.
2009 29. 30. 6.
2010 18. 34. 3.
2011 76. 11. 9.
2012 20. 4.
2013 72. 21. 8. 13

СО = се откажал

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Хуан Антонио Флеча ќе се повлече на крајот на сезоната по 12 години професионална кариера“. Sky Sports. Посетено на 9 октомври 2013.
  2. 2,0 2,1 „Флеча сè уште цели на Париз-Рубе и покрај фрактурата на раката“. Velo Nation. Velo Nation LLC. 13 март 2012. Посетено на 25 септември 2012.
  3. „Флеча преагресивен со над 15 напади!“. Training Peaks. Peaksware LLC. 19 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2012-06-05. Посетено на 25 септември 2012.
  4. Вилијам Лозито. „Профил на велосипедист: Хуан Антонио Флеча“. Sport QA. Sportqa, Inc. Архивирано од изворникот на 2017-08-04. Посетено на 25 септември 2012.
  5. „Хуан Антонио Флеча - „Моја и никому друг!". Cyclingnews.com. Future plc. јули 2003. Посетено на 7 октомври 2014.
  6. Џес Џонс (22 август 2004). „Флеча изненади“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 30 септември 2012.
  7. „2004 World Cups“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 30 септември 2012.
  8. Neal Rogers (6 април 2005). „Mattan takes a messy Ghent-Wevelgem“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. Посетено на 28 септември 2012.
  9. Anthony Tan (10 април 2005). „Boonen does the double“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 30 септември 2012.
  10. Ернан Алварез Масијас (25 март 2005). „An interview with Juan Antonio Flecha, March 25, 2005“. Cycling News. 2006 - 2008 Future Publishing Limited. Посетено на 8 август 2012.
  11. „Juan Antonio Flecha vole un drapeau américain“. Koreus (француски). Koreus. Посетено на 25 септември 2012.
  12. „Белгискиот првак спринта за етапна победа и водство“. Cycling News. Future Publishing Limited. 4 октомври 2008. Посетено на 23 септември 2012.
  13. Бјорн Хаке (5 октомври 2008). „Escapers share the glory“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 23 септември 2012.
  14. Бјорн Хаке (28 февруари 2009). „64. Омлоп Хет Ниувсблад“. CyclingNews. Future Publishing Limited. Посетено на 2 февруари 2013.
  15. „Париз-Ница Етапа 3: Шаванел победи, Контадор се спушта на 6. место“. RoadCC. Farrelly Atkinson Ltd. 10 март 2009. Посетено на 2 февруари 2013.
  16. Тони Фарели (12 април 2009). „Бонен победи на драматичниот Париз-Рубе 2009, но 10 повредени откако мотор удри во навивачите“. Road.cc. Farrelly Atkinson Ltd. Посетено на 22 септември 2012.
  17. „Омлоп Хет Ниувсблад 2010 - Интервју Флеча“. CyclingFever.com. CyclingFever. Посетено на 25 септември 2012.
  18. Стивен Фаранд (7 февруари 2010). „Dominant start for Sky in Qatar team time trial“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 24 септември 2012.
  19. „Juan Antonio Flecha wins Omloop Het Nieuwsblad“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. 27 февруари 2010. Архивирано од изворникот на 2012-10-19. Посетено на 31 август 2012.
  20. Брехт Декалуве (27 март 2010). „Канчелара го освоил Е3 Харелбеке“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 13 август 2012.
  21. Gregor Brown (11 април 2010). „Flecha claims third in Sky's debut at Paris-Roubaix“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 24 септември 2012.
  22. „Paris-Roubaix: Boonen upset with Pozzato, Flecha and Hushovd“. Velo Nation. Velo Nation LLC. 11 април 2012. Посетено на 24 септември 2012.
  23. „Tour win in five years the stated objective“. Тим Скај. Тим Скај. Посетено на 24 септември 2012.[мртва врска]
  24. Simon MacMichael (18 јули 2010). „Tour de France Stage 13: "Clean" Vino back on form as race heads for Pyrenees“. Road cc. Farrelly Atkinson Ltd. Посетено на 24 септември 2012.
  25. „Flecha near miss at the 2011 Tour of Qatar“. Frequency.com. Frequency. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 25 септември 2012.
  26. Бери Рајан (6 февруари 2011). „Boom blasts to victory“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 25 септември 2012.
  27. „Трка околу Катар 2011“. Velo Wire. 2002–2012, Thomas Vergouwen. Посетено на 25 септември 2012.
  28. Brecht Decaluwé (27 февруари 2011). „Лангевелд победи на Омлоп Хет Ниувсблад“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 31 август 2012.
  29. Julien Pretot (10 јули 2011). „Tour riders outraged after 'reckless driving' leads to crash“. National Post. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  30. „Трка околу Катар, Резултати од генералниот пласман“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. 10 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-15. Посетено на 29 септември 2012.
  31. Џејмс Старт (25 февруари 2012). „Сеп Ванмарке ја освоил неговата најголема победа на Омлоп Хет Ниувсблад“. Bicycling.com. Bicycling. Посетено на 29 септември 2012.
  32. „Tom Boonen Powers to Fourth Paris-Roubaix Victory, Equals Record“. AFP/Bicycling.com. Bicycling.com. 8 април 2012. Посетено на 14 август 2012.
  33. „Резултати од Стер ЗЛМ Тур 2012“. RoadCycling. 2009–2012 RoadCycling.co.nz Ltd. Посетено на 29 септември 2012.
  34. Бери Рајан (31 август 2012). „Камингс соло до победа во Ферол“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 31 август 2012.
  35. „Флеча го напушта Скај за Вакансолел“. Cycling News. Future Publishing Limited. 20 август 2012. Посетено на 21 август 2012.
  36. „Flecha happy with leadership role at Vacansoleil in 2013“. Cycling News. Future Publishing Limited. 9 јануари 2013. Посетено на 9 јануари 2013.
  37. „Петер Саган победи на еднодневниот класик Гент-Вевелгем во стил“. BBC Sports. BBC. 24 март 2013. Посетено на 26 март 2013.
  38. Предлошка:Du Robert-Jan Friele (3 април 2013). „Juan Antonio Flecha was klant van dopingarts Fuentes“. Volkskrant. VOLG Volkskrant.nl. Посетено на 4 април 2013.
  39. Брехт Декалуве (3 април 2013). „Вакансолел го брани Флеча против наведените врски со Операција Пуерто“. Cyclingnews. Future Publishing Limited. Посетено на 4 април 2013.

Надворешни врски уреди