Христијанството во Коморите

Христијанството во Коморите е малцинска религија. Во државата има околу 4.300 Римокатолици, или 0.5% од населението. Покрај нив, во државата има околу 1.678 Протестанти или 0.25%. Во Морони има Римокатоличка црква и според податоците има барем еден адвентистички храм.

Карта на континенти

Слобода на верско изразување и прогон на Христијаните уреди

Теоретски државата гарантира слобода на верско изразување, но во реалноста Христијаните кои јавно ја искажуваат својата религија се предмет на дискриминација и лишење од основните човекови права, што од самата државата, што од самото општество. Во 2006 година биле уапсени 4 лица во главниот град. Религиските заедници не може да се регистрираат во државата, а мисионерите не можат да ги обавуваат своите задачи, освен оние хуманитарните.

Самиот закон во државата вели дека тој кој проповедува друга религија освен Исламот ќе биде затворен. Ова ја прави државата со слаб индекс на демократија, почитување на основните човекови права и ја става во групата на земји каде се прогонуваат религиските заедници кои се малцинство.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди