Хоплит е тешко вооружен оклопник во раноантичката пешадија во хеленскиот свет. Хоплитите го претставувале најсилниот дел на армијата. Ваков вид на војници за првпат се појавиле најверојатно во осмиот век пред нашата ера. Тие биле некој вид на градска милиција. Речиси сите познати личности во античко време во својот живот војувале како хоплити.

Хоплит вооружен со копје и штит

Хоплитите не примале плата за својата служба, најчесто го одржувале јавниот ред.

Опрема уреди

Хоплитот типично располагал со следнава опрема:

  • заштита за градите
  • бронзени шлем со заштитни плочки за лицето
  • метална заштита за потколениците и колениците
  • дрвен штит наречен аспис.

Главно оружје било копје со дожина од 2.7 м. Копјето не било погодно за блиска борба па поради тоа Хоплитите носеле меч наречен хифос, долг околу 60 см за блиска борба.

Останатата пешадија носела многу полесен оклоп и била наоружана со пократки копја и стрели. Штитовите исто така биле помали.

Тактика

 
Марш на Хоплити во битка.