Хоншу (јапонски: 本州 = „главен крај“) е најголемиот остров во Јапонија, кој се нарекува уште и јапонско копно. Се наоѓа јужно од Хокаидо преку преминот Цугару, северно од Шикоку и североисточно од Кјушу преу преминот Канмон. Тој е седмиот најголем остров и вториот најнаселен во светот по островот Јава во Индонезија.

Хоншу
Познат и како 本州
Хоншу
Географија
МестоИсточна Азија
АрхипелагЈапонски Архипелаг
Површина227.962,59 км2
Подреденост по површина7.
Должина1.300 км
Ширина50–230 kм (160,000–750,000 ст)
Брегова линија5.450 км
Највисоко издигнување3.776 м
Највисока точкаФуџи
Управување
Јапонија
Најголема населбаТокио (pop. 12,570,000)
Демографија
Население103,000,000 (попис 2005)
Густина447 /km2 (1.158 /sq mi)
Етнички групиЈапонци

Островот е долг приближно 1.300 км и се протега од 50 до 230 км во ширина, а неговата вкупна површина е 230.500 км2, и зафаќа околу 60% од вкупната површина на Јапонија. Хоншу има брег долг 5.450 км.

Хоншу е планинско-вулкански остров на кој има чести земјотреси. Најголемиот врв е активниот вулкан Фуџи, висок 3.776 м. Има многу реки, вклучувајќи ја и најдолгата јапонска река Шинано. Климата е варијабилна - од ладниот север до суптропскиот југ.

Бројот на населението изнесува 103.000.000 жители и е највеќе сконцентрирано во низините, особено во низината Канто. На Хоншу се наоѓаат најголемите јапонски градови: Токио, Кјото, Осака, Кобе, Хирошима, Сендај и Нагоја. Островот е поделен на пет региони и содржи 34 области, вклучувајќи го и Токио.