Холокe (унгарски: Hollókő) е палочко[1] (денеска етнографско) село во унгарскиот округ Ноград, оддалечено околу 91 километар од главниот град Будимпешта. Сместено е во долина под ниската планинска верига Черхат. Во 2001 година имало население од 387 луѓе на подрачје од 5.18 км2 (74.7 жители на км2). Негов поштенски број е 3176, а позивен број 32.

Старото село Холоке и неговата околина
светско наследство на УНЕСКО
Холооку
КритериумКултурно: v
Навод401
Запис1987 (11th заседание)

Неговото име на унгарски значи „камен гавран“. Својот развој го доживува во текот на 17 и XVIII век, а УНЕСКО во 1987 го прогласува за Светско културно наследство.

Куќите во селото се сместени една до друга сè до главната улица. Имаат камени темели и по неколку простории во низа: спална соба, кујна и трпезарија. Во селото има 58 куќи, неколку музеи, (Бабамузеум или музеј на куклите, сеоски музеј или Фалумузеум и Поштамузеум) католичка црква и замок Холооку, изграден во 13 век.

Секoj последен викед во јули се одржува палочкиот фолклорен фестивал (Palóc Szőttes Fesztivál), a во втората недела на октомври се одржува винската парада.

Галерија уреди

Белешки уреди

  1. Палочите се подгрупа на Унгарците.

Надворешни врски уреди