Хипотенуза е најдолгата страна на еден правоаголен триаголник, страната наспроти правиот агол. Должината на хипотенузата на правоаголниот триаголник може да се пронајде со помош на Питагорината теорема, која вели дека должината на хипотенузата дигната на квадратот е еднаков на збирот од квадратите од другите две страни.

Правоаголен триаголник со хипотенуза h и катети a и b.

На пример, ако една од другите страни е долга 3 м (на квадрат, тоа е 9 м2) и другата е долга 4 м (на квадрат, тоа е 16 м2). Збирот на нивните должини на квадрат изнесува 25 м2. Должината на хипотенузата е квадратен корен од овој збир, или 5 м.

Пресметување на хипотенузата уреди

Должината на хипотенузата обично се пресметува по пат на квадратна функција по очигледен начин. Следнава формула користи x и y, наместо c1 и c2 за се избегнат подзнаците:

Со математички запис

 

Некои научни калкулатори имаат функција за претворање на правоаголните координати во поларни. Кога на калкулаторот ќе му се зададат x и y, тој истовремено ја пресметува должината на хипотенузата и аглите кои таа ги образува со основната линија (c1 погоре).

Поврзано уреди

Белешки уреди

Наводи уреди