Хернхут (германски: Herrnhut, горнолужички: Ochranow; чешки: Ochranov) — град во округот Герлиц, во сојузната покраина Саксонија, Германија.

Хернхут
Поглед кон Хернхут
Поглед кон Хернхут
Поглед кон Хернхут
Грб на Хернхут
Хернхут во рамките на Германија
Хернхут
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Герлиц
Градски единици 11
Градоначалник Рајнер Фишер
Основни податоци
Површина 73,94 км2
Надм. височина 344 м
Население 5.787 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 78 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GR
Пошт. бр. 02747
Повик. бр. 035873
Портал www.herrnhut.de
Местоположба на градот Хернхут во рамките на округот Герлиц
Карта
Карта
Координати 51°01′0″N 14°44′30″E / 51.01667° СГШ; 14.74167° ИГД / 51.01667; 14.74167

Има пристап на сојузниот автопат 178 и на железничката линија помеѓу Лебау и Цитау. Хернхут се наоѓа 10 километри југоисточно од Лебау, 15 километри северозападно од Цитау и 25 километри југозападно од Герлиц.

Градски единици уреди

Од 1 јануари 2013, кога е припоен Бертелсдорф, градот брои 11 единици:

Население уреди

Година 1834 1871 1890 1910 1925 1939 1946 1950 1964 1990 2000 2010
Население 899 1.092 1.139 1.364 1.664 1.627 2.024 2.025 1.808 1.754 2.842 4.963

Во средината на 19 век, населението се искачило на над 1.000 жители и по Втората светска војна достигнало 2.000. Од 1950-тите се забележува постојано опаѓање на населението, кое е ублажено со припојувањето на соседните општини.[2]

Грб уреди

Неговите бои се сина и бела, покажувајќи ја кулата „Altan“ (стражарска кула) на ридот Хутберг над градот. Името на ридот (Стражарски рид) посочува на моравската населба основана од бегалците на имот на Цинцендорф во 1722. Herrn Hut означувало Будна грижа на грофот; жителите биле на стража за грофот, како и дека биле под негова заштита.

Култура уреди

Хернхут има црква и два музеи, вклучувајќи го музејот за локална историја. Градот е центар на познатата Моравска црква и Unitas Fratrum, на германски Brüder-Unität или Brüdergemeine. Поранешната железничка станица во Хернхут на укинатата железничка линија Цитау-Лебау била претворена во уметничка галерија.

Стопанство уреди

Економијата е заснована на црковната администрација, образованието, туризмот и производството, вклучувајќи го и производството на 26-краката ѕвезда, која често виси на прозорците и тремовите пред и по Божиќ, која се произведува повеќе од 150 години.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Тековно население по општини во 2020 г.“. Статистичка служба на Саксонија. јуни 2020. (германски)
  2. Digitales Historisches Ortsverzeichnis von Sachsen 14 април 2012

Надворешни врски уреди