Хермиона Џин Гренџер (англиски: Hermione Jean Granger) е измислен лик и една од тројцата протагонисти (останатите двајца се Хари Потер и Рон Визли) во серијалот романи Хари Потер на Џ. К. Роулинг. За првпат се појавува во првиот роман, Хари Потер и Каменот на мудроста, како нова ученичка на пат кон Хогвортс. Како што напредува серијалот, таа развива цврсто пријателство со Хари Потер и честопати ја користи својата остроумност, својот брз разум и енциклопедиско знаење за да му помогне. Роулинг има изјавено дека Хермиона ја потсетува на самата себе како помлада, со нејзината несигурност и страв од неуспех.[1]

Хермиона Џин Гренџер
лик од 'Хари Потер'
ДомГрифиндор
ГлумецЕма Ватсон
Прво појавување Хари Потер и Каменот на мудроста

Во македонскиот превод на првите пет книги, како и повеќето ликови, така и кај овој презимето е променето да одговара на поглавните особини на ликот. Преведувачот, „за да го доближи романот до нашата читателска публика, одредени имиња транскрибира, давајќи им македонски значења, со забелешка за малата недоследност при преводот, бидејќи се налетува на нелогични македонско - англиски комбинации“ објаснето во весникот Вест.[2] Во овој случај, Хермиона Гренџер е променета во Хермиона Желбогорска. Во преводот на шестиот дел кој е преземан од друга издавачка куќа името е оставено во оригинал.

Појавувања уреди

Прва книга уреди

Хермиона првпат се појавува во Каменот на мудроста кога ги запознава идните соучесници Хари и Рон на Хогвортс Експрес. Таа постојано ги нервира со своето знаење, поради што на почетокот Хари и Рон ја сметаат за арогантна, особено откако го прекорува Рон за тоа како ја изговорил магијата за левитација.[3] И на двајцата таа не им се допаѓа, но тоа се променува кога и двајцата ризикуваат да бидат казнети и решаваат да ја спасат од трол. Во знак на благодарност таа ја презема вината кога надлежните откриваат за спасувањето. Оваа случка го означува почетокот на нивното пријателство.[4] Добрата логика на Хермиона подоцна му овозможува на триото да решат загатка неопходна за повраќање на каменот на мудроста, а и помага во поразувањето на растението ѓаволска стапица.

Роулинг на своето мрежно место вели дека се спротивставувала на барањата на нејзиниот уредник да ја отстрани сцената со тролот. „Хермиона е толку здодевна во раниот дел на Каменот на мудроста поради што јас навистина почувствував дека е потребно нешто (бувално) огромно да ја зближи со Хари и Рон“"[5]

Втора до четврта книга уреди

Во Хари Потер и Одајата на тајните, ликот на Хермиона е се поотворен на читателите. Таа почнува да го симпатизира новиот и згоден професор по одбрана од мрачните вештини, Гилдерој Локхарт.[6] За време на утринско соочување помеѓу грифиндорскиот и слитеринтскиот квидички тим, Драко Малфој ја нарекува Калливокрвка. Двата настани придонесуваат во развојот на ликот, со тоа што Хермиона учи да се справи со сите предрасуди што ги имаат волшебници кон луѓето од неволшебничко семејство и согледува дека не е секогаш во право откако се открива вистинскиот идентитет на професорот Локхарт. Кога т.н. наследник на Слитерин повторно ја отвора одајата на тајните, Хермиона решава да приготви полисоковна напивка, која би му овозможила на триото да заземат лик на ученици од Слитерин, а со тоа да му се приближат на Малфој и да ги расчистат нивните сомнежи. Сепак, таа не им се придружува на Хари и Рон во истрагата бидејќи по грешка се претвора во мачка наместо во Милсент Балстрод, ученичка од Слитерин со која Хермиона е во пар на секцијата по двобој; таа завршува во болница поради грешната трансформација. Хермиона е скаменета од басилискот откако успешно го идентификува истиот; иако лежи онеспособена во болничкото крило, нејзината информација е клучна за Хари и Рон во нивната успешна мисија да ја разрешат мистеријата на одајата на тајните. Хермиона се отскаменува откако Хари го убива басилискот, но е разурната кога дознава дека завршните тестови се откажани од страна на училиштето.[7]

Наводи уреди

  1. Rowling, J.K., Section:Extra Stuff - Hermione Granger, jkrowling.com, Архивирано од изворникот на 2008-09-16, Посетено на 2008-09-19
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2009-12-13.
  3. [ХП1], глави 6-9.
  4. [ХП1], глава 10.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име rowlinghermione.
  6. [ХП2], глава 6.
  7. [ХП2], глава 18.

Надворешни книги уреди