Херменевтика[1][2] — наука за теоријата на интерпретација, а исто така може да биде или уметност на интерпретацијата или теорија или практика на толкување. Традиционалната херменевтика, која ја вклучува и библиската херменевтика, се однесува на изучувањето на интерпретација на пишуваниот текст, посебно текстовите од областа на литературата, религијата и законот. Современата, или модерната херменевтика опфаќа не само проблеми кои се вклучени во пишаниот текст туку и оние од интерпретативниот процес. Ова ги вклучува вербалните и невербалните форми на комуникација, како што се поважните фактори кои влијаат на комуникацијата, како што се претпоставките, претсфаќањата и филозофијата на јазикот и семиотиката. Филозофската херменефтика, пред сè се однесува на теоријата на знаењето на Ханс-Георг Гадамер развиена во „Вистина и метод“, а делумно и кај Пол Рикер. Херменевтичката постојаност се однесува на анализа на текстот за кохерентно објаснување. Херменевтиката (единечно) се однесува на еден посебен метод или седиште на интерпретација.

Потекло на поимот уреди

Фолклорната етимологија зборот херменевтика го поврзува со Хермес, митолошко грчко божество кој бил гласник на боговите. Освен што бил гласник помеѓу самите богови, тој бил и гласник помеѓу боговите и луѓето, тој ги водел душите на луѓето низ подземниот свет, бил измислител на јазикот и говорот, толкувач, лажго, крадец и измамник. Овие повеќебројни улоги го прават Хермес идеален претставник на херменевтиката, бидејќи, како што Сократ запишал, зборовите имаат моќ да откријат или сокријат, низ промоција на пораката на двосмислен начин. Грците гледаат на јазикот како постојаност на знаците кои можат да водат кон вистина или невистина, односно кон самата суштина на Хермес.

Раната употреба на зборот херменевтика зазема место во границите на светото. Божествената порака е пораката која е разбрана под свои услови без разлика дали е вистина или лага. Оваа двосмисленост е ирационалност. Еден вид на лудило нанесено врз примачот. Само оној кој поседува рационален метод на интерпретација, или рана херменевтика, моше да раздели вистина или лага во некоја изјава.

Традиционалната етимологија на херменевтиката е добиена од грчкиот збор ἑρμηνεύω (hermeneuō, „преведи“ или „толкувај“). Во филозофијата е претставена главно преку насловот на делото од Аристотел „Περὶ Ἑρμηνείας“ („За интерпретацијата“), но почесто е користен латинскиот наслов De Interpretatione. Ова е едно од најраните прживеани филозофски дела во западната традиција кое се занимава со врската помеѓу јазикот и логиката во сеопфатен, експлицитен и формален начин.

Историја уреди

Античка уреди

Во De Interpretatione, Аристотел дава рано разбирање кое ги поставува темелите на повеќе современи теории на интерпретација и семиотика:

Кажаниот збор е симбол или знак (symbola) на чувста и импресии (pathemata) на душата. Пишаниот збор е знак на кажаниот збор.

Како пишувањето, така и зборувањето не е исто за сите раси на човекот.

Но самите ментални чувства, за кои овие зборови се знаци (semeia), се исти за целиот човечки род, како што се и предметите (pragmata) преку кои чувствата се претставуваат.

— Аристотел, За интерпретацијата

Подеднакво важни за понатамошни развивања се текстовите за поетиката, реториката и софистиката вклучувајќи и некои дела на Платон како Кратил, Јон, Горгија, Лесер Хипиас и За републиката, заедно со делата на Аристотел, За поетиката и За софистичкото побвање. Овие текстови повеќе се занимаваат со презентација на аргументи, говори и поеми отколку разбирањето на текстот како текст. Како што Рамбер и Ѓестал забележале „Само кај стоиците и нивната интерпретација на митот се среќаваме со нешто како методолошки проблеми во разбирање на текст.“

Некои антички филозофи, како Платон, настојувале да ја карактеризираат поезијата како безопасни бесмислици. Платон ги отфрла поетите од неговата идеална држава сè додека не ја докажат својата вредност. Во Јон, Платон ги претставува поетите како опседнати:

Знаете, никој од епските поети не се господари на нивната тема, тие се инспирирани и опседнати и затоа ги кажуваат тие убави поеми. Истото важи и за лириците; како Карибантите што не се при свест кога танцуваат, така и лириците не се при свест кога ги пишуваат тие убави лирични песни; но кога ќе запловат во хармонија и ритам нив ги опседнува лудоста на Дионис.

— Платон, Јон

Но значењето на поемата останува отворено за потсмев. Какви и показатели да има за вистината, таа е прекриена со лудило. Но ново мислење се издигнало со Theagenes of Rhegium, кое вели дека наместо директно да се гледа на поезијата, треба на неа да се гледа како алегорија на природата. Стоиците подоцна ја развиле оваа идеја читајќи кај поетите не само алегории на природните појави туку и алегории на етичкото однесување.

Аристотел се разликувал од неговиот претходник Платон. Двајцата гледале на поезијата како чин на мимеза, но каде што Платон гледал бледа и лажна имитација на уметноста на реалноста, Аристотел ја видел можноста за вистината на имитирањето. Како што потенцира критичарот Дејвид Рихтер „за Аристотел уметникот мора да ги занемари фактите за да побара подлабоки универзални вистини. Наместо да биде грешна поезија, може да биде универзална вистина.“ (Рихтер, Критичка Традиција, 57). Трагедијата и еповите Аристотел ги нарекува благородни, од кои трагедијата служи за создавање силни емоции кај гледачите преку катарза.

Библиска уреди

Еврејcka уреди

Секојдневната употреба на зборот херменевтика се однесува на процесот на толкување на писмата. Најраните примери на оваа интерпретација не се пронајдени во пишан текст, туку во еврејската усна традиција која постоела во ерата на Вториот храм (515 година п.н.е.- 70 година од нашата ера), која подоцна станала Талмуд.

Содржини на принципите преку кои Тората била толкувана постоеле од времето на Хилел постариот, но најдобро познати се принципите од Бараита од Паби Ишмаел. Овие принципи варираат од стаднадрдните правила на логиката (на пр.a fortiori аргумент, на хебрејски познат како קל וחומר /kal v'chomer/) кон проширените, како правилото дека еден пасус може да биде интрпретиран со референца од друг пасус во кој се појавува истиот збор (Гезерах Шавах). Рабините не припишале подеднакво убедливи моќи на различните принципи.

Традиционалната еврејска херменевтика се разликува од грчкиот метод во тоа што рабините го сметаат Танах (еврејски библиски канон) за безгрешен. Кои било очигледни недоследности требало да бидат разбрани преку внимателно испитување на даден текст во контекст на друг текст. Имало различни нивоа на интерпретација, некои употребувани за стигнување до едноставното значење на текстот, некои за проширување на законот даден во текстот, како и трети кои наоѓаат свети и мистични нивоа на разбирање.

Христијанство уреди

Раните свети традиции на библиската егзегеза имаат неколку обединувачки одлики на почетокот, но се стремат кон обединување на школите на херменевтичката теорија. Раниот христијански период на библиска интерпретација може да биде поделен на апостолски и субапостолски период (кој датира од пишувањето на Новиот завет до 200 г. н.е, попознато како ерата на апостолските отци кои биле ученици на св. апостоли, види христијанство во 2 век) и Антиохиско/Александрискиот дел (која датира од 200 г. н.е. до средновековието поделена од историчари на доникејски период и период на седумте вселенски собори)

Апстолска и субапостолска уреди

Оперативниот херменевтички принцип во Новиот завет и најраните црковни отци бил исполнување на пророштвото. Житијата, посебно Житието по Матеј, даваат проширена употреба на Стариот завет со цел да се покаже дека Исус бил месија. Примерите ги вклучуваат Матеј 1: 23, 2:15-18, 3: 3, 21: 42, Марко 1:2-3, 4: 12, Лука 3:4-6, 22:37, Јован 2: 17, 12: 15, и забележително кај Лука 4:18-21 и парарели каде Исус опширно чита од Исак и тврди дека пророштвото е исполнето ако е слушнато од народот. Псалмите на Павле го користат истиот принцип како што сведочат 1 Коринтјаните 1:19, Ефесјаните 4:8-10, како и Евреите (види 8:7-13).

Принципот е пренесен низ субапостолската ера во вториот век. На пример, Иринеј посветува цело поглавје во „Против кривоверците“ во одбрана на Исак 7:14, едно од главните пророштва употребено да го потврди Исус како месија. Иринеј мислел дека апологистите од вториот век настојувале да толкуваат списи кои биле главни за претставување на пророштвото. Најбитен меѓу нив бил Јустин Маченик, кој широко употребувал списи за таа цел. Пример на оваа употреба може да се забележи во неговото дело „Проштевање“ кое е специјално посветено за докажување на Исус преку пророштво. Тој слично употребува списи и во „Дијалог со Трифо“.

"И кога Херодот го надмина Архелај, примајќи го авторитетот кој бил определен за него, Пилат му ja испратил со комплимент поврзаноста со Исус; и Бог, знаејќи за ова, проговорил: „И го однесоа Него пред Асириецот, подарок за кралот.“

Многу веројатно е дека погледот кон исполнувањето на пророштвото е плод на околностите во кои се наоѓала раната црква. Примарната цел на раните писатели била да го одбранат христијанството од нападите на паганство, еврејство и еретичките групи. Мартин Жан Мулдер сугерира дека пророштвото било примарен херменевтички метод, затоа што римското општество имало високо мислење за претскажувањата. Преку употребата на Стариот завет за да се потврди Исус, раните христијани се обиделе да допрат до претскажувањата на пророците и староста на еврејските списи.

Школите на Александрија и Антиохија уреди

Почнувајќи рано во третиот век, христијанската херменевтика започнала да се дели на две примарни школи: Александрија и Антиохија. Интерпретациите од Александрија давале акцент на алегориското читање, најчесто со буквалното значење на текстот. Главни претставници од ова училиште се Ориген и Климент Александриски. Антиохиската школа давала акцент, пак, на литературното и историско значење на текстот. Главни претставници од оваа школа биле Теодор од Мапсуеста и Диодор од Тарс.

Средновековие уреди

Средновековните интерпретации на текст ја обединуваат егзегезата во четирикратен модел што ја нагласува разликата помеѓу зборот и духовноста на текстот. Шемата била заснована на различните начини на интерпретација на текстот користени од патристичките писатели. Буквалната смисла (sensus historicus) на списите означува што текстот директно тврди или известува. Алегоричната смисла (sensus allegoricus) го објаснува текстот земајќи ја предвид доктринарната содржина на црковната догма, со тоа што секој елемент има симболично значење, види типологија (теологија). Моралниот ефект на текстот на поединечниот читач или слушател е третата смисла, sensus tropologicus, или sensus moralis, додека четврто ниво на значење ги извлекува од текстот имплицираните алузии кои содржат метафизичко и есхатолошко знаење или агностика.

Херменевтичката терминологија користена овде во некои делови е самоволна. Речиси сите три интерпретации што одат подалеку од буквалните објаснувања во основната смисла се „алегорични“. Практичните апликации на овие три аспекти на духовна интерпретација варираат. Во повеќето примери четирикратната смисла на списите била делумно употребувана, во зависност од содржината на текстот и идејата на извадокот. Можеме лесно да забележиме дека основната структура е двојна смисла на списите, што значи дека бројот четири е добиен од рестриктивна систематизација на бројните можности што постојат во трите интерпретативни димензии.

Херменевтиката во средновековието сведочи за зголемувањето на небуквалните интерпретации на Библијата. Христијанските коментатори можеле симултано да го читаат Стариот завет аналогно со делови од Новиот завет како симболични лекции за црковните институции и како лично применети алегории за духот. Во секој случај, значењето на знаците било скратено со додавање на делови од Библијата како учење на морал.

Слични четирикратни категоризации се исто така пронајдени во рабинските пишувања. Тие се: Пешат (едноставна интерпретација), Ремез (алузија), Дераш (извршување) и Сод (свето/мистично). Неизвесно е дали рабинските интерпретации се постари од патристичките верзии. Средновековието сведочи за издигнувањето на многу нови категории на рабински интерпретации и објаснувањето на Тора, вклучувајќи го и појавувањето на Кабала и пишувањата на Маимонците.

Модерна уреди

Дисциплината херменевтиката се појавила со новото хуманистичко движење од 15 век како историска и критичка методологија за анализирање на текст. За триумф на раната модерна херменевтика, италијанскиот хуманист Лоренцо Вала во 1440 година со внатрешни докази од самиот текстот докажал дека „Давањето на Константин“ било фалсификат. Оваа херменевтика се издвоила од својата средновековна улога објаснувајќи ги точните анализи на Библијата.

Но библиската херменевика не изумрела. На пример, протестантските реформатори предизвикале нов интерес во интерпретацијата на Библијата, со што се оддалечиле од традицијата на средниот век. Лутер и Калвин ги истакнуваат scriptura sui ipsius interpres. Калвин го користел brevitas et facilitas како аспект на теолошката херменевтика.

Просветителството, а особено протестантите, ја навеле херменевтиката на списите да гледа како на секуларни класични текстови. Списите, пак, биле толкувани како одговор на историски или социјални сили, со што очигледните контрадикции во Новиот завет, на пример, можат да бидат потврдени со споредување на современите христијански учења.

Шлајермахер уреди

Фридрих Шлајермахер (21.11.1786 г. – 12.2.1834 г.) ја истражувал природата на разбирањето не само во однос на дешифрирање на свети текстови, туку во однос на дешифрирање на сите текстови и видови на комуникација. Толкувањето на текстот мора да продолжи со заокружување на контекстот во однос на целокупната организираност на делото. Тој прави разлика помеѓу граматичка интерпретација и филозофска интерпретација. Граматичката интерпретација истражува како едно дело е составено од главни идеи, а филозофската ги истражува нејасните комбинации што го карактеризираат делото како една целина. Тој рекол дека секој проблем на толкување е проблем на разбирање. Дури и ја дефинира херменевтиката како уметност за избегнување на недоразбирањата. Тој дава решение за избегнување на недоразбирањето – знаење на граматички и филозофски закони за да се проба да се разбери авторот и текстот.

Дилтај уреди

Вилхелм Дилтај уште повеќе ја проширил херменевтиката преку поврзување на толкувањето со сите историски тврдења. Во неговиот последен есеј „Разбирањето на другите и нивното манифестирање на животот“ (1910), тој разјаснува дека ова поместување од надворешното во внатрешното, и од изразување кон она што е изразено не се заснова на поистоветување. Поистоветувањето вклучува директна идентификација со другиот. Интерпретацијата вклучува индиректно разбирање кое може да се оствари само преку поставување на изразите на луѓето во нивниот историски контекст. Разбирањето не е процес на реконструирање на состојбата на умот од авторот, туку артикулирање на она што е изразено во текстот. Дилтај ги дели духовните науки на три структурни нивои: искуство, изразување и разбирање. Искуство значи да ја почувствуваш ситуацијата персонално. Тој кажува дека секогаш можеме да го зграпчиме значењето на непознатото мислење кога ќе пробаме да го искусиме. Разбирањето за искуството на Дилтај е многу слично на она на Хусерл. Изразот го претвора искуството во значење, бидејќи кога изразуваме нешто, тоа не е повеќе нешто приватно туку повикување на некој надвор од себеси. Сè што е кажано е израз. Дилтај предлага дека секогаш можеме да се навратиме на изразот, посебно на неговата пишана форма. Оваа примена ја има истата објективна вредност како научен експеримент. Можноста за повторување ги прави научните анализи возможни, па затоа хуманистите може да се нарекуваат и научници.

Освен тоа, Дилтај претпоставува дека изразот можеби „кажува“ повеќе од она што говорникот сака да каже, бидејќи изразот изнесува значења кои поединечната свест можеби нема целосно да ги разбере. Последно структурално ниво на духовната наука според Дитлај е разбирањето и неразбирањето. Неразбирањето помалку или повеќе значи грешно разбирање. Тој претпоставува дека разбирањето произведува коегзистенција – кој разбира, ги разбира и другите; кој не разбира, останува сам.

20 век уреди

Хајдегер уреди

Од времето на Дилтај, херменевтиката се одвоила од нејзината главна задача и го проширила својот спектар врз сите текстови, вклучувајќи и мултимедија, за да ја разбере основата на значењето. Во дваесттиот век, филозофската херменевтика на Мартин Хајдегер го сменила фокусот од толкување на егзистенцијално разбирање, кое било третирано повеќе како директен, непосреден начин на постоње, отколку само начин на знаење.

Оние што се залагале за овој пристап тврдат дека ваквите текстови и луѓето што ги произведуваат не можат да бидат проучувани со употреба на научните методи што се применуваат за природните науки, бидејќи користат аргументи слични на антипозитивизмот. Тие тврдат дека ваквите текстови се конвенционални изразувања на искуствата на авторот; така што интерпретација на таков текст може да открие нешто од социјалниот контекст во кој тој текст бил формиран, односно да му овозможи на читателот да ги подели искуствата на авторот. Реципроцитетот помеѓу текст и содржина е дел од она што Хајдегер го нарекува херменевтички круг. Помеѓу главните мислители кои го елаборирале овој пристап бил и социологот Макс Вебер.

Современа уреди

Херменевтиката на Ханс-Георг Гадамер е усовршување на херменевтиката на неговиот учител Хајдегер. Тој потврдува дека методичкото размислување е спротивно на искуство и размислувањето. Можеме да стигнеме до вистината само ако го разбериме и совладаме нашето искуство. Според Гадамер, искуството не е конечно, туку е променливо и секогаш може да покаже нови преспективи. Најважно нешто е да се открие што претставува поединечно разбирање. Во овиј контекс Гадамер вели дека предрасудата е (нефиксиран) одраз на тоа што го открива разбирањето. Да се биде неапознаен со одредена традиција е состојба на разбирање. Гадамер потенцира дека ние никогаш не можеме да излеземе од нашата традиција, само можеме да пробаме да ја разбереме. Ова понатаму ја елаборира идејата на херменевтичкиот круг.

Пол Рикер развил херменевтика заснована на концептот на Хајдегер, иако неговата работа на многу начини се разликува од онаа на Гадамер.

Андрес Ортиз-Озес ја развил својата симболичка херменевтика како средоземен одговор на северно-европската херменевтика. Неговото главно тврдење во однос на симболичкото разбирање на светот е дека значењето е симболичното заздравување на вистинската повреда.

Херменевтиката на Бернард Лонерган е помалку позната, но Фред Лоренс во серија на маестрални статии истакнал дека делото на Бернард е кулминација и постигнување на постмодерната херменевтичка револуција која започнала со Хајдегер.

Критичка теорија уреди

Јирген Хабермас го критикувал конзервативизмот на претходните херменевтики, особено Гадамер, затоа што фокусирањето на традицијата изгледало како потценување на можностите за социјална критика и трансформација. Исто така Хабермас ги критикувал марксизмот и претходните членови на франкфуртската школа за немањето на херменевтичката димензија на критичката теорија. За Хабермас, херменевтиката е една димензија на критичко-социолошката теорија.

Примена уреди

Археологија уреди

Во археологијата, херменевтиката значи толкување и разбирање на одреден материјал преку анализа на можни значења или социјална употреба. Поддржувачите тврдат дека интерпретацијата на артефакти е неизбежна херменевтика бидејќи не го знаеме со сигурност нивното значење и можеме само да додадеме модерна вредност во интерпретацијата. Често кај орудијата од камен користиме опис како „гребло“, но тоа може да биде субјективно и недокажано. Противниците, пак, тврдат дека херменевтичкиот пристап е многу релативен и дека нивните интерпретации се засновани на евалуација на секојдневието.

Архитектура уреди

Иако интерпретацијата на градбите е секако од постојан интерес, има неколку традиции на архитектонски науки кои експлицитно отстапуваат од херменевтиката на Хајдегер и Гадамер. Забележителна е работата на Линдзи Џонс за начинот на восприемање на архитектурата како тој начин се менува според контекстот и низ времето, т.е. како една градба е толкувана од страна на критичарите, корисниците, историчарите. итн. Далибор Весли ја сместува херменевтиката како дел од критиката на применување на прекумерното научно мислење врз архитектурата. Оваа традиција одговара на критиката на просветителството, но исто така има свое влијание на учењето за дизајн студио. Снодграс ги вреднува историското учење и изучувањето на азиските култури од страна на архитектите како херманевтички допири со различноста. Тој исто така додава аргументи од херменевтиката за да го објасни дизајнот како процес на интерпретација. Заедно со Ричард Којн го прошируваат аргументот за разгледување на природата на архитектонското образование и дизајнирање како начин на размислување. Ова исто се проширува и со употребата на компјутерите за дизајн. Алберто През-Гомес е добро познат за неговата употреба на феноменологијта и херменевтиката во архитектонската историја.

Меѓународни односи уреди

И додека херменевтиката е темел на критичката и конститутивната теорија, од кои и двете создале важни приливи во постпозитивистичката гранка на теоријата на меѓународните односи и политичките науки, херменевтиката била применета во мегународните односи (МО). Пример на постпозитивизам, а веќе анти-фундаменталистичка парадигма за МО би бил радикалниот постмодернизам.

Закон уреди

Некои научници тврдат дека законот и теологијата содржат поважни форми од херменевтиката поради нивната потреба да толкуваат списи по правната традиција. Проблемот на интерпретација е еден од најбитните во правната теорија, најмалку од 11 век. Во средниот век и ренесансата училиштата на glossatores, commentatores и usus modernus се разликувале меѓусебно по нивната интерпретација на „законите“ (главно јустинијановиот Corpus Iuris Civilis). Универзитетот на Болоња ја претставил „правната ренесанса“ во 11 век, кога Corpus Iuris Civilis почнал систематски да се проучува од страна на луѓе како Ирниреј и Грацијаниј. Тоа била интерпретативна ренесанса. После тоа интерпретацијата била во центарот на правото. Правната интерпретација на Роналд Дворкин може да се забележи како филозофска херменевтика.

Психологија уреди

Слично како и во компјутерските науки, заинтересирани за херменевтиката, а особено во алтернативи на когнитивизмот станале и психолозите. Критиката на Херберт Драјфус за конвенционалната вештачка интелигенција имала влијание на само врз вештачката интелигенција, туку и во психологијата. Психолозите станале заинтересирани во херменевтичкиот пристап за значењето и интерпретациите биле дискутирани од филозофи како Хајдегер (телесно сознание) и подоцна од Витгенштајн (дискурзивна психологија). Херменевтиката влијаела и врз хуманистичката психологија.

Религија и теологија уреди

Процесот преку кој се разбираат теолошките текстови се потпира врз одредена гледна точка на херменевтиката. Теоретичари како Пол Рикер ја примениле модерната филозофска херменевтика на теолошки текстови (во овој случај Библијата).

Наука за безбедност уреди

Во полето на науките за безбедност, особено во студирањето на човечките грешки, научниците се заинтересирале за херменевтичкиот пристап. Ергономот Доналд Тејлор предложил дека механичкиот модел на човечкото однесување само ќе не оддалечи од намалувањето на несреќите. Безбедносната наука сега треба да гледа на значењето на несреќите за свесни човечки суштества.

Социологија уреди

Во социологијата херменевтиката значи интерпретација и разбирање на општествените настани преку анализирање на нивното значење за учесниците и нивната култура. Главно место зазела за време на шеесеттите и седумдесеттите и се разликувала од другите интерпретативни социолошки школи во тоа што ја истакнува важноста на контекстот и формата на дадено општествено однесување. Централниот принцип на херменевтиката е тоа дека значењето на еден чин или изјава е возможно да се сфати само со поврзување со целиот дискурс од којшто потекнува. One can frequently find reference to the 'hermeneutic circle': that is, relating the whole to the part and the part to the whole. На пр. ставањето на парче хартија во кутија може да се разбери како безначајно нешто, доколку не се стави ви контекст на демократски избори и ставање на гласачко ливче во кутија. Херменевтиката во социологијата најмногу имала влијание од германскиот филозоф Ханс-Георг Гадамер.

Маркетингот го присвоил овој израз од социологијата употребувајќи го за квалитативните студии интервјуа (или други форми на текст) на еден или неколку луѓе детално се читаат, анализираат или толкуваат.

Наводи уреди