Хенри II Плантагенет (5 март 1238 - 6 јули 1189) бил крал на Англија (1154—1189), војвода од Нормандија и гроф од Анжу. Тој е првиот англиски крал од династија Плантагенет. На англискиот престол дошол по смртта на Стефан. Тој владеел со Англија, Нормандија, Аквитанија, Гаскоња, како и Ирска. За свој канцелар го поставил Томас Бекет, со кој подоцна дошол до судир. Негов наследник е Ричард I.

Хенри II
Крал на Англија
На престол25 октомври 1154 – 6 јули 1189
Крунисување19 декември 1154
ПретходникСтефан
НаследникРичард I
РегентХенри Младиот
СопружникЕлеонора
ДецаВилијам
Хенри
Матилда
Ричард
Џефри
Елеонора
Јоана
Јован
ДинастијаДинастија Плантагенет
ТаткоЏефри Плантагенет
МајкаМатилда

Рани години уреди

Хенри е роден во Ле Ман. негов татко бил Џефри Плантагенет, а мајка Матилда, ќерка на англискиот крал Хенри I. Матилда требала да биде наследник на Хенри I, но власта била зазедена од страна на Стефан од Блоа. Тој пораснал во Грофовија Анжу, а можеби за првпат Англија ја посетил во 1149 година, за да и помогне на својата мајка во војната за престолот. Тој кога дошол на престолот, ги наследил Нормандија и Анжу. По ова, тој се оженил за Елеонора Аквитанска, со кое ја добил и Аквитанија и Гаскоња. На тој начин тој во самата Франција станал помоќен владетел и од самиот француски крал. Како крал успеал да ја припои Ирска под своја контрола.

Крал уреди

Во времето кога на престолот застанал Стефан, бароните, кои претходно му помогнале да стапи на престолот, добиле поголеми права во кралството. Ова претставувало голем проблем за Хенри II. Бароните градиле голем број на замоци, без одобрување на кралот. Тој го вовел данокот според кој наместо воена служба, морало да се плаќа дополнителни давачки на државата. Тој основал судови по целата земја, и им дал голема моќ, дури да можат да донесуваат одлуки во името на англиската круна. Во негово време излегол и првиот штампан закониок.

Со доаѓањето на престолот, новиот крал поднел молба до Папа Адријан IV, во која барал да изврши инвазија врз Ирска. Со папската була од 1155 година, тој добил право да ја нападне Ирска. Свештенството во Кентербери сакало да ја покаже својата хиерархиска моќ над ирските свештеници. Според некои историчари, целта на Хенри била да ги прошири своите територии со кои би владеел неговиот помлад брат Вилијам. Но, многу бргу по започнувањето на инвазијата, во Франција избувнале нереди, а и самиот Вилијам починал. Така, тој бил принуден да се откаже од Ирска за некое време.

Во 1171 година, тој со својата флота повторно ја нападнал Ирска, и ја зазел, станувајќи првиот крал којшто успеал да стапне на ирска територија. Папа Александар III во 1172 година го рафитикувал договорот според кој Ирска станала дел од Англија. Норманите и поголемиот дел од ирските племиња го признале Хенри за крал. Со Ирска владеел неговиот син Јован. Во времето кога тој станал крал на Англија, Ирска била прогласена за неделива територија од Англија.

Борба со црквата и Томас Бекет уреди

Кралот Хенри II во текот на своето владеење вовел неколку реформи. Тој го напреднал правниот систем, со кое моќта на црковните судови опаднале. Црквата во тоа се спротивставила. Надбискупот Томас Бекет бил посебно остар критичар на тие промени. Тој бил некогашен близок соработник на кралот и негов канцелар во неговата влада.

Спорот помеѓу нив започнал со прашањата поврзани околу тоа дали цивилните секуларни судови можат да ги осудуваат на свештениците кои ги прекршиле црковните закони. Тој се обидел да го покори свештенството под своја капа, наредувајќи им да се заколнат во негување на кралството. Во 1164 година, Томас Векет отишол во Франција за да бара поддршка од папа Александар III, кој во тоа време бил во прогонство поради несогласност со кардиналите. Бекет побарал помош од страна на францускиот крал Луј VII. Папата останал неутрален поради својата положба. Томас во Франција останал до 1170 година.

Во 1170 година, кралот Хенри и Томас Бекет се смириле, па истата година тој се вратил во Англија. Но, веднаш по неговото враќање избило ново недоразбирање, овој пат околу крунисувањето на синот на кралот, Хенри Младиот. По ова, кралот се разлутил, па на 29 декември 1170 година Томас Бекет бил убиен. За смртта на Томас, Хенри се покајал, па подоцна Томас станал маченик. Тој морал да испраќа финансиски средства за потребите на Крстоносните војни. Но, тој долго го одлагал најавениот крстоносен поход. Во 1184 година дури му била понудена и круната на Ерусалимското Кралство.

Криза и смрт уреди

Неговите синови на повеќепати се побунивале против кралот. Посебно голема била побуната од 1173-1174 година, организирана од страна на неговите тројца синови, заедно со неговата сопруга. Тој морал кралството да го подели на неговите синови, без право да управуваат. Кога состојбата се смирила, Хенри успеал да ги покорил своие синови, но не ги погубил туку им простил.

За нов крал требало да биде прогласен Хенри Младиот, но неговиот син Ричард I не се согласил во тоа. Останатите браќа направиле сојуз против Ричард и ја нападнале Аквитанија. Но во 1183 година починал Хенри Младиот, па по неговата смрт војната продолжила помеѓу останатите три сина на Хенри II. Кралот сакал за нов крал да биде избран Јован Безземниот, а неговата сопруга Елеонора сакала тоа да биде Ричард. Во 1186 година во една битка загинал Жофроа, третиот син на Хенри, па со ова Ричард станал најстариот син. Но и покрај тоа, конфликтите со неговиот татко продолжиле.

Хенри во 1188 година сакал да ја предаде Аквитанија на својот најмлад син Јован. Ричард бил принуден да направи сојуз со францускиот крал Филип II Август. Како замена, Ричард му обеќал дека ќе му ја даде на францускиот крал Нормандија и Анжу. Тој на 4 јули 1189 година издвојувал победа над неговиот татко, па така Хенри бил принуден да го именува него за следниот крал на Англија.

Хенри починал на 6 јули 1189 година. Негов наследник станал Ричард I.

Винстон Черчил за Хенри II ги рекол следното: Тој бил еден од најголемите англиски кралеви, но и еден од најнесреќните. Неговата смрт се дожеше на тие кои тој самиот ги создал - неговите синови.