Хеката (митологија)

Хеката, (старогрчки: Ἑκάτη, литвански: Hecate) била божица на смртта и вештерството, ќерка на Титан, Перс и Титанката Астерија (титан).

Хеката

Хеката имала три тела и три глави - лавовска, кучешка и кобилска. Во ноќите без месечина скитала по патиштата и гробиштата, заедно со душите на умрените. Таа праќала ужасни и тешки сонови на Земјата и ги уништувала луѓето.

Самиот Зевс толку ја почитувал Хеката што никогаш не ѝ ги оспорувал правата - можела да им подарува на смртниците а и да земе од нив сè што ќе посакала. За неа, на крајот на секој месец, на раскрсниците биле поставувани јадења кои ги земале сиромашните.[1]

Нимфите коишто ја прателе Хеката се викале Лампади.

Хеката

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „Objašnjenja i napomene“, во: Aristofan, Lisistrata. Beograd: Rad, 1963, стр. 91.

Предлошка:Старогрчка митологија-никулец