Хари Потер е серијал од седум фантастични книги напишани од британската авторка Џ. К. Роулинг. Книгите ги следат авантурите на адолесцентниот волшебник Хари Потер и неговите најдобри пријатели Рон Визли и Хермиона Гренџер, од кои сите се ученици во училиштето за магии и волшебништво Хогвортс. Централното дејствие се сосредоточува околу борбата на Хари со злобниот волшебник Лорд Волдеморт, кој ги убил родителите на Хари во време на првата Волшебничка војна и да го потчини неволешбничкото општество. Направени се осум успешни филмови, видеоигри и други разновидни трговски производи засновани на серијалот.

Хари Потер
Хари Потер книгите во ново издание што допрва треба да излезе
Хари Потер и Каменот на мудроста
Хари Потер и Одајата на тајните
Хари Потер и Затвореникот од Азкабан
Хари Потер и Пламениот пехар
Хари Потер и Редот на фениксот
Хари Потер и Полукрвниот Принц
Хари Потер и Реликвиите на смртта
АвторЏ. К. Роулинг
Земја на потеклоОбединето Кралство
ЈазикАнглиски
ЖанрФантазија, трилер, младинско-возрасни
ИздавачBloomsbury Publishing (ОК)
Scholastic Publishing (САД)
Издаден26 јуни 1997 – 21 јули 2007
Медиумски обликПечатена (тврд и мек печат)
Аудио формат

Сè од издавањето на првиот роман Хари Потер и Каменот на мудроста во 1998, книгите имаат стекнато неизмерна популарност, критичко одобрување и рекламен успех низ целиот свет.[1] Заклучно со јуни 2008, продадени се над 400 милиони примероци од целиот серијал кој е пак преведен на 67 различни јазици,[2][3] а последните четири книги имаат поставено рекорд на најпродавани книги.

Англиските верзии на книгите се издадени од Bloomsbury во Обединетото Кралство, од Scholastic Press во САД, од Allen & Unwin во Австралија и од Raincoast Books во Канада. Во Македонија, првите пет книги на македонски јазик се издадени од Култура, додека шестата книга од Матица македонска, со седмата книга најавена. До сега, првите шест романи се адаптирани во серија филмови од Warner Bros., со шестиот, Хари Потер и Полукрвниот Принц излезен на 15 јули 2009.[4] Од серијалот има произлезено сврзана трговска стока, правејќи го целокупниот Хари Потер бренд вреден 7 милијарди фунти (15 милијарди долари).[5]

Содржина уреди

Дејството во романите е сосредоточено на Хари Потер, сирак кој на единаесет годишна возраст открива дека е волшебник.[6] Волшебните вештини се вродени, но децата се праќаат во училишта за магии и волшепства за да ги научат волшебните вештини неопходни за опстанок и успех во волшебничкиот свет.[7] Хари е поканет да го започне своето волшебничко образование во интернатот Хогвортс. Секој роман обработува една година од животот на Хари, а повеќето настани се случуваат во Хогвортс.[8] Покрај проблемите што ги носи адолесценцијата, Хари учи како да ги собори многуте волшебни, општествени и емоционални потешкотии.[9]

Волшебниот свет уреди

Ретроспективи низ серијалот откриваат дека додека Хари бил сè уште бебе, го сведочел убиството на своите родители од страна на Лорд Волдеморт, мрачен волшебник опседнат со расната чистота.[10] За причини отпрвин неоткриени, обидот на Волдеморт да го убие Хари бил неуспешен.[10] Волдеморт навидум бил убиен, а Хари преживеал со само мала лузна на неговото чело во форма на громотевица како потсетник на нападот.[10] Како ненамерен спасител од теророт на Волдеморт, Хари станува жива легенда во волшебничкиот свет. Сепак, по наредба од неговиот бранител, волшебникот Албус Дамблдор, Хари е сместен во домот на своите непријатни нормални (неволшебници) роднини, кои иако го чуваат на безбедно, воопшто не му кажуваат за неговото вистинско потекло.[10]

Првиот роман од серијалот, Хари Потер и Каменот на мудроста, започнува приближно пред единаесеттиот роденден на Хари. Полуџинот Рубеус Хагрид му ја открива вистината за негвото потекло и го воведува во волшебничкиот свет.[10] Светот кој Џ. К. Роулинг го има создадено е сосема одвоен, но воедно и врзан со вистинскиот свет на Нормалните. Додека фантастичниот свет Нарнија е алтернативен свет, а светот во Господар на прстените, Средна Земја е дел од митско минато, волшебниот свет во Хари Потер постои паралелно со вистинскиот свет и содржи волшебни елементи слични на тие од неволшебничкиот свет, па затоа многу од волшебничките установи и локации се на места познати за неволшебничкиот свет, како на пример Лондон.[11] Книгите опфаќаат фрагментирана колекција од скриени улички, престари гостилници, осамени селски вили и изолирани замоци кои остануваат невидливи за очите на неволшебничката популација, Нормалните.[7]

Со помош на Хагрид, Хари се подготвува и ја започнува неговата прва година во Хогвортс. Како што Хари почнува да го истражува волшебничкиот свет, на читателот му се претставени многу важни локации од серијалот. Хари ги запознава повеќето од главните ликови и станува најдобар пријател со: Рон Визли, великодушно момче од старо, огромно, среќно, но сиромашно волшебничко семејство и Хермиона Гренџер, интелигентно девојче со неволшебничко потекло.[10][12] Хари исто така го запознава и училишниот професор по волшебни напивки, Северус Снејп, кој покажува длабок и траен презир кон Хари. Заплетот свршува со второто сретнување на Хари со Волдеморт, кој во потрагата по бесмртност, копнее да се здобие со моќта на каменот на мудроста.[10]

Серијалот продолжува со Хари Потер и Одајата на тајните прикажувајќи ја втората година на Хари во Хогвортс. Тој и неговите пријатели почнуваат да истражуваат мистерија стара педесет години која изгледа доста поврзана со злотворните скорешни настани во училиштето. Романот навлегува во историјата на Хогвортс и во легендата за „Одајата на тајните“, подземно дувло на древно зло. За првпат, Хари ги сфаќа расните разлики во волшебниот свет и дознава дека терорското владеење на Волдеморт било извршувано поради неговата омраза кон волшебниците кои потекнувале од неволшебничко семејство. Хари е исто така шокиран кога дознава дека е змиоуст (може да комуницира со змии); оваа ретка способност честопати е поврзувана со мрачните вештини. Книгата завршува кога Хари ја спасува младата сестра на Рон, Џини Визли, поразувајќи го обидот на Волдеморт да се врати преку старо сеќавање врежано во дневник.[10]

Третиот роман, Хари Потер и Затвореникот од Азкабан, го следи Хари во неговата трета година на магично образование. Оваа книга е всушност единствената книга која не го обработува Волдеморт. Наместо тоа, Хари мора да се соочи со сознанието дека е мета на Сириус Блек, убиец кој штотуку избегал од волшебничкиот затвор Азкабан, за кој се верува дека е вмешан во убиството на родителите на Хари.

Борејќи се со својата рекација кон дементорите - мрачни суштества со моќ да ја исцицаат душата на човекот - кои наводно го чуваат училиштето, Хари бара помош од Ремус Лупин, новиот учител по одбрана од мрачните вештини со мрачна тајна. Лупин го учи Хари на одбрандбени магии кои се над потребното ниво на знаење на еден волшебник како Хари. Хари дознава дека двајцата, Лупин и Блек биле блиски пријатели со татко му и дека Блек е погрешно обвинет за предавство по вина на четврт пријател, Питер Петигру.[13]

Враќањето на Волдеморт уреди

За време на четвртата година на Хари во Хогвортс, прикажана во Хари Потер и Пламениот пехар, Хари безволно е присилен да учествува во Тробојот, опасен волшебнички турнир помеѓу вештерки и волшебници од странски училишта.[14] Хари се обидува да открие кој го наместил да учествува во турнирот и зашто.[15] Загрижениот Хари е предводен во турнирот од Аластор Муди, новиот професор по одбрана од мрачните вештини кој испаѓа е Барти Крауч Џуниор претворен во Муди. Мигот кога мистеријата се разрешува го означува пресвртот на серијалот од загатнување и неизвесност до отворен конфилкт каде децата почнуваат да растат. Романот завршува со преродбата на Волдеморт и смртта на Седрик Дигори.Грешка во наводот: Неважечки параметар во ознаката <ref>.

Во обид да наметнат политичко точен наставен план и да го урнат угледот на професорот Дамблдор, кој покрај Хари е најистакнатот глас во Волшебничкиот свет во убедувањата дека Волдеморт е вратен, министерството ја поставува Долорес Амбриџ како висок иследник во Хогвортс. Таа го преобразува училиштето со диктаторски режим и одбив да ги учи учениците на начини на кои ќе можат да се одбранат од мрачните сили.[16] Затоа, Хари формира тајна ученичка група каде ги подучува своите соученици на вештини од повисоко ниво, кои тој ги знае. Романот го запознава Хари со Луна Лавгуд, лекомислена ученичка која верува во чудни конспиративни теории. Важно пророштво за Хари и Волдеморт се открива[17] и Хари дознава дека тој и Волдеморт имаат умствена, но болна поврзаност, која телепатски му овозможува на Хари да види некои дејствија на Волдеморт. Во самата кулминација, Хари и дел од неговите соученици се пресметуваат со некои од Смртојадите на Волдеморт, кои го вклучуваат арoгантното и богато семејство Мелфој. Навременското пристигнување на членовите на Редот на фениксот ги спасува учениците и овозможува фаќање на некои од Смртојадите.[16]

Во нивната шеста година, во Хари Потер и Полукрвниот Принц, протагонистите ги поминале своие ОБС испити и започнуваат КИВТ курсеви. Волдеморт подготвува нова војна, која станува толку насилна што дури и неволшебниците согледуваат некои од ефектите. Иако Хари и неговите пријатели се релативно заштитени од таа опасност во Хогвортс, тие стануваат предмет на потешкотиите што ги носи адолесцницијата. На почеток на романот Хари наидува на стар учебник по напивки исполнет со прибелешки и препораки, потпишан од мистериозниот Полукрвен Принц.[18] Додека советите во книгата му помагаат на Хари да конечно успее по напивки, согледува дека не треба да им верува на магиите на анонимниот автор. Хари почнува да има и приватни часови со Албус Дамблдор, кој му покажува неколку сеќавања кои го покажуваат раниот живот на Волдеморт. Сеќавањата откриваат дека душата на Волдеморт е поделена на хоркрукси, злобни маѓепсани предмети скриени на различни места.[18] Снобовскиот противник на Хари, Драко Мелфој, се обидува да го нападне Дамблдор и книгата кулминира со убивањето на Албус Дамблдор кое го извршува Северус Снејп.

Хари Потер и Реликвиите на смртта, последната книга од серијалот, започнува веднаш по настаните од шестата книга. Волдеморт го завршува своето доаѓање на власт и го зазема Министерството за магии. Хари, Рон и Хермиона ја пропуштаат својата последна учебна година за да ги најдат и уништат преостанатите хоркрукси на Волдеморт. За да се заштитат себеси, а и нивните пријатели и семејства решаваат да се изолираат. Во нивната потрага по хоркруксите, триото дознава детали за минатото на Дамблдор, како и вистинските мотиви на Снејп.

Книгата кулминира со борба во Хогвортс. Хари, Рон и Хермиона здружени со членови од Редот на фениксот, голем дел од професорите и учениците, го бранат Хогвортс и се пресметуваат со Волдеморт, неговите Смртојади и некои мрачни волшебни суштества. Многу од главните ликовите ги губат своите животи во првиот чин од борбата, а Волдеморт продолжува со намерата да го убие Хари. Во обид да ги спаси преживеаните, Хари се предадава, но битката продолжува со доаѓањето на некои од родителите на учениците од Хогвортс, жителите на соседното село Хогсмид кои му се придружуваат на Редот на фениксот. Со последниот хоркрукс уништен, Хари конечно се пресметува со Волдеморт. Епилог на крајот од книгата ги опишува животите на преживеаните ликови како и ефектите на волшебничкиот свет.

Дополнителни дела уреди

Роулинг го има проширно Хари Потер светот со неколку кратки книги направени за различни хуманитарни цели.[19][20] Во 2001, таа ја издаде Фантастични ѕверки и каде да се најдат (учебник од Хогвортс) и Квидич низ вековите (книга која Хари ја читаше за забава). Парите од продажбата на овие две книги се искористија за добротворен прилог за добротворна организација Comic Relief.[21] Во 2007, Роулинг сложи седум рачно напишани примероци од Приказни за бардот Бидл, колекција од бајки првпат споменати во последната книга, една од кои се употреби во акуција за собирање пари за Children's High Level Group, фондација за децата со посебни потреби во посиромашните држави. Книгата меѓународно беше издадена на 4 декември 2008.[22][23][24] Роулинг исто така има напишано и мала книга од 800 збора во 2008 како дел од настанот за собирање средства организиран од книгоиздавачот Waterstones.[25]

Структура и жанр уреди

Романите во поголем дел спаѓаат во жанрот на фантастична литература, но истовремено тоа се и образовни и полнолетни романи.[26] Овие книги се сметаат и за дел од британскиот жанр за романи со интернати, кои вклучува три од серијалите на писателката Инед Блајдн и тоа: Кулите Малори, Св. Клер и Најпалавата девојка. Во овој жанр спаѓаат и романите за Били Бантер од Френк Ричардс.[27] Дејствието е претежно сместено во училиштето за магии и волшебништво Хогвортс, британски интернат за волшебници чијашто наставна програма вклучува користење на магија.[27] Според зборовите на Стивен Кинг, уште еден автор на неверојатни приказни, овие книги се „мудра и таинствена сторија“.[28] и се пишувани во стилот на Шерлок Холмс - во секоја книга добро се скриени трагите кои го добиваат своето значење во следното продолжение од серијалот. Поглавјата се раскажувани од трето лице со некои мали исклучоци (како првите поглавја од Каменот на мудроста и Реликвиите на смртта и првите две поглавја од Полукрвниот Принц).

Во средината на секоја книга, Хари се бори со проблемите на кои наидува и борејќи се со нив често вклучува потреба од кршење на училишните правила, во случај да биде фатен, мора да претрпи една од дисциплинските казни според правилата и прописите на Хогвортс (во кои Хари Потер книгите следат многу преседани во под-жанрот за интернати).[27] Како и да е, приказните ја достигнуваат својата кулминација во второто полугодие од учебната година, токму пред завршните тестирања, кога настаните се заоструваат повеќе од секојдневите училишни препреки и борби каде Хари мора да се соочи или со Волдеморт или со некој од неговите следбеници, Смртојадите, каде се работи за живот или смрт, понатаму како што се развиваат настаните еден или повеќе ликови го губат својот живот во последните четири книги.[29][30] Како последица, тој учи важни лекции низ објаснувања и дискусии со неговиот ментор Албус Дамблдор.

Во последниот роман, Хари Потер и Реликвиите на смртта, Хари и неговите пријатели поголемиот дел од времето го поминуваат надвор од Хогвортс и се враќаат таму само кога треба да се соочат со Волдеморт, односно во самиот расплет.[29] Во овој дел Хари мора предвремено да порасне, губејќи ја шансата да ја помине својата последна година во училиштето како ученик и решава да постапи како возрасен и добро созреан човек, од чии одлуки зависат животите на сите останати вклучувајќи ги и возрасните.[31]

Теми уреди

Според Роулинг, главна улога во целокупниот серијал има смртта: „Моите книги значително се работат за смрт. Тие започнуваат со смртта на родителите на Хари. Тука е и опседнатоста на Волдеморт да ја совлада смртта и неговата потрага по бесмртноста по секоја цена. И јас го разбирам Волдеморт зошто сака да ја освои смртта. Сите се плашиме од неа.“[32]

Различни академци и новинари имаат многу различни интерпретации за темите во книгата, некои посложени од другите и некои вклучуваат и политички поттекстови. Теми како нормалност, угнетување, преживување и надминување на присилени и несекојдневни нешта се теми кои се сметаат за доста застапени во серијалот.[33] На сличен начин, темата за правањето пат низ адолесценцијата и „поминувајќи низ нечије стравично тешко искушение и на крај соочувајќи се со него“ исто така се сметаат за доста застапени.[34] Роулинг има изјавено дека овие книги содржат „одолговлечувачки предмет на толеранција и одолговлечувачки доказ за нестрпливост“ и дека исто така ја содржат и пораката за „сомневање во нечиј авторитет... а не прашување дали установата или печатот ја кажува вистина“.[35][36]

Иако може да се каже дека книгите содржат и многу други теми, како користењето/злоупотребата на моќта, љубов, предрасуда и слободен избор, тие се како што Роулинг кажува, „длабоко врежани во самиот синопсис“; Роулинг сакала да остави да темите „созреат органски“, наместо постојано да седи и да се обидува да ги вметне овие идеи во главите на читателите.[37] Во ист контекст влегува и постојано присутната тема за младоста, за што како што објаснува Роулинг таа решително ги откривала сексуалните определби на нејзините ликови и не оставајќи го Хари, како што таа вели, „заглавен во состојба на постојана пред полна зрелост“.[38] Роулинг вели дека, за нејзе, поучната важност на книгите изгледа „повеќе од очигледна“. Клучната работа за нејзе бил изборот помеѓу што е исправно, а што е лесно, „бидејќи така... започнува насилството, луѓето стануваат апатични и секогаш го одбираат полесниот пат, и без да знаат во следниот момент се наоѓаат во незгода/неволја“.[39]

Потекло и историја на издавање уреди

Во 1990, Џ. К. Роулинг била на преполн воз од Манчестер до Лондон кога идејата за Хари одеднаш „се појавила во нејзината глава“. Роулинг дава образложение за искуството на нејзиното мрежно место велејќи:[40]

„Пишував речиси непрекинато уште од шест годишна возраст, но никогаш не сум била повозбудена за некоја идеја претходно. Едноставно седнав и помислив, цели четири (доцнени) часа и сите детаљи се појавија во мојот мозок, и тоа слабо, црнокосо, момче со очила кое не знае дека е волшебник стануваше сè повеќе и повеќе вистинто за мене.“

Роулинг ја завршила Хари Потер и Каменот на мудроста во 1995 и го испратила ракописот на неколку потенцијални литературни посредници.[41] Вториот посредник со кој се обидела, Кристофер Литл, и предложил да ја претставува и да го прати ракописот на Bloomsbury. Откако осум други издавачи ја одбиле Каменот на мудроста, Bloomsbury и понудил на Роулинг 2,500 фунти однапред за нејзиното издавање.[42][43] Наспроти изјавата на Роулинг дека таа немала ниту една старосна група на ум кога започнала да ги пишува Хари Потер книгите, издавачите ги одбрале читателите од 9 до 11 години.[44] На вечерта на издавањето, Роулинг била замолена од страна на издавачите да присвои по родово-неутрален псевдоним со таа цел да ги привлечат и машките членови на оваа старосна група, плашејќи се дека тие не би биле заинтересирани во читање на роман напишан од жена. Таа се решила да го одбере Џ. К. Роулинг (Џоан Кетлин Роулинг), користејќи го името на својата баба како свое второ име бидејќи таа немала свое средно име.[43][45]

Хари Потер и Каменот на мудроста беше издадена од Bloomsbury, издавачот на сите Хари Потер книги во Обединетото Кралство, на 30 јуни 1997.[46] Беше издадена во САД на 1 септември 1998 од Scholastic — американскиот издавач на книгите - како Harry Potter and the Sorcerer's Stone,[47] откако Роулинг прифатила 105,000 долари за американските права — нечуен износ за детска книга од тогаш непознат автор.[48] Плашејќи се дека американските читатели нема да го поврзат зборот „philosopher (филозовски)“ со магична тема (бидејќи каменот на мудроста е поврзано со алхемија), Scholastic инсистирал книгата да биде именувана како Harry Potter and the Sorcerer's Stone за американскиот пазар.

Втората книга, Хари Потер и Одајата на тајните е првобитно издадена во Обединетото Кралство на 2 јули 1998 и во САД на 2 јуни 1999.[49][50] Хари Потер и Затвореникот од Азкабан беше издадена една година подоцна во ОК на 8 јули 1999 и во САД на 8 септември 1999.[49][50] Хари Потер и Пламениот Пехар е издадена на 8 јули 2000 во исто време и до Bloomsbury и од Scholastic.[51] Хари Потер и Редот на фениксот е најдолгата книга во серијалот со вкупно 766 страници кај англиската верзија и со 870 страници кај американската верзија.[52] Беше издадена насекаде во светот на англиски јазик на 21 јуни 2003.[53] Хари Потер и Полукрвниот Принц беше издадена на 16 јули 2005 и продаде 11 милиони копии во првите 24 часа од продажба.[54][55] Седмиот и последен роман, Хари Потер и Реликвиите на смртта, беше издаден на 21 јули 2007.[56] Книгата продаде 11 милиони копии во првите 24 часа од нејзиното издавање, сведувајќи на 2.7 милиони копии во ОК о 8.3 милиони во САД.[57]

Преводи уреди

Серијалот е преведен на 67 јазици,[58][59] ставајќи ја Роулинг помеѓу најпреведуваните автори во историјата.[60] Првиот превод е на американско-англиски, иако многу зборови и замисли користени од ликовите во романите не сакајќи можат да доведат до ги доведат повеќе до младата американска публика.[61] Подоцна, книгите беа преведени на поинакви јазици како украински, хинди, бенгалски јазик, велшки, африканс, летонски и виетнамски. Првиот дел е преведен на латински, а дури и на старогрчки,[62] правејќи го најдолгото издадено дело на старогрчки по Heliodorus of Emesa од третиот век пр.н.е.[63]

Некои од преведувачите задолжени за преводот на книгите биле добро познати уште од пред нивната работа на Хари Потер, како на пример Виктор Голишев, кој беше задолжен за рускиот превод на петтата книга од серијалот. Турскиот превод на од втората до седмата книга е преземен од Севин Окјеј, популарен литературен критичар и културен коментатор.[64] Поради причини на таинственост, преводот може да започне само ако претходно книгите се издадени на англиски; иако и така има задоцнување од неколку месеци пред преводите се достапни. Ова води до повеќе и повеќе копии на англиските изданија кои се продадени на нетрпеливи обожаватели од земји во кои не се зборува англиски. Ваква беше вревата за читање на петтата книга чие издание на англиски јазик стана првата книга на англиски јазик која се најде на врвот на бестселер листата во Франција.[65]

Комплетирање на серијалот уреди

Во декември 2005, Роулинг изјави на своето мрежно место, „2006 ќе биде годината кога ќе ја пишувам последната книга од Хари Потер серијалот.“[66] Потоа следеа ажурирања на нејзиниот интернет дневник бележувајќи го напредокот на Хари Потер и Реликвиите на смртта, со издавачкиот датум на 21 јули 2007. Самата книга беше завршена на 11 јануари 2007 во Хотел Балморал, Единбург, каде испишала порака на задниот дел од градите на Хермес. Таа гласеше: „Џ. К. Роулинг заврши со пишувањето на Хари Потер и Реликвиите на смртта во оваа соба (652) на 11 јануари 2007.“[67]

Лично Роулинг изјави дека последните поглавја од последната книга (всушност, епилогот) бил завршен „во нешто како 1990“.[68][69] Во јуни 2006, Роулинг, со појавувањето на британското ток шоу Ричард & Џуди, изјави дека поглавјето било така изменето со што еден лик бил „помилуван“ и два други лика кои претходно ја преживеале приказната вусшност се сега убиени. На 28 март 2007, кориците на возрасните и детските верзии на Bloomsbury и верзиите на Scholastic беа издадени.[70][71]

Достигнувања уреди

Културно влијание уреди

Награди и почести уреди

Рекламен успех уреди

Критики, пофалби и расправи уреди

Литературни киртики уреди

Културни критики уреди

Расправии уреди

Адапции уреди

Аудио книги уреди

Сите Хари Потер книги се издадени во целосни аудио книги. Британските верзии се читани од The UK versions are read by Стивен Фрај, а американските верзии се читани од Џим Дејл. Дејл е исто така раскажувач на специјалните дискови на DVD-јата.

Наводи уреди

  1. Предлошка:Цитирана веб астраница
  2. name="Translations for Harry Potter"
  3. name="boxofficemojo"
  4. „Coming Sooner: Harry Potter Changes Release Date“. TVGuide.com. Архивирано од изворникот на 2009-04-18. Посетено на 15 април 2009.
  5. „Business big shot: Harry Potter author JK Rowling“. London. Посетено на 14 јули 2009.
  6. „Review: Gladly drinking from Rowling's 'Goblet of Fire'. CNN. 2000-07-14. Посетено на 2008-09-28.
  7. 7,0 7,1 „A Muggle's guide to Harry Potter“. BBC. 2004-05-28. Посетено на 2008-08-22.
  8. Frauenfelder, David (17 20 јули,07). „Harry Potter, Hogwarts and Home“. The News & Observer Publishing Company. Архивирано од изворникот на 2008-12-18. Посетено на 2008-09-29. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  9. Hajela, Deepti (14 20 јули,05). „Plot summaries for the first five Potter books“. SouthFlorida.com. Посетено на 2008-09-29. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 10,6 10,7 „The Harry Potter stories so far: A quick CliffsNotes review“. USA Today. Посетено на 2008-09-28. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  11. „Harry Potter and the parallel universe“. Telegraph.com. Посетено на 2008-09-28.
  12. „J K Rowling at the Edinburgh Book Festival“. J.K. Rowling.com. 2004-08-15. Архивирано од изворникот на 2008-08-23. Посетено на 2008-09-27.
  13. Maguire, Gregory (1999-09-05). „Harry Potter and the Prisoner of Azkaban“. The New York Times. Посетено на 2008-09-28. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  14. King, Stephen (2000-07-23). „Harry Potter and the Goblet of Fire“. The New York Times. Посетено на 2008-09-28. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  15. King, Stephen (2000-07-23). „Harry Potter and the Goblet of Fire 2“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 2009-04-16. Посетено на 2008-09-28. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  16. 16,0 16,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име hp-phoenix-plot.
  17. A. Whited, Lana. (2004). The Ivory Tower and Harry Potter: Perspectives on a Literary Phenomenon. University of Missouri Press. стр. 371. ISBN 9780826215499.
  18. 18,0 18,1 Kakutani, Michiko (2005-07-16). „Harry Potter Works His Magic Again in a Far Darker Tale“. The New York Times. Посетено на 2008-09-28. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  19. „How Rowling conjured up millions“. BBC. Посетено на 2008-09-07.
  20. „Comic Relief : Quidditch through the ages“. Albris. Посетено на 2008-09-07.
  21. „The Money“. Comic Relief. Архивирано од изворникот на 2007-10-29. Посетено на 2007-10-25.
  22. „JK Rowling Fairy Tales To Go On Sale For Charity“. ANI. 2008. Архивирано од изворникот на 2008-08-10. Посетено на 2 август 2008.
  23. „JK Rowling book fetches £2 m“. BBC. 2007-12-13. Посетено на 2007-12-13.
  24. „Amazon purchase book“. Amazon.com Inc. Посетено на 2007-12-14.
  25. Williams, Rachel (2008). „Rowling pens Potter prequel for charities“. The Guardian. Посетено на 2008-05-31.
  26. Anne Le Lievre, Kerrie (2003). „Wizards and wainscots: generic structures and genre themes in the Harry Potter series“. CNET Networks, Inc., a CBS Company. Архивирано од изворникот на 2008-12-06. Посетено на 2008-09-01.
  27. 27,0 27,1 27,2 „Harry Potter makes boarding fashionable“. BBC. 1999. Посетено на 2008-09-01.
  28. „Wild About Harry“. The New York Times. 2000-07-23. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  29. 29,0 29,1 Grossman, Lev. „Harry Potter's Last Adventure“. Time Inc. Архивирано од изворникот на 2008-08-27. Посетено на 2008-09-01.
  30. „Two characters to die in last 'Harry Potter' book: J.K. Rowling“. CBC. 2006. Архивирано од изворникот на 2012-11-11. Посетено на 2008-09-01.
  31. „Press views: The Deathly Hallows“. Bloomsbury Publishing. Посетено на 2008-08-22.
  32. Geordie Greig (11 јануари 2006). 'There would be so much to tell her...'. Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 2007-03-11. Посетено на 2007-04-04.
  33. Greenwald, Janey (2005). „Understanding Harry Potter: Parallels to the Deaf World“. The Journal of Deaf Studies and Deaf Education. 10 (4): 442–450. doi:10.1093/deafed/eni041. PMID 16000691.
  34. Duffy, Edward (2002). „Sentences in Harry Potter, Students in Future Writing Classes“. Rhetoric Review. 21 (2): 177. doi:10.1207/S15327981RR2102_03.
  35. „J. K. Rowling at Carnegie Hall“. The Leaky Cauldron. The Leaky Cauldron. 2007. Посетено на 2007-10-21.
  36. „JK Rowling outs Dumbledore as gay“. BBC News. BBC. 2007-10-21. Посетено на 2007-10-21.
  37. „Mzimba, Lizo, moderator. Interview with Steve Kloves and J.K. Rowling“. Quick Quotes Quill. February, 2003. Посетено на 2008-07-28. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  38. „About the Books: transcript of J.K. Rowling's live interview on Scholastic.com“. Quick-Quote-Quill. 16 февруари 1999. Посетено на 2008-07-28.
  39. Max, Wyman (26 октомври 2000). "You can lead a fool to a book but you cannot make them think": Author has frank words for the religious right“. The Vancouver Sun (British Columbia). Посетено на 2008-07-28.
  40. Rowling, J. K. (2006). „Biography“. JKRowling.com. Архивирано од изворникот на 2008-12-17. Посетено на 2006-05-21.
  41. „Final Harry Potter book set for release“. Euskal Telebista. 2007-07-15. Посетено на 2008-08-21.
  42. Lawless, John (2005). „Nigel Newton“. The McGraw-Hill Companies Inc. Посетено на 2006-09-09.
  43. 43,0 43,1 A. Whited, Lana. (2004). The Ivory Tower and Harry Potter: Perspectives on a Literary Phenomenon. University of Missouri Press. стр. 351. ISBN 9780826215499.
  44. Huler, Scott. „The magic years“. The News & Observer Publishing Company. Архивирано од изворникот на 2008-12-18. Посетено на 2008-09-28.
  45. Savill, Richard (2001-06-21). „Harry Potter and the mystery of J K's lost initial“. Telegraph.com. Посетено на 2008-09-27.
  46. „The Potter phenomenon“. BBC. 2003-02-18. Посетено на 2008-09-27.
  47. „Wild about Harry“. NYP Holdings, Inc. Архивирано од изворникот 2012-09-09. Посетено на 2008-09-27.
  48. Rozhon, Tracie (2007-04-21). „A Brief Walk Through Time at Scholastic“. The New York Times. стр. C3. Посетено на 2007-04-21. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  49. 49,0 49,1 „A Potter timeline for muggles“. Toronto Star. 2007-07-14. Посетено на 2008-09-27.
  50. 50,0 50,1 „Harry Potter: Meet J.K. Rowling“. Scholastic Inc. Посетено на 2008-09-27.
  51. „Speed-reading after lights out“. Guardian News and Media Limited. 2000-07-19. Посетено на 2008-09-27.
  52. „Harry Potter and the Internet Pirates“. The New York Times. Посетено на 2008-08-21. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  53. Cassy, John (2003-01-16). „Harry Potter and the hottest day of summer“. Guardian News and Media Limited. Посетено на 2008-09-27.
  54. „July date for Harry Potter book“. BBC. 2004-12-21. Посетено на 2008-09-27.
  55. „Harry Potter finale sales hit 11 m“. BBC News. Посетено на 2008-08-21.
  56. „Rowling unveils last Potter date“. BBC. 2007-02-01. Посетено на 2008-09-27.
  57. „Harry Potter finale sales hit 11 m“. BBC. 2007-07-23. Посетено на 2008-08-20.
  58. „Rowling 'makes £5 every second'. British Broadcasting Corporation. 3 октомври 2008. Посетено на 17 октомври 2008.
  59. „Harry Potter breaks 400m in sales“. Guardian News and Media Limited. 18 June 2008. Посетено на 17 октомври 2008.
  60. KMaul (2005). „Guinness World Records: L. Ron Hubbard Is the Most Translated Author“. The Book Standard. Архивирано од изворникот на 2008-03-08. Посетено на 19 јули 2007.
  61. „Differences in the UK and US Versions of Four Harry Potter Books“. FAST US-1. 21 јануари 2008. Архивирано од изворникот на 2015-03-19. Посетено на 17 август 2008.
  62. Wilson, Andrew (2006). „Harry Potter in Greek“. Andrew Wilson. Посетено на 28 јули 2008.
  63. Castle, Tim (2 декември 2004). „Harry Potter? It's All Greek to Me“. Reuters. Посетено на 28 јули 2008.
  64. Güler, Emrah (2005). „Not lost in translation: Harry Potter in Turkish“. The Turkish Daily News. Посетено на 9 мај 2007. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  65. Staff Writer (1 јули 2003). „OOTP is best seller in France — in English!“. BBC. Посетено на 28 јули 2008.
  66. „Rowling gearing up for final 'Potter'. CNN. 27 декември 2005. Посетено на 28 септември 2008.
  67. „Potter author signs off in style“. BBC. 2 февруари 2007.
  68. "Rowling to kill two in final book". BBC. 27 June 2006. Посетено на 25 јули 2007.
  69. "Harry Potter and Me". BBC News. 28 декември 2001. Посетено на 12 септември 2007.
  70. „Harry Potter and the Deathly Hallows at Bloomsbury Publishing“. Bloomsbury Publishing. Архивирано од изворникот на 2014-08-10. Посетено на 28 септември 2008.
  71. „Cover Art: Harry Potter 7“. Scholastic. Посетено на 28 септември 2008.