Хан Феј

кинески философ

Хан Феј (кинески: трад. 韓非, упр. 韩非, пинјин: Han Fei; ~ 280–233 п.н.е.) или Хан Фејце[1]кинески филозоф, еден од основачите на влијателното учење легизам, заедно со Ли Се, Шанг Јанг, Шен Дао и Шен Бухај. За разлика од другите прочуени филсоофи во неговото време, Хан Фејце бил аристократ, член на владејачкo семејство на државата Ха за време на Периодот на завојуваните држави. Во овој контекст, се смета дека делата ги пишувал со намера да го подучи неговиот братучед, кралот на Хан.[1]

Хан Феј
韓非
Роден(а)281 п.н.е.
држава Хан
Починал(а)233 п.н.е. (на 47-48 г.)
држава Ќин
Причина за смртсамоубиство со отров
Занимањефилозоф
Значајни делаХан Фејце
Влијанија одСјин-це, Шанг Јанг, Шен Бухај, Шен Дао
Движењелегизам

Легизам уреди

Хан Феј припаѓал на учењето наречено легизам, кое поаѓа од тоа дека луѓето по природа се лоши и секогаш изнаоѓаат начини да избегнат последиците, истовремено настојувајќи да извлечат што поголема корист за себе. Затоа, учењето вели дека законот мора да ги казнува непожелните постапки што построго, но и да ги наградува тие што го почитуваат. Во неговата општествена мисла, Хан Феј ги соединува идеите на Шанг Јанг, Шен Бухај и Шен Дао. Првиот дава акцент на законите, вториот на методите, а третиот на авторитетот и пророшотвото. Во неговото толкување на легизмот, ХанФеј дава особен нагласок на тоа дека самодржецот може успешно да наметне и одржи силно владеење на правото осознавајќи и применувајќи ги следниве три начела: неговиот авторитет (勢, ше,); извесни методи (術, шу) и законите (法, фа), опишани во неговото дело „Хан Фејце“.

Споредба со конфуцијанството и даоизмот уреди

Покрај неговиот учител, конфуцијанскиот филозоф Сјин-це, политичката мисла на Хан Феј се развила под влијание на даоистичкото дело „Даодеѓинг“ од Лао-це, кој Хан го толкува како политичко дело во неговиот осврт (гл. 20 и 21 од „Хан Фејце“). Според него, „дао“ (патот, начинот) е природна законитост која се наметнува насекаде и сè што постои мора да ја следи. По аналогија, Хан сметал дека законите што ги носи владетелот се израз на истата природна сила, на која народот не може да ѝ се спротивставува.

Учењето на Хан Феј оставиле голем белег во владеењето на првиот крал на Ќин и прв цар на Кина, Ќин Ше Хуанг, за кого Феевиот легизам било главно начело. По падот на династијата Ќин, властите на династијата Хан ја прогласила Феевата филозофија за злобна и тиранска. И покрај озлогласеноста на неговото учење, политичките теории на Хан Фејце останале големо влијание врз сите понатамошни династии, а со тоа конфуцијанскиот идеал за власт без закони никогаш не се остварил.

Сите поединечни дела и мисли на Хан Фејце се собрани во книгата „Хан Фејце“ со 55 глави.

Наводи уреди

  1. или пак Хан Феј-це (韓非子)
  1. ^ Watson, Burton, Han Fei Tzu: Basic Writings. 1964, стр. 2. Се смета дека се работи за кралот Ан или неговиот претходник, кралот Хуанхуј (272–239 п.н.е.)

Надворешни врски уреди