Фјордленд (англиски: Fiordland) е географска област во Нов Зеланд која се наоѓа во југозападниот агол на Јужниот остров. Речиси целата област е покриена со Националниот парк Фјордленд, кој зафаќа површина од 12,120 км² и со тоа е најголемиот национален парк во Нов Зеланд и еден од најголемите во светот. Фјордленде има многу малку жители и е најненаселената област во Нов Зеланд.

Езерото Маријан во Националниот парк Фјордленд Хомеровиот тунел на патот кон Милфордскиот Залив
Западниот портал на Хомеровиот тунел зиме

Името „Фјордленд“ доаѓа од норвешкиот збор „фјорд“. Тука има бројни фјордови, од кои најпознат е Милфордскиот Теснец.

Во рамките на Фјордленд се наоѓаат Брауновите Водопади и Садерлендските Водопади, кои се едни од највисоките во светот.

Езерото Те Анау како и самото гратче Те Анау се наоѓаат на источниот крај. Од 1989 областа е дел од регионот Саутленд.

Надворешни врски уреди