Фрида Кало (шпански: Frida Kahlo), чие целосно име било Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон (Magdalena Carmen Frida Kahlo y Calderón; 6 јули 190713 јули 1954) — истакната мексиканска сликарка, најпозната по нејзините автопортрети.

Фрида Кало
Frida Kahlo
„Автопортрет со раскинат ѓердан и колибри“ (1940)
Роден(а)Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон[1][1]</ref>
6 јули 1907(1907-07-06)
Мексико, Мексико
Починал(а)13 јули 1954(1954-07-13) (возр. 47)
Мексико, Мексико
НационалностМаксиканка
Образованиесамоука
Познат(а) посликарство
Правецнадреализам, магичен реализам
Фрида Кало и Диего Ривера на фотографија од Карл Ван Вехтен

Живот уреди

Фрида Кало била ќерка на Вилхелм Кало, германец, роден во Баден-Баден од еврејски родители, и кој подоцна од Унгарија емигрирал во Мексико. Имала мошне бурен живот. Тврдела дека се родила во 1910 год. и дека е ќерка на Мексиканската револуција и на современо Мексико. Нејзиното уметничко творештво во последните години било изложено на превреднување, особено во Европа преку поставување на многубројни изложби.

Уште како малечка имала деформација на ‘рбетниот столб која нејзините родители и луѓето во опкружувањето мислеле дека е детска парализа (од истото боледувала и нејзината помлада сестра). Уште од раната младост покажала изразит уметнички талент и еден независен и страстен дух кој се противел на секоја општествена конвенција.

Подоцна станува жртва во сообраќајна несреќа која настанала меѓу автобусот во кој се возела и трамвај и како последица на истата се здобила со фрактура на ‘рбетниот столб. Имено, држач од автобусот ѝ се забил во грбот при што ѝ предизвикал силно крвавење. Тоа ќе ѝ го обележи животот приморувајќи ја на бројни хируршки интервенции. Веднаш по несреќата, откако била пуштена од болницата, била приморана да лежи во кревет со гипс на горниот дел од телото. Оваа принудувачка ситуација ја поттикнала да чита книги во врска со комунистичкото движење, како и да црта (нејзиниот татко исто така бил сликар). Првото нешто кое го насликала било нејзиното стапало кое успевала да го види меѓу покривките од креветот. Оттука изборот на родителите да ѝ подарат кревет со балдахин и со огледало на неговиот таван, за да може да се гледа, како и бои; оттаму започнала серијата на автопортрети. Откако ѝ бил отстранет гипсот, успеала да почне повторно да оди, иако со многу болка која ќе ја поднесува целиот свој живот. Му ги однела своите слики на Диего Ривера, истакнат ѕиден сликар од тоа време, за да даде своја критика. Ривера бил толку погоден од модерниот стил на младата сликарка што ја зел под своја закрила и ја вовел на политичко-културната мексиканска сцена.

Набрзо станува активистка во мексиканската комунистичка партија чиј член станала во 1928 год., учествувала на бројни манифестации, а во меѓувреме се вљубила во својот „водич“ и ментор. Всушност, на 21 август 1929 год. се омажила за Ривера, кој за него претставувал веќе трет брак, и покрај тоа што таа знаела дека со тој брак ќе оди во пресрет на неговите бројни вонбрачни љубовни авантури. Таа, од своја страна, го правела истото, стекнувајќи дури и бисексуални искуства.

Во тој период на Ривера му биле доделени некои уметнички задачи во САД, како на пример сликањето на ѕидовите во внатрешноста на Рокфелер Центарот во Њујорк и фреските за меѓународниот саем во Чикаго. Подоцна поради реакцијата која ја предизвикал со една фреска во Рокфелер Центарот на која работник бил јасно насликан со лицето на Ленин, веднаш му биле откажани сликарските ангажмани. Во истиот период на престој во Њујорк, Фрида останала бремена, за подоцна да има спонтан абортус во поодминат стадиум на бременоста, кој бил предизвикан поради несоодветноста на нејзината физичка градба да ја издржи бременоста. Тоа, се разбира, многу ја потресло. Тогаш одлучува, заедно со сопругот, да се вратат во Мексико.

Двајцата одлучуваат да живеат во две одвоени куќи, кои, сепак, биле поврзани со мост, за да можат двајцата сликари да имаат свој уметнички простор. Во 1939 год. доаѓа до развод поради неверството на Ривера со сестрата на Фрида.

Повторно се омажила за Ривера во 1940 год. во Сан Франциско. Од него попримила стил во духот на наивното сликарство на кој насликала мали автопортрети инспирирани од народната уметност и од преколумбиските традиции. Нејзината јасна намера била, преку сликање на теми од домородните цивилизации, да го нагласи недвосмислено својот сопствен мексикански идентитет.

Нејзина најголема болка бил фактот дека немала деца. Нејзината страствена љубовна приказна со Ривера е раскажано во еден нејзин дневник. Имала - велат хрониките - бројни љубовници од двата пола чии имиња, ни во тоа време, не можеле да не останат незабележани како на пример она на рускиот револуционер Лав Троцки и на поетот Андре Бретон. Била пријателка и веројатно и љубовница на Тина Модоти, милитантен комунист и фотограф од Мексико во дваесеттите години на XX век.

Сликарски особености уреди

По инцидентот кој ја приморал со месеци да лежи неподвижна во својот кревет, благодарение токму на таа неподвижност, го открила својот сликарски талент. Мајка ѝ како подарок ѝ дала кревет со балдахин и огледало на горниот дел за да може да се гледа додека слика. Поради својата „лежечка“ позиција, на почетокот цртала автопортрети. Првиот кој го насликала му бил посветен на Алесандро, нејзина љубов од младоста. На нејзините слики преовладуваат бројни драматични моменти, но и со примеси на фантастични елементи.

Културно влијание уреди

Фрида Кало е првата латиноамериканска жена која била насликана на поштенска марка од САД, издадена на 21 јуни 2001. Сликата која била избрана за таа цел е еден нејзин автопортрет насликан во 1933.

Животот, страста и смртта на Фрида Кало се раскажани во барем три филмови. Последниот од нив, насловен како „Фрида“ и снимен според биографијата напишана од Хајден Херера, го режирала Џули Тејмор и истиот бил претставен на Венецијанскиот филмски фестивал во 2002 год.

Наводи уреди

  1. Тука внесете текст за во фуснота

Надворешни врски уреди