Флеминг — област и ридски масив кој се протега 100 километри од реката Елба до реката Даме во германските покраини Саксонија-Анхалт и Бранденбург. Негов највисок врв е Хагелберг (201 м). Името Флеминг потекнува од 12 век, кога фламанските доселеници дошле да се населуваат во областа од пренаселените градови во Фландрија.

Флеминг
Планина
Пејзаж близу Белциг
Земја Германија
Региони Бранденбург, Саксонија-Анхалт
Највисока точка Хагелберг
 - височина 201 м
Геологија леднички седимент
Орогенија Плеистоцен

Денес, Флеминг е рурална област, која има корист од нејзината близина на метрополитенската област на Берлин. Туризмот станал важен економски сектор. Со неговите три природни паркови (Природен парк Горен Флеминг, Природен парк Флеминг и Природен парк Нуте-Ниплиц), насочени кон пешачењето, велосипедизмот и рекреацијата во природа. Друга туристичка атракција е Флеминг-Скејт, кој е една од најдолгите патеки за возење ролерки во Европа (190 км).

Градовите Цизар, Бад Белциг, Нимег, Тројенбрицен, Јитербог, Барут/Марк, Даме/Марк, Витенберг, Лобург, Мекерн и Цербст, како и општините Визенбург (Марк) и Рабенштајн/Флеминг, се наоѓаат во или на границата на Флеминг.

52°00′N 12°45′E / 52.000° СГШ; 12.750° ИГД / 52.000; 12.750