Фитоценологија или геоботаника — оддел на биологијата кој се наоѓа на границата помеѓу ботаниката и екологијата. Таа е наука за растителноста (растителноста) на Земјата, за севкупноста на растителните заедници (фитоценози), нивниот состав, структура, динамика во просторот и времето на секоја територија и акваторија на Земјата.

Фитоценологијата е наука за растителните заедници.

Терминологија уреди

Во руската научна литература, геоботаниката се смета за синоним на фитоценологијата. И двата термина се употребуваат паралелно и се нашироко распространети. Терминот "геоботаника" го нагласува значењето на животната средина (почва, клима и сл.) врз организацијата на фитоценозите, додека терминот "фитоценологија" произлегол од предметот на проучувањето на оваа наука — фитоценозата.

Во европската традиција почесто се користи терминот "фитосоциологија", кој ги нагласува заемодејствата помеѓу растенијата како основа на организацијата на фитоценозата. Обично фитосоциологијата се дели на фитоценологија, фитогеографија (географија на растенијата) и историска геоботаника.

Терминот "геоботаника" бил предложен во 1866 едновремено од страна на рускиот ботаничар и педолог Франц Иванович Рупрехт (18141870) и австрискиот ботаничар Август Рудолф Гризебах (18141879). Терминот "фитоценологија" е воведен во 1918 од страна на Австриецот Х. Гамс.

Предмет на проучување уреди

Најопшто, предмет на проучување на фитоценологијата е растителниот покривач, кој ја претставува севкупноста на растенијата што ги образуваат растителните заедници во пределите од даден дел на Земјината топка. Растителниот покривач е расчленет на одделни просторни единици — фитоценози. Фитоценозата е растителна заедница, во рамките на која растителниот покривач има сличности во флористичкиот состав, структурата, заемодејствата помеѓу растенијата-сожители. Севкупноста на фитоценозите од одделните региони на Земјата се нарекува растителност (на пример, растителност на Европа, растителност на Општина Битола итн.).

Како основна систематска единица во фитоценологијата се јавува растителната асоцијација. Според П. Ф. Лејсле (1966) "асоцијација претставува најмалата и највлијателната физиономска единица од растителниот покривач; таа се состои од делови на растителноста кои имаат иста физиономичност, структура, видов состав и се разместени во слични услови на стаништето". Според оваа дефиниција, асоцијацијата е слична со растителната заедница. Асоцијациите на фитоценози се одликуваат со неколку одлики — видов и флористички состав, катовност, бројност на видови, проективно покривање, броен сооднос на видовите. Асоцијациите се обединуваат во групи на асоцијации, тие во формации, класи од формации и типови на растителност. Другите синтаксономски единици се претставени на долните табели.

Синтаксономски едници
име на единицата наставка пример
Асоцијација -etum Angelico oleracei-Cirsietum palustris
Сојуз -ion Fagion silvaticae
Ред -etalia Arrhenatheretalia elatioris
Класа -etea Festuco-Brometea
Помали единици
име на единицата наставка пример
Субасоцијација -etosum Lathyro versicoloris-Quercetum pubescentis poetosum
Подсојуз -enion Acerenion pseudoplatani
Подред -enalia  
Поткласа -enea  

Концепции за организацијата на растителниот покривач уреди

Развитокот на фитоценологијата во текот на XX век го карактеризираат две спротивставени концепции за природата на растителниот покривач. Тоа предизвикало различен пристап во проучувањето на растителноста. Првата — концепција на дискретноста на растителниот покривач — ги разгледува заедниците како реални, објективно постоечки и историски зависни единици, одделени една од друга со повеќе или помалку остри граници. Оваа концепција добила широка поддршка во почетните етапи од развитокот на фитоценологијата (1910, 1950) и е поврзана со имињата на видните геоботаничари од тие времиња — Фредерик Клементс (САД) и Владимир Николаевич Сукачев (Русија). Тие заедницата ја гледаат како некој аналог на организмот со исклучително сложена детерминирана структура и динамика.

Втората — концепција на континуумот — ја разгледува фитоценозата како условна и вештачки одделена единица од растителниот континуум. Се заснова на индивидуалистичката хипотеза, формирана од рускиот научник Леонтиј Григоревич Раменски во 1910 година. Суштината на оваа хипотеза е дека секој вид е специфичен по своето однесување кон животната средина и поседува еколошка амплитуда која не се совпаѓа во целост со амплитудите на другите видови (односно секој вид е распореден "индивидуалистички").

Денес се смета дека растителниот покривал е единство на дискретност и континуитет. Во суббореалните и бореални шуми, степенот на дискретност се зголемува; на ливадите, во степите и тропските шуми тој се намалува и тука расте степенот на континуитет.

Гранки на фитоценологијата уреди

  • општа фитоценологија
    • изучување на структурата на фитоценозите
    • изучување на динамиката на фитоценозите (синдинамика)
    • класификација на фитоценозите (синтаксономија)
    • геоботаничко реонирање и картографирање;
    • индикативна геоботаника или фитоиндикација — индикација на факторите на средината врз основа на растителноста
  • посебна геоботаника
    • тундроучение
    • блатоучение
    • шумоучение
    • ливадоучение
    • растителност на сушните подрачја.

Литература (руски) уреди

Историја на фитоценологијата уреди

  • Дохман Г. И. История геоботаники в России. — М.: Наука, 1973. — 286 с.
  • Работнов Т. А. История геоботаники. — М.: Аргус, 1995. — 158 с.
  • Трасс Х. Х. Геоботаника: история и тенденции развития. — Л.: Наука, 1976. — 252 с.

Учебници и учебни помагала уреди

  • Быков Б. А. Геоботаника. — Алма-Ата: Наука, 1978—287 с.
  • Вальтер Г. Общая геоботаника. — М.: Мир, 1982. — 261 с.
  • Воронов А. Г. Геоботаника. — М.: Высшая школа, 1973. — 384 с.
  • Ипатов В. С., Кирикова Л. А. Фитоценология. — СПб.: Изд-во СПбГУ, 1998. — 314 с.
  • Миркин Б. М., Наумова Л. Г., Соломещ А. И. Современная наука о растительности. — М.: Логос, 2001. — 264 с.
  • Одум Ю. Основы экологии. — М.: Мир, 1975.
  • Основы лесной биогеоценологии. — М.: Наука, 1964.
  • Работнов Т. А. Фитоценология. — М.: Изд-во МГУ, 1983. — 292 с.
  • Работнов Т. А. Фитоценология. — М. Изд-во МГУ, 1992. — 352 с.
  • Работнов Т. А. (1995). История фитоценологии: Учебное пособие (PDF). М.: Аргус. стр. 158. ISBN 5-85549-074-2.
  • Толмачев А. И. Введение в географию растений. — Л.: Изд-во ЛГУ, 1974. — 244 с.
  • Ярошенко П. Д. Геоботаника. — М.: Просвещение, 1969. — 200 с.

Методика на фитоценолошките истражувања уреди

  • Александрова В. Д. Изучение смен растительного покрова. М.- Л.: Наука. 1964. Т.3. С. 300—447.
  • Василевич В. И. Статистические методы в геоботанике. — Л.:. Наука, 1969. — 232 с.
  • Викторов С. В., Востокова Е. А., Вышивкин Д. Д. Краткое руководство по геоботаническим съёмкам. — М., 1959.
  • Грейг-Смит П. Количественная экология растений. — М.: Мир, 1967.
  • Злобин Ю. А. Принципы и методы изучения ценотических популяций растений. — Казань, 1989. — 147 с.
  • Методы выделения растительных ассоциаций. — Л.: Наука, 1971.
  • Программа и методика биогеоценологических исследований. — М.: Наука, 1974. — 403 с.
  • Раменский Л. Г. Проблемы и методы изучения растительного покрова. — Л.: Наука, 1971. — 334 с.
  • Розенберг Г. С. Модели в фитоценологии. — М.: Наука, 1984. — 265 с.
  • Федорук А. Т. Ботаническая география. — Мн.: БГУ, 1976. — 224 с.
  • Цыганов Д. Н. Фитоиндикация экологических режимов в подзоне хвойно-широколиственных лесов.

Теоретска фитоценологија уреди

  • Александрова В. Д. Единство непрерывности и дискретности в растительном покрове // Философские проблемы современной биологии. — М.-Л.: Наука, 1966. — С. 191—205.
  • Алехин В. В. Теоретические проблемы фитоценологии и степеведения. — М.: МГУ, 1986. — 213 с.
  • Блюменталь И. Х. Очерки по систематике фитоценозов. — Л., 1990. — 224 с.
  • Василевич В. И. Очерки теоретической фитоценологии. — Л.: Наука, 1983. — 248 с.
  • Миркин Б. М. Закономерности формирования растительности речных пойм. М.: Наука, 1974.
  • Миркин Б. М. Теоретические основы современной фитоценологии. — М.: Наука, 1985.
  • Миркин Б. М. Теория и практика фитоценологии. — М.: Знание, 1981. — 64 с. — (Новое в жизни, науке, технике. Сер. «Биология»; № 7).
  • Миркин Б. М., Розенберг Г. С. Фитоценология: принципы и методы. — М.: Наука, 1978. — 212 с.
  • Общие проблемы фитоценологии. — М.: Наука, 1980.
  • Работнов Т. А. Экспериментальная фитоценология. — М.: Изд-во МГУ, 1987. — 160 с.
  • Разумовский С. М. Закономерности динамики биогеоценозов. — М.: Наука, 1981. — 231 с.
  • Уиттекер Р. Сообщества и экосистемы. — М.: Прогресс, 1980. — 327 с.

Речници уреди

  • Быков Б. А. Геоботанический словарь. — Алма-Ата: Наука, 1973. — 214 с.
  • Миркин Б. М., Розенберг Г. С., Наумова Л. Г. Словарь понятий и терминов современной фитоценологии. — М.: Наука, 1989. — 223 с.
  • Миркин Б. М., Розенберг Г. С. Толковый словарь современной фитоценологии. — М.: Наука, 1983. — 133 с.