Филип Абсолон (англиски:Philip Absolon; 24 ноември 1960) е англиски сликар и член на уметничката група Stuckists.

Филип Абсолон
Филип Абсолон
НационалностБританско
ОбразованиеMedway College of Art and Design, Epsom College of Art
Познат(а) поСликар
Значајни делаJob Club
ПравецСтакизам

Роден е во Кент, и е пра-пра внук на викторијанскиот сликар со водени бои Џон Абсолон (1815-1895). Тој е дислексичен. Почнал да присуствува на Кентовиот институт за уметност и дизајн (1977-9) каде се запознал со поетот Били Чајлдиш и уметникот Бил Луис, и преку кои се поврзал со поезијата и неговата работа, каде што подоцна станал полноправен член на нивната група. На универзитетот Епсон на кој се запишал (1979-1982) неговите слики биле искинати и фрлени по налог на деканот. Во 1987 година неговите слики на тема мачки биле одбивани од страна на Кралската академија на уметности. Поголем дел од својот живот, Абсолом е невработен.

Во 1999 година, Абсолом станал еден од 12-те членови на уметничката група Stuckists, и почнува да ги изложува неговите дела на изложби ширум светот, вклучувајќи ги: Лондон, Париз, Њујорк, и низ разни градови во Германија.

Моментално живее во Норфок, Англија.

Надворешни врски уреди