Филипо Поцато

италијански велосипедист

Филипо „Пипо“ Поцато (италијански: Filippo "Pippo" Pozzato; р. 10 септември 1981 во Сандриго, Венето) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Вини Забу.

Филипо Поцато
Поцато на Гран при де Денен 2016
Лични податоци
Цело имеФилипо Поцато
Роден10 септември 1981(1981-09-10)(42 г.)
Сандриго,  Италија
Висина1,83 м
Маса73 кг
Податоци за клубот
Мом. клубВини Забу
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици
Професионални клубови
2000–2002
2003–2004
2005–2006
2007–2008
2009–2011
2012
2013–2015
2016-
Мапеи-Квик Степ
Фаса Бортоло
Квик Степ-Инерџетик
Ликвигас
Катјуша
Фарнезе Вини-Селе Италија
Лампре-Мерида
Саутист-Венецуела
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2010)
Тур де Франс
2 поединечни етапи (2004, 2007)
Вуелта а Еспања
1 ТТТ етапа (2008)

Етапни трки

Тирено-Адријатико (2003)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2009)
Е3 Харелбеке (2009)
HEW Класик (2005)
ГП Западна Франција (2013)
Милано-Санремо (2006)
Омлоп Хет Волк (2007)
Последна промена
17 април 2017

Како специјалист за северните класици, Поцато завршил 13. (2006 г.), 14. (2007 г.), 6. (2008 г.) и 2. (2012 г.) на Трката околу Фландрија. Негова најдобра завршница на Париз-Рубе било второто место во 2009 година. На Гент-Вевелгем, Поцато завршил 13. (2008 г.) и 4. (2006 г.). На Омлоп Хет Ниувсблад завршил 6. (2003 г.) и 1. (2007 г.). Поцато го освоил Милано-Санремо 2006 и и освоил етапи на сите три големи трки.

Кариера уреди

Мапеи-Квик Степ уреди

Поцато станал професионалец во 2000 година со велосипедската екипа Мапеи, дел од познатата класа ’81, група на нови млади возачи родени во 1981 година, кои биле дел од развојната екипа на Мапеи ТТ3. Други членови во оваа група биле Фабијан Канчелара и Бернхард Ајзел, како и Колобнев и Гришенко од Источна Европа.

Фаса Бортоло уреди

Откако Мапеи го прекинал спонзорството во 2002 година, Поцато му се приклучил на велосипедскиот тим Фаса Бортоло на Џанкарло Ферети. И покрај неговата победа на Тирено-Адријатико во 2003 година и етапната победа на Тур де Франс 2004, личните двобои со Ферети значеле слаби години со Фаса Бортоло во периодот 2002–2004. Во текот на овој период добивал повреди неколкупати и морал да работи за познатиот спринтер Алесандро Петаки во останатото време.

Во текот на сезоната 2004 бил избран да биде дел од италијанската репрезентација на Олимпијадата 2004 како поддршка за неговиот екипен водач Паоло Бетини, кој заминал да победи на настанот.

Квик Степ-Инерџетик уреди

Тој ги обновил контактите со неколку менаџери и спортски директори од Квик Степ-Инерџетик. Екипата Квик Степ-Инерџетик изразиле интерес и Поцато бил во можност да добие учество во сезоната 2005 во трките од UCI ProTour, придружувајќи им се на неколку поранешни возачи од Мапеи, кои веќе биле дел од екипата, како Паоло Бетини и Давиде Брамати.

Сезоната 2005 поминала подобро за Поцато, со победа на HEW Класик пред неговиот колега Лука Паолини.

Во 2006 доживеал победа на првиот голем класик во годината Милано-Санремо, по извонредното возење, кое најпрвин го имал за неговиот екипен водач Том Бонен, но потоа бил присилен да го зададе неговиот победнички напад во финалето.

Ликвигас уреди

Во сезоната 2007, Пипо ѝ се придружил на екипата Ликвигас и ја започнал сезоната одлично, победувајќи на Тур ду Хаут Вар и Омлоп Хет Волк и етапата 5 на Тур де Франс.

Поцато изразнал како закана на северните велосипедски класици, завршувајќи 13. (2006), 14. (2007) и 6. (2008) на Трката околу Фландрија. Неговиот најдобар пласман на Париз-Рубе било второто место во 2009. На Гент-Вевелгем Поцато завршил 13. (2008) и 4. (2006). На Омлоп Хет Волк завршил 6. (2003) и 1. (2007).

Катјуша уреди

Во 2009 ја освоил Е3 Харелбеке. Неговите резултати покажале искуство, смиреност и сила на калдрмите и на белгиските ридови („hellingen“). По освојувањето на второто место на Париз-Рубе 2009, Поцато тврдел дека кога го избегнувал падот на Тор Хушовд загубил 4 или 5 секунди и шанса за победа. Исто така изјавил дека Бонен користел заветрина од официјалните мотори да го зголеми своето водство.[1]

Во 2010 година бил обвинет од неколку возачи, вклучувајќи ги Бјорн Лојкеманс, Бонен и Филип Жилбер за неговата „негативна тактика“ во текот на клучните трки. По овие настани тој го добил прекарот „Сенката“.[2]

Лампре-Мерида уреди

Во 2013 година, Поцато ја освоил својата прва победа во годината на Трофео Лаигвелја, одржан во Лигурија, Италија на главно тесни, предизвикувачки и со многу кривини патишта. Неговата екипа Лампре-Мерида имала член во бегството и ја контролирала главната група, кога Мауро Сантамброџо (Вини Фантини-Селе Италија) нападнал на 3 километри пред целта, а Поцато се уфрлил во неговата заветрина. Во спринтот учествувале четворица возачи, но Поцато бил подобар од нив. Ова било трета победа на Поцато на трката, рекорд во 50-годишната историја на трката.[3] Во септември возел на ГП Западна Франција и иако не бил сметан за фаворит, ја освоил трката, станувајќи само петти Италијанец кој успеал во тоа.

Саутист Про Сајклинг уреди

Во 2016 година ќе вози за нова екипа, италијанската екипа Саутист Про Сајклинг.

Допинг уреди

Во 2012 година, Поцато бил казнет три месеци без трки од Италијанскиот олимписки комитет (CONI) откако било пронајдено дека работел со злогласниот доктор Микеле Ферари од 2005 до 2008 година. Комитетот сакал да му даде суспензија од една година, но морале да ја намалат казната поради технички работи.[4]

Достигнувања уреди

1998
2.   Светско првенство под 19 години - друмска трка
2.   Светско првенство под 19 години - екипна потера
3.   Светско првенство под 19 години - екипен хронометар
1999
3.   Светско првенство под 19 години - екипна потера
2002
1. Краен пласман Вуелта а Куба
1. Етапа 11a
Тур де Норманди
1. Пролог
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5
Трка околу Словенија
1. Етапа 4
1. Етапа 7
Тур де л’Авенир
1. Етапа 1
1. Етапа 5
1. Џиро дел Лаго Маџоре
1. Тур ду Лак Леман
1. Пролог Трка Бохемија
1. Дуо Норман (со Евгениј Петров
2003
1. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 2
1. Трофео Лагвелја
1. Трофео дел’Етна
1. Трофео Матеоти
2004
1. Џиро дела Лигурија
1. Трофео Лагвелја
1. Етапа 7 Тур де Франс
2005
1. HEW Класик 2005
1. Џиро дел Лацио
1. Етапа 2 Трка околу Германија
2006
1. Милано-Санремо
1. Етапа 3 Трка околу Британија
2007
1. Етапа 5 Тур де Франс
1. Тур ду Хаут Вар
1. Омлоп Хет Волк
1. Трофео Матеоти
1. Етапа 6 Трка околу Полска
1. ГП Индустрија & Комерчио ди прато
2008
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
1. Краен пласман Џиро дела Провинција ди Гросето
1. Етапа 1
2. Милано-Санремо
6. Трка околу Фландрија
2009
1.   Национален друмски првак
1. Е3 Харелбеке
1. Етапа 1 Три дена Де Пане
1. Џиро дел Венето
1. Меморијал Чимури
2. Париз-Рубе
2. Трофео Лагвелја
4. Париз-Тур
5. Трка околу Фландрија
2010
1. Етапа 12 Џиро д’Италија
4. Светско друмско првенство UCI
7. Париз-Рубе
2011
1. ГП Бегели
5. Милано-Санремо
2012
1. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
2. Трка околу Фландрија
6. Милано-Санремо
2013
1. Трофео Лаигвелја
1. Копа Уго Агостони
1. ГП Западна Франција
2. Рома Максима
3. Гран Премио дела Коста Етруски
5. Гран при Монтреал
2014
3. Тре Вали Варезине
2016
2. Гран Премио Бруно Бегели
4. Дварс дор Вландерен
7. Краен пласман Џиро ди Тоскана
8. Милано-Санремо
9. Џиро дел Пиемонт
2017
8. Трка околу Фландрија

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Голема трка 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
  Џиро 84 СО 45 СО 120 115
  Тур 116 133 СО 67 100 125
  Вуелта СО СО СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на монументите уреди

Монумент 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Милано-Санремо СО 63 1 19 2 22 29 5 6 33 30 41 8 31
Трка околу Фландрија СО 109 43 13 14 6 5 2 44 17 12 75 8
Париз-Рубе СО 15 35 49 2 7 СО СО 22 50 65
Лиеж-Бастон-Лиеж СО СО СО
Џиро ди Ломбардија СО 42 19 СО СО СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. 107. издание на Париз-Рубе
  2. http://www.sporza.be/cm/sporza/wielrennen/1.518114
  3. Питер Химас (16 февруари 2013). „Поцато победи на Трофео Лаигвелја“. Cyclingnews. Future Publishing Limited. Посетено на 17 февруари 2013.
  4. Грегор Браун (12 септември 2012). „Pozzato escapes lengthy doping ban due to paperwork error“. CyclingWeekly. Посетено на 5 март 2015.

Надворешни врски уреди

Спортски позиции
Претходник
Алесандро Петаки
Победник на Милано-Санремо
2006
Наследник
Оскар Фреир