Фестивал на книги кои се јадат

Меѓународниот фестивал на книги кои се јадат, или уште какошто е познат Денот на книги кои се јадат, се одржува секоја година на или околу први април.[1] Глобалниот настан се прославува секоја година од почетокот на вториот милениум од нашата ера, на различни локации низ целиот свет. Творбите обично пред да се козумираат се фотографираат и се поставуваат на мрежното место www.books2eat.com, како би биле споделени со целата светска популација и зачувани како нематеријално културно наследство.[1][2] Редовни придонесувачи се разни групи од Австралија, Бразил, Индија, Италија, Јапонија, Луксембург, Мексико, Мароко, Монако, Русија, Холандија и Хонгконг. Настанот е поттикнат од Џудит А. Хофберг и Беатрис Корон во 2000 година.[1]

Корицата на "La Physiologie du Goût" ("Психологија на вкусот") од францускиот гастроном Жан Антелм Брилат-Саварин (1755-1826) со потрет на авторот.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „WRITE BITE“. The Week. Malayala Manorama Publications Kochi, Kerala. March 21, 2010. Посетено на 18 March 2010.
  2. „Book2eat gallery“. Colophon Page. Посетено на 18 March 2010.

Надворешни врски уреди