Феникс според египетската митологија — свето митолошко суштество, кое всушност е огнена птица.

Феникс

Се сметало дека живее 500, 1.461 или 12.594 години. Фениксот е машка птица со црвено-златна боја. На крајот од својот живот, фениксот гори, а од пепелта се раѓа нов феникс. Според некои верзии на митот, новиот феникс е потомок на стариот што изгорел, а според други, новиот феникс е всушност стариот кој се преродил. Фениксот имал способност да се самоизлечи ако е повреден, а тоа ја докажува неговата бесмртност - симболот на огнот.

Друга негова одлика е дека со помош на солзите може да излечи каква било рана. Оваа митска птица има шарени перја и опашка од злато и црвено (или виолетова, сина, зелена и според некои легенди). Животниот циклус на фениксот трае од 500 до 1.000 години, а кон крајот на животот гради гнездо на гранчиња што потоа ги пали; гнездото и птицата се вивнуваат во пламен и се пеплосуваат, а од нив се создава јајце и излегува нов феникс. Новиот феникс е предодреден да живее толку колку што живеел постариот. Во некои приказни, градот Хелиополис („град на сонцето“) произлегол од останките на фениксот. Крикот на птицата се сметал за прекрасна песна.

Како симбол уреди

Фениксот е обележје на Општина Центар во Скопје и стои на нејзиниот грб и знаме, симболизирајќи ја повеќекратната преродба на градот по разните доживеани катастрофи во неговата историја, вклучувајќи го последниот земјотрес од 1963 година Во склад со оваа симболика, општината ја доделува наградата „Феникс“ како признание за општествена дејност.

Феникс како тема во уметноста и во популарната култура уреди

Фениксот често се јавува како тема во бројни дела од областа на уметноста и популарната култура, како:

Наводи уреди

  1. Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 85.
  2. Пол Елијар, Времето не проаѓа. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 73-74.
  3. YouYube, The Cult - Phoenix (пристапено на 16.1.2016)
  4. YouTube, Daft Punk - Phœnix (Official Audio) (пристапено на 4.2.2017)
  5. Horhe Luis Borhes, Маštarije. Beograd: Paidea, 2006, стр. 109-111.