Фабио Ару

италијански велосипедист

Фабио Ару (италијански: Fabio Aru; р. 3 јули 1990) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.[2] [3]

Фабио Ару
Лични податоци
Цело имеФабио Ару
ПрекарМалиот ангел
Витезот на четирите Маври
Роден3 јули 1990(1990-07-03)(33 г.)
Сан Гавино Монреале,  Италија
Висина1,81 м
Маса62 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубОАЕ Тим Емирати
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2009–2012 Палацаго
Професионални клубови
2012–2017
2018-
Астана
ОАЕ Тим Емирати
Значајни победи
Голема трка
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2017)
Џиро д’Италија
Пласман за млад возач (2015)
3 поединечни етапи (2014, 2015)
Вуелта а Еспања
Генерален пласман (2015)
2 поединечни етапи (2014)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2017)
Последна промена
14 мај 2019

Ару има освоено етапи на сите три големи трки, вклучувајќи една етапа на Тур де Франс, три етапи на Џиро д’Италија и две етапи на Вуелта а Еспања. Тој е поранешен национален друмски првак од 2017 година. Покрај етапните победи, Ару ја носел водечката маичка на сите три големи трки.

Завршил трет на Џиро д’Италија 2014 и петти на Вуелта а Еспања 2014. Следната година, завршил втор на Џиро д’Италија 2015 пред да ја освои првата голема трка на Вуелта а Еспања 2015. Негов најдобар пласман на Тур де Франс бил петтото место на Тур де Франс 2017.

Кариера уреди

Рана кариера уреди

На 18 години се преселил на копното во Италија за велосипедска кариера во категоријата под 23 години.[4] Се приклучил на екипата Палацаго, каде ја освоил Џиро дела Вале д’Аоста на двапати (во 2011 и 2012 година). Во 2012 година, исто така завршил на второто место зад американскиот возач Џо Домбровски на Џиробио.[5]

Астана (2012-2017) уреди

Ару станал член на екипата во средината на сезоната 2012 по четири поминати години со домашната екипа Палацаго во Италија. Во 2013 година завршил четврти во генералниот пласман на Џиро дел Трентино и го освоил пласманот за млад возач. Ја возел првата негова голема трка, Џиро д’Италија 2013, во поддршка на екипниот предводник Винченцо Нибали. Му помогнал на Нибали да ја освои трката, завршувајќи самиот на 42. место.

2014 уреди

На Џиро д’Италија 2014, Ару ја освоил петнаесеттата етапа и бил трет во генералниот пласман. На следниот негов Гранд Тур, Вуелта а Еспања 2014, Ару ја освоил единаесеттата етапа која завршувала на нагорнина на Алто де Сан Мигел де Аралар, напаѓајќи од водечката група на еден километар пред целта.[6] Го повторил подвигот на осумнаесеттата етапа. Побегнал со Крис Фрум кон крајот на искачувањето и го претекнал неговиот соперник.[7] На крајот, завршил петти на Вуелта, на кој победил Алберто Контадор.[8] Ја завршил сезоната на италијанските есенски класици, завршувајќи четврти на Милано-Торино и деветти на Џиро д’Италија.

 
Ару со црвената маичка на Вуелта а Еспања 2015.

2015 уреди

Во 2015 година, Ару стигнал до шестото место на Волта а Каталуња. Во април, ја пропуштил Џиро дел Трентино поради цревно заболување.[9] Грег Хендерсон го обвинил Ару дека глуми заболување и дека всушност ја избегнува трката поради случајот со биолошкиот пасош.[10] Ару ветил дека ќе го тужи Хендерсон за неговите обвинување додека се подготвувал за Џиро д’Италија.[11] Во мај 2015 година, било објавено дека договорот на Ару со Астана бил обновен до крајот на 2017 година.[12] Џиро д’Италија 2015 започнала лошо за екипата на Ару, Астана, губејќи секунди во однос на Тинкоф-Саксо, екипата во која бил најголемиот соперник Алберто Контадор. Меѓутоа, во многу возбудливата прва недела од трката, Ару го нападнал Контадор на планините предводена од неговата екипа, со што му се доближил на неколку секунди на Контадор во борбата за генералниот пласман.[13][14] И кога Контадор паднал на тринаесеттата етапа, Фабио Ару ја поминал целта пред Контадор, обезбедувајќи ја првата розова маичка во неговата кариера.[15][16] Меѓутоа, следниот ден, на поединечниот хронометар од 59,3 километри, одреден како важен ден на Џирото, Ару изгубил две и пол минути од Контадор, со што ја загубил и розовата маичка.[17] Изгубил повеќе време на етапата до Мортироло, но се вратил на деветнаесеттата етапа кога дошол со емотивна соло победа.[18] На дваесеттата етапа, Ару ја освоил својата втора последователна етапна победа одземајќи му две минути на Контадор, но не успеал да ја преземе розовата маичка.[19]

Ару подоцна се вратил на Трката околу Полска и завршил на петтото место, додека се подготвувал за следната цел во сезоната, Вуелта а Еспања. Се покажал добро во првата недела, пред да ја преземе водечката црвена маичка откако завршил втор на единаесеттата етапа, кралската етапа на Вуелта.[20] Го задржал водството од неколку секунди пред да го загуби од Хоаким Родригес на шеснаесеттата етапа.[21] На седумнаесеттата етапа, поединечен хронометар од 38 километри, успеал да се покаже добро и да се задржи на три секунди од победникот на хронометарот и новиот предводник на Вуелта, Том Димулен. На последните денови, Ару го напаѓал Димулен постојано, обидувајќи се да се врати во црвено. Сè до претпоследната етапа не успеал, отфрлајќи го Димулен и стигнувајќи до неговата прва победа на некоја голема трка, кога заплакал со солзи од олеснување и среќа поминувајќи низ целта.[22]

2016 уреди

Ару ја започнал сезоната 2016 на Волта а ла Комунитат Валенсијана каде завршил шести. Потоа возел на Волта ао Алгарве и завршил деветти на крајот откако го освоил второто место на последната етапа. Негова единствена победа во сезоната била на третата етапа на Критериум ди Дофине по нападот на спустот во последните 15 километри. Негова главна цел на сезоната била Тур де Франс, и по осмата етапа Ару бил седми во генералниот пласман, но паднал на 13. место на крајот на следната етапа. Успеал повторно да се врати меѓу првите десет на етапата 12. Имал механички проблем на етапата и проблеми да се врати до групата. Добил помош од возилото на екипата, поради што добил временска казна на крајот на етапата. На последната планинска етапа не се чувствувал добро и изгубил 13 минути, со што паднал на 13. место во генералниот пласман.[23]

2017 уреди

 
Ару на Тур де Франс 2017

Во сезоната 2017, Ару целел на 100. издание на Џиро д’Италија. Покажал добра форма на почетокот на сезоната со неговиот прв подиум на Трката околу Оман, каде завршил на третото место. Завршил осми на крајот на Трката Абу Даби. Во април, на тренинг-кампот на Сиера Невада, Ару паднал и го повредил коленото. Не добил фрактури, но имал големи отоци поради што препораките на докторите биле да остане во мирување неколку денови со цел добро да заздрави.[24] Се вратил на трките во јуни на Критериум ди Дофине и завршил петти на крајот на трката. Една недела пред Тур де Франс, Ару го освоил националното друмско првенство по првпат во својата кариера.[25]

На Тур де Франс 2017, Ару ја освоил петтата етапа со напад на искачувањето пред целта. По етапата ја носел точкастата маичка три дена. На деветтата етапа бил обвинет за неспортско однесување откако го нападнал носителот на жолтата маичка, Фрум, при механички проблем.[26] На етапата 12, нападнал на искачувањето и ја презел жолтата маичка од Крис Фрум. На следните етапи се мачел со бронхитис[27] и завршил петти на неговиот втор Тур де Франс.

УАЕ Тим Емирати (2018-денес) уреди

2018 уреди

По шестата сезона со Астана, Ару потпишал тригодишен договор со ОАЕ Тим Емирати.[28] Ја започнал својата сезона на Трката Абу Даби, но завршил само на 13. место. На следната трка Тирено-Адријатико, Ару завршил на четвртото место до Сарнано Сасотето, но имал проблеми на другите одлучувачки етапи, поради што не остварил резултат меѓу најдобрите десет, туку на 12. место. Негова прва завршница меѓу првите десет во сезоната била на Трката на Алпите. Ару не можел да го следи темпото на фаворитите на Џиро, поради што ја завршил трката на шестото место.

 
Ару на Џиро д’Италија 2018.

На Џиро д’Италија, заврпил заедно со многу силни фаворити на Џиро на етапата до Етна и се искачил до десеттото место по етапата. Меѓутоа, на следните планински етапи, Ару не успеал да заврши меѓу најдобрите, поради што паднал на 22. место по втората недела. Меѓутоа се вратил на следната етапа, која била рамен хронометар. Завршил осми на етапата, но подоцна бил казнет.[29] Ару се откажал од трката на етапата 19.[30] Ару објаснил дека страда од интолеранција на глутен и на млечни производи од 2015 година, но никогаш не се посветил на тоа. Ару и неговиот личен тренер Паоло Тиралонго го направиле неговиот тренинг пресилен и поминале многу време на планина, поради што неговото тело било изморено на Џиро.[31] Се вратил на трките на крајот на јули, на Тур де Валони, каде завршил како десетти. Една недела подоцна на Трката околу Полска, Ару повторно завршил десетти. Ја започнал Вуелта како еден од главните фаворити.[32] Меѓутоа, неговата форма флуктуирала и бил над 10 минути зад Сајмон Јејтс, на етапата 17. На таа етапа, Ару паднал пред последното искачување, кинејќи ги неговите бициклистички, поради што луто барал нов велосипед и пцуел за неговиот велосипед колнаго. Ова довело Ару подоцна формално да му се извини на Ернесто Колнаго на телефон по етапата.[33]

2019 уреди

Во март 2019 година по разочарувачкиот почеток на сезоната, на Ару му било пронајдено стегање на бочна артерија поради што морал да изврши операција. Затоа не можел да настапи неколку месеци на трки. Како последица на тоа, неговите планови да вози на Волта а Каталуња, како и на Џиро д’Италија биле напуштени.[34]

Личен живот уреди

Фабио Ару живее во швајцарскиот град Лугано, кој е само неколку километри северно од италијанската граница.[35] Ару страда од интолеранција на глутен и млечни производи, поради што во неговата исхрана воопшто нема млеко и исто така јаде многу ограничено количество на тестенини.[36]

Достигнувања уреди

2010
2. Трофео Џанфранко Бјанкин
4. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
5. Џиро дел Белведере
2011
1. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
1. Етапа 6
2. Тоскана Копа деле Национи
4. Краен пласман Бебе Џиро
6. ГП Палио дел Речото
10. Џиро дел Медио Брента
2012
1. Тоскана Копа деле Национи
1. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
1. Етапа 3
2. Краен пласман Бебе Џиро
4. ГП Палио дел Речото
2013
4. Краен пласман Џиро дел Трентино
1.   Пласман за млад возач
7. Тре Вали Варезине
8. Краен пласман Трка околу Австрија
2014
3. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 15
5. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 11
1. Етапа 18
7. Краен пласман Џиро дел Трентино
9. Џиро ди Ломбардија
2015
1.   Краен пласман Вуелта а Еспања
2. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 19
1. Етапа 20
1.   Пласман за млад возач
2. Трка Алмати
3. Милано-Торино
5. Краен пласман Трка околу Полска
6. Краен пласман Волта а Каталуња
2016
1. Етапа 3 Критериум ди Дофине
4. Џиро дел’Емилија
4. Краен пласман Џиро ди Тоскана
6. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
6. Олимписка друмска трка
6. Милано-Торино
9. Краен пласман Волта ао Алгарве
9. Тре Вали Варезине
2017
1.   Национално друмско првенство
3. Краен пласман Трка околу Оман
3. Милано-Торино
5. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 5
5. Краен пласман Критериум ди Дофине
7. Џиро ди Ломбардија
8. Краен пласман Трка Абу Даби
8. Тре Вали Варезине
2018
6. Краен пласман Трка на Алпите
9. Милано-Торино
10. Краен пласман Трка околу Полска
10. Краен пласман Тур де Валони
2019
8. Трофео Кампос, Поререс, Феланит, Сес Салинес

Распоред на резултатите уреди

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 42 3 2 СО
  Тур 13 5
  Вуелта 5 1 13 23
Распоред на резултатите на поголемите етапни трки
Трка 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Париз-Ница 39 СО
  Тирено-Адријатико СО 12
  Волта а Каталуња 70 21 6 14 СО
  Трка околу Баскија СО
  Тур де Романди
  Критериум ди Дофине 45 5
  Тур де Свис

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. Стивен Фаранд. „Тренерот на Астана ги откри методите за тренирање на Нибали и Ару пред класиците и Џиро д'Италија“. Cyclingnews.com.
  2. „Fabio Aru signs for UAE Team Emirates“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 17 октомври 2017. Посетено на 1 јануари 2018.
  3. Стоукс, Шејн (8 август 2012). „Contract Roundup: Baby Giro runner-up Aru to Astana, Martens stays with Rabobank“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 1 јануари 2013.
  4. Стивен Фаранд. „Интервју: Ару подготвен да го симне Контадор од Џиро д'Италија“. Cyclingnews.com.
  5. „Фабио Ару: може ли да биде следната голема италијанска работа?“. Cycling Weekly. 14 мај 2014.
  6. Спенсер Паулисон (3 септември 2014). „Со смелиот напад Фабио Ару ја освоил етапата 11 на Вуелта“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2015-05-05. Посетено на 3 септември 2014.
  7. Сузан Вестемајер (11 септември 2014). „Вуелта а Еспања: Ару ја освоил етапата 18“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 11 септември 2014.
  8. „Контадор ја запечатил крајната победа на Вуелта а Еспања 2014“. Cyclingnews.com. Future plc. 14 септември 2014. Посетено на 14 септември 2014.
  9. Бери Рајан (22 април 2015). „Aru a "wreck" due to intestinal ailment“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 22 април 2015.
  10. Стјуарт Кларк (24 април 2015). „Aru to take legal action over Henderson tweets“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 30 април 2015.
  11. Стивен Фаранд (30 април 2015). „Ару тренира силно за Џиро д'Италија по стомачниот вирус“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 30 април 2015.
  12. Емил Акселгард (7 мај 2015). „Ару го продолжи договорот со Астана“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 7 мај 2015.
  13. „Контадор го задржа водството на Џиро но изгуби една секунда од Ару“. ksl.com.
  14. http://www.timesunion.com/sports/article/Contador-retains-Giro-lead-but-loses-1-second-to-6269024.php
  15. „Фабио Ару ја освои водечката маичка на Џиро д'Италија откако Алберто Контадор падна на етапата 13“. Mail Online.
  16. „Алберто Контадор го изгуби водството на Џиро д'Италија од Фабио Ару во хаосот на падот“. the Guardian.
  17. „Алберто Контадор го повратил водството на Џиро од Фабио Ару по хронометарот“. USA TODAY. 23 мај 2015.
  18. Емил Акселгард (29 мај 2015). „Ару направи големо враќање со победа на планините на Џиро“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 29 мај 2015.
  19. „Џиро д'Италија, етапа 20: Ару победи во Сестриере“. Cyclingnews.com. Future plc. 30 мај 2015. Посетено на 30 мај 2015.
  20. „Фабио Ару ја освои црвената маичка на Вуелта а Еспања“. RTÉ Sport. 2 септември 2015.
  21. „Хоаким Родригес го освои водството на Вуелта а Еспања откако Франк Шлек ја освои шеснаесеттата етапа“. Mail Online.
  22. fabio-aru-snatches-vuelta-a-espana-lead-in-thrilling-mountain-finale-191316
  23. „Aru's Tour de France collapses despite Astana's groundwork“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 12 септември 2018.
  24. „Fabio Aru cancels Giro d'Italia plans due to crash and knee injury“. Cycling Weekly (англиски). 11 април 2017. Посетено на 12 септември 2018.
  25. „Italian Road Championships 2017: Road Race - Men Results“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 12 септември 2018.
  26. Волтерс, Мајк (9 јули 2017). „Chris Froome dodges carnage and controversy to retain Tour lead“.
  27. „Tour de France: Aru hampered by bronchitis in the Alps“. Cyclingnews.com.
  28. „Fabio Aru signs for UAE Team Emirates“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 12 септември 2018.
  29. „Aru among six riders penalized in Giro TT“. VeloNews.com (англиски). 22 септември 2018. Посетено на 12 септември 2018.
  30. „Aru abandons Giro d'Italia“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 12 септември 2018.
  31. „Aru: My Giro d'Italia turned into a nightmare“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 12 септември 2018.
  32. „Aru and Dan Martin headline UAE Team Emirates Vuelta a Espana line-up“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 12 септември 2018.
  33. „Fabio Aru apologises to Ernesto Colnago over reaction to Vuelta crash“. Cycling Weekly (англиски). 13 септември 2018. Посетено на 17 септември 2018.
  34. „Fabio Aru to miss Giro d'Italia due to iliac artery operation“. www.cyclingnews.com. 24 март 2019. Посетено на 26 март 2019.
  35. „Fabio Aru regala spettacolo a Lugano“. rsi (англиски). Посетено на 12 септември 2018.
  36. „Aru: My Giro d'Italia turned into a nightmare“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 12 септември 2018.

Надворешни врски уреди