ФК Осогово (Кочани)

фудбалски клуб од Кочани

ФК Осоговомакедонски фудбалски клуб од Кочани, оформен во 1924 година [1], а во 1950 година го добива сегашниот назив. Клупски бои се жолто-сината, а клубот настапува на Стадионот Никола Мантов кој има капацитет од 5,000 гледачи.

ГФК Осогово
Целосно имеГрадски фудбалски клуб Осогово
ПрекариЖетвари
Основан1924; пред 100 години (1924)
СтадионСтадион Никола Мантов
(Капацитет: 5,000)
ПретседателЛазар Наков
МенаџерДенис Владимиров
ЛигаВтора македонска лига - Исток
2019/20
(недовршена)
Втора лига - Исток, 9. од 10 места
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои

Историја уреди

Историјата на фудбалот во Кочани започнала во далечната 1924 година кога Томе Ванѓелов (тогашен претседател на Општина Кочани), во градот ја донел првата фудбалска топка. Веднаш потоа бил формиран и првиот фудбалски клуб Султан Тепе. Името неколкупати било менувано - ФК Витез, ФК Хајдук, за на крај да го добие името Осогово.

За фудбалот во Кочани зборуваат старите кочанци: “Игравме фудбал и пред 1924 година и тоа на улица со топка направена од партали. Минувачите подзастануваа, гледајќи како ние младите трчаме по еден тркалезен предмет што потскокнуваше пред нашите нозе и со повремено кревање на рацете ќе викневме: Гоол! Тие со чудење нè гледаа, некој од нив дури и ќе се прекрстеше гледајќи ги младите, испотени до гола кожа“.

Оттогаш фудбалот во Кочани почнал да се игра поорганизирано, со соседните градови, со кожена топка, со обележено игралиште, дресови, судија итн. За развојот на фудбалот во Кочани многу придонела изградбата на железничката пруга и првиот воз во Кочани на 1 јули 1926 година.

Најголемиот успех што го постигнала младинската екипа на Осогово е 1958 г. на Младинското фудбалско првенство на Македонија со тренерот Славко Симеонов. И како победник екипата на Осогово учествувала во првенството на Југославија за млади. Првенството на Југославија тогаш се одржало во две групи: едната група играла во Шибеник и ја предводела Црвена ѕвезда од Белград, а втората играла во Белград предводена од Партизан. Во оваа група покрај Партизан играле уште младите екипи на прволигашот од Загреб - Динамо, прволигашот од Титоград - Будуќност, и младите на Осогово од Кочани, член на Штипската потсојузна лига.

Овде фудбалерите на Осогово се претставиле во две различни изданија. Поради ненавремено известување од ФСМ за почетокот на натпреварите, управата на клубот не можела да резервира билети за вагоните за спиење, па младинците на Осогово целиот пат од Скопје до Белград го поминале стоејќи. Непроспиената ноќ во возот, претпладневното одење низ Белград барајќи го местото каде требало да бидат сместени предизвикало замор кај младинците на Осогово. Во двобојот со големиот Партизан изгубилe со 13:0.

Вториот ден Осогово се сретнал со Динамо од Загреб, и тогаш веќе одморените младинци заиграле како што знаат, и големиот противник бил победен со 3:1. За третиот меч со Будуќност, на Осогово му одговарал и нерешен резултат па тренерот така и ја поставил играта. Натпреварот завршил 0:0, со што Осогово завршил втор во групата, оставајќи ги зад себе праволигашите Динамо и Будуќност.

Подоцна Осогово влегува во Македонската лига каде покажува значајни резултати. Во 1988/89 година настапува во Меѓурепубличката лига. Натпреварувачката 1991/1992 г. Осогово се натпреварува во Третата сојузна лига и завршува на 9-то место.

Во првата натпреварувачка сезона во самостојна Република Македонија, Осогово е во средишниот дел од табелата. Понатаму следуваа слаби резултат, па во првенството 1995/1996 г. Осогово ја напушта Првата македонска лига.

Најголем успех на кочанскиот младински фудбал по осамостојувањето на Македонија е во 1996 г. кога Осогово во Скопје ја победува Саса со 2:0, со што го освојува Младинскиот куп на Македонија.

Потоа следуваат лоши игри, клупски превирања, промени на стручни штабови, недисциплина, препукувања меѓу спортските работници и како разултат на сето ова, Осогово полека, но сигурно тоне. Ја напушта Првата лига, а кратко време потоа и Втората лига. 2004/2005 година "Осогово" се најде во најнизок ранг од републичко натпреварување. По испаѓањето од Втората македонска лига, замира фудбалскиот интерес во градот.

Во натпреварувачката сезона 2016-17 екипата го освојува 3 место во Третата македонска лига со што обезбеди пласман во повисок ранг.

Состав на тимот уреди

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Александар Игески
3   ОД Христијан Митревски
4   ОД Стефанчо Цветанов (C)
5   ОД Јован Манев
6   ОД Дејан Велевски
8   НП Драган Паунов
9   НП Владимир Жоглев
10   СР Павле Петров
11   ОД Никола Стоиловски
13   СР Александар Гаврилов
14   СР Кристијан Јорданов
15   ОД Тоше Манов
Бр. Позиција Играч
16   ОД Кристијан Блажев
17   СР Андреј Коцевски
18   СР Слаѓан Митевски
20   НП Никола Костадинов
21   НП Божидар Ангеловски
92   ГМ Мишел Ѓоргиев
  ГМ Методија Ангелов
  СР Драган Анчов
  СР Перо Георгиевски
  СР Христијан Ќосевски
  СР Стојче Стојов

Тренери

  • Крсте Крстев
  • Александар Андов
  • Дејан Манчевски

Лого на клубот уреди

Во својата долгогодишна историја, клубот променил неколку официјални логоа, а во почетокот на февруари 2018 година беше промовиран актуелниот дизајн.[2]

Поранешни играчи уреди

 
Екипата во 2008 година
  • Петар Лазаров
  • Игор Данев
  • Ване Митев
  • Ивица Јаневски
  • Сашко Манчовски
  • Ангел Дамевски
  • Дени Манчовски
  • Мирче Натков
  • Никола Постоловски
  • Зоран Шуманов
  • Бажо Коцев
  • Перо Данилов
  • Никола Карафилов
  • Иван Митров
  • Ангелчо Арсов

Навивачка група уреди

Навивачката група на Осогово се нарекува Сејмени и е формирана во 1986 година. Вообичено членовите на групата се наоѓаат на западната трибина на Стадионот Никола Мантов, од каде му даваат поддршка на својот клуб.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „ФК Осогово - официјално мрежно место“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2009-12-13.
  2. ФК “Осогово“ го промени грбот, ќе добие и веб-страница Архивирано на 27 февруари 2018 г. - Канал 8 ТВ