Упсала — четврти град по големина и значење во Шведска, сместен во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на истоимениот Упсалски округ. Упсала е седиште на округот, а истовремено и седиште на Општина Упсала.

Упсала
Стариот дел на Упсала со градската катедрала
Стариот дел на Упсала со градската катедрала
Упсала is located in Шведска
Упсала
Упсала
Координати: 59°51′N 17°38′E / 59.850° СГШ; 17.633° ИГД / 59.850; 17.633
Површина
 • Вкупна48,77 км2 (1,883 ми2)
Население (31 демември 2010)
 • Вкупно140,454
 • Густина2.880/км2 (7,500/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Во Упсала се наоѓа најстариот универзитет во Скандинавија - Универзитет во Упсала, основан 1477 година. Упсала исто така е средиште на Шведската црква.

Природни услови уреди

Градот Упсала се наоѓа во источниот дел на Шведска и Скандинавски Полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, градот е оддалечен само 70км северно.

Релјеф: Упсала се развил во внатрешноста на Скандинавски Полуостров, на бреговитата област Упланда. Подрачјето на градот е претежно рамничарско но има и бреговити места, додека надморската височина се движи од 15 до 50м. Најнискиот дел од градот бил со изразито мочуришни одлики.

Клима: Упсала има континентална клима под влијание на крајните гранки на топлата Голфска струја. Затоа, зимите се благи, а летата свежи во однос на дадената географска широчина.

Води: Упсала се формирал во внатрешноста, а Балтичко Море е оддалечено околу 70км источно. Градот лежи на реката Фирис, која го дели градот на западен и источен дел. Околу градот има низа мали езерца.

Историја уреди

Подрачјето на Упсала вило населено уште во времето на праисторијата. Се претпоставува дека во текот на раниот среден век тука се наоѓало седиштето на паганската вера на тогашните Нордијци, предците на денешните Швеѓани.

Првата постојана населба на дадеоното подрачје се споменува во 1164 година, кога тука се испоставила епископијата. Таа се наоѓа неколку километри северно, додека на местото на денешниот град било пристаништето на епископијата. Значењето на трговијата и пожарите довеле до преместување на денешното место во 1274 година. Денешниот градски соборен храм посветена е во 1435 година, а во 1477 година основан е и универзитет, најстар во Скандинавија.

Во втората половина на 19 век, со доаѓањето на индустријата и железницата, Упасала доживува преокрет, а благостостојбата трае и ден денес.

Население уреди

Упсала е една од неколкуте шведски градови со повеќе од 100.000 жители. Градот има околу 140.000 жители (податок од 2010 година), а градското подрачје, т.е. истоимената општина некаде околу 201.000 жители (податок од 2012 година). Последните децении бројот на населението е во постојан пораст.

До средината на XX век, Упсала била населена со исклучително етники Данци, Меѓутоа, со зголемувањето на преселбите во Шведска, населението на градот станувало пошарено.

Стопанство уреди

Денес Упсала е современ град со посебно развиена индустрија, иако нејзиното значење е помало за разлика од останатите шведски градови со слична големина. Посебно е значајна индустријата основана на биотехнологија. Последните две децении посебно се развива трговијата, услугите и туризмот. Големо значење има и Универзитетот во Упсала.

Знаменитости на градот уреди

Упсала за шведските услови поседува богато и добро соччувано стар градски алшштат. Од поединечните градби посебно се издвојуваат:

Галерија уреди

Извори уреди

Надворешни врски уреди