Унца или унција (од латински: uncia) — име на разни единици мерки за маса (oz, ), како и за две единици за течна зафатнина (fl oz) и една единица за сила, (ozf). Видете Англиски мерни единици и Американски мерни единици за тоа во какви рамки се дефинираат овие мерни единици.

  • унца авоардипоа се дефинирана по системот авоардипоа (видете фунта (маса)). Секоја фунта авоардипоа содржи 16 унци. Оваа унца е еднаква на околу 28.35 грама.
  • тројска унца се дефинира по системот за тројска маса. Во тројска тежина, фунтата има 12 унци, и има 5760 зрна (околу 373.24 г), (околу 10% потешка од унцата авоардипоа). Овие унци денес се користат само при мерење на скапоцени метали како злато, платина и сребро. Една унца злато е еднаква на 31.1 г.
  • аптекарската унца е денес застарена мерка. Оваа била рамна на тројската унца, и нејзиниот знак бил (У+2125).
  • Течната унца е мерка за зафатнина која ја наоѓаме во две варијанти: 28.41 мл (англиска) and 29.57 мл (американска).

Надворешни врски уреди