Убиј го Бил (англиски: Kill Bill) — четвртиот филм на сценаристот-режисер Квентин Тарантино. Оригинално замислен како еден филм, тој бил издаден како два посебни дела во есента 2003 и во пролетта 2004 поради времетраењето од приближно четири часа. Филмот претставува драма за одмазда со епички размери, заснован на поранешни филмски жанрови како што се хонгконшките боречки филмови, јапонските самурајски филмови и италијанските шпагети вестерни. Филмот е исполнет со популарна музика, постојани наводи на поп-културата и намерно прекумерно насилство.

„Убиј го Бил: Изд. 1“
Постерот за првото издание
РежисерКвентин Тарантино
ПродуцентЛоренс Бендер
СценаристУма Турман
Квентин Тарантино
Главни улогиУма Турман
Луси Лу
Дерил Хана
Дејвид Карадин
Вивика А. Фокс
Мајкл Медсен
Џули Дрејфус
МузикаРиза
КинематографијаРоберт Ричардсон
МонтажаСали Менк
ДистрибутерМирамакс
Премиера10 октомври, 2003
Времетраење111 минути
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
јапонски
француски
Буџет30 милиони $[1]
Бруто заработка$180.949.045
СледенУбиј го Бил: Изд. 2
„Убиј го Бил: Изд. 2“
Постерот за второто издание
РежисерКвентин Тарантино
ПродуцентЛоренс Бендер
СценаристКвентин Тарантино
Главни улогиУма Турман
Дејвид Карадин
Дерил Хана
Мајкл Медсен
Луси Лу
Мајкл Паркс
МузикаРоберт Родригес
КинематографијаРоберт Ричардсон
МонтажаСали Менк
ДистрибутерМирамакс
Премиера16 април, 2004
Времетраење136 минути
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
кантонски
мандарински
шпански
Буџет30 милиони $[2]
Бруто заработка$152.159.461
ПретходенУбиј го Бил: Изд. 1

Приказна уреди

Убиј го Бил е една приказна, поделена во две изданија со по пет „подглавија“ во секое, презентирани преку нелинеарен стил, што е карактеристично за филмовите на режисерот Тарантино.

Прво издание уреди

Во Ел Пасо, Тексас, се случува масакр изведен од страна на Смртоносниот Вајпер Атентаторски Тим и е ранета Невестата. Таа се обидува да му каже на водачот на овој тим, Бил, дека е бремена, но тој ја пука во глава. Набрзо доаѓа полицијата и го истражува масакрот, Шерифот ја мисли Невестата за мртва, но дознава дека е жива. Невестата завршува во болница и останува во кома, а за тоа време Бил испраќа еден атентарор, Еле Драјвер, да ја убие Невестата со смртоносна инекција, но Бил одлучува да ја прекине мисија, бидејќи смета дека е нечесно да се убие Невестата кога таа не може да се брани. Поминуваат четири години и Невестата се разбудува од својата кома, за нејзино изненадување, таа не е повеќе бремена. Таа е принудена да убие еден болнички работник кој ја силувал додека таа била во кома и го украдува неговиот камион и набрзо се опоравува. Таа има план да се одмазди на Бил и неговиот атентаторски тим. Отпрвин оди во домот на еден поранешен атентатор, Вернита Грин, и ја напаѓа, започнувајќи една брутална тепачка. Нивната тепачка е прекината од страна на младата ќерка на Вернита, Ники. Двете одат да разговараат насамо, но Вернита се обидува да ја убие Невестата и Невестата е принудена да ја убие Вернита, Ники е сведок на убиството. Невестата потоа прави список на членовите на Смртоносниот Вајпер Атентаторски Тим кои треба да ги убие и одлучува првин да ја убие О-Рен Иши, која ја води јакузата во Токио. Невестата е принудена да патува во Окинава, Јапонија, за да земе меч од легендариниот Хатори Ханзо, кој се заколнал дека нема повторно да направи меч, но откако Невестата му кажува дека сака да го убие Бил, тој оди преку својата заклетва и прави меч за Невестата. Невестата, подготвена со мечот на Хатори Ханзо, оди во еден ресторан во Токио за конечно да се соочи со О-Рен Иши, но прво се соочува со нејзината армија Лудите 88 и издвојува победа. Таа потоа конечно се соочува со О-Рен Иши во Јапонската градина на ресторанот и повторно издвојува победа, убивајќи ја О-Рен Иши. Невестата потоа ја зема асистентката, Софи Фатале, и добива информации за Бил со помош на тортура и ја остава жива. Филмот завршува со посетата на Бил во болница кај Софи, кој ја прашува за невестата и едно од поважните прашања е тоа дали Невестата знае дека нејзината ќерка е жива.

Второ издание уреди

Невестата решава да се соочи со третиот член на атентаторскиот тим на Бил, братот на Бил, Буд. Таа оди во неговата приколката, но Буд беше спремен и ја застрела со пушка полна со камен од сол. Тој зборувал со Бил за Невестата и бил предупреден дека Невестата ќе дојде да го убие. Буд го здогледува мечот на Невестата и му се јавува на Еле Драјвер, планирајќи да го продаде мечот за еден милион долари. Тој потоа ја онесвестува Невестата и ја затвора во ковчег, закопувајќи ја жива во гробиштата. Години порано, Бил ја однел Невестата кај легендарниот господар за боречки вештини, Паи Меи, за да може да ги унапреди своите боречки вештини и Бил му кажува на Невестата за посебната техника на Паи Меи, удар кој може да предизвика срцето да експлодира. Така, Невестата искористува една техника на Паи Меи со која се ослободува од ковчегот и излегува на површина. Еле Драјвер одлучува да го убие Буд и тоа и го сторува, таа скрива црна мамба во куферот полн со пари и Буд полека умира од отровот на змијата. Таа му ѕвони на Бил и му кажува дека Невестата го убила Буд, а таа дека ја убила Невестата. Ама Невестата, која всушност се вика Беатрикс Кидо, извршува заседа на Еле и тие влегуваат во брутална тепачка. Еле му открива на Беатрикс дека и таа била ученичка на Паи Меи и дека го отрула како одмазда дека ѝ го извадил окото кога таа го навредила. Како за одмазда, Беатрикс ѝ го вади и преостанатото око и ја остава во приколката на своја судбина. Беатрикс го наоѓа Бил со помош на еден познаник и дознава дека нејзината ќерка Б.Б е сè уште жива. Таа ги наоѓа двата во еден хотел и ја поминува вечерта со нив. Ама, откако Бил ја става Б.Б во кревет, тој и Беатрикс имаат сериозен разговор. Беатрикс му ја кажува на Бил причината поради која таа го напуштила неговиот атентаторски тим, додека Бил му ја кажува причината поради кој тој го наредил нејзиното убиство. Беатрикс и Бил набрзо влегуваат во кратка мечовска борба каде Беатрикс го удира Бил со посебната техника на Паи Меи и на тој начин издвојува победа. Откога Бил прави пет чекори, тој паѓа и умира. Беатрикс одлучува да води нормален живот со Б.Б.

Улоги уреди

Прво издание

Второ издание

Наводи уреди

  1. (2003), "Kill Bill Vol. 1 - Domestic Total Gross", Box Office Mojo, accessed 2006-09-13
  2. (2004), "Kill Bill Vol. 2 - Domestic Total Gross", Box Office Mojo, Accessed Sep 13, 2006