Тјудори

англиска кралска династија од велшко потекло

Тјудори (англиски: Tudor dynasty) — истакната европска кралска династија од велшко потекло[1] која владеела со Кралство Англија во периодот од 1485 до 1603. Најпознатата англиска династија била основана од страна на Хенри Тјудор, син на Едмунд Тјудор и Лејди Маргарет Бјуфорт. Тој на власт дошол по крајта на Војната на розите. Хенри своето право за престолот го засновал главно на основа тоа што бил вонбрачен внук на Едвард IV. Неговата мајка имала поголемо право на престолот, но армијата на Хенри ѝ нанел пораз. Неговиот дедо и неговата баба биле Овен Тјудор и француската принцеза Катерин Валоа, првата сопруга на Хенри V. Хенри врз основа на таа врска го посакал и францускиот престол.

Тјудорска династија

Тјудорска роза.
Претходна династијаDinefwr (paternal)
ЗемјаКралство Англија, Кнежевство Велс, Кралство Ирска
ПрпадностВелс, Англија
Основана1485
ОсновачХенри VII
Последен владетелЕлизабета I
Титули
Распад1603

Чувствувајќи дека и самиот нема големо право да застане на англискиот престол, тој свесно се оженил за Елизабета Јоршка. Преку овој настан, тој успеал да ги обедини двете династии (Династија Јорк и Династија Ланкастер) кои воделе голема војна во последните триесет години, а нивните симболи ги вклопил во еден, познат како Тјудорска роза, која претставува спој од црвената роза на Ланкастер и белата на Јорк. По доаѓањето на власт, Хенри бил крунисан како Хенри VII. Тој започнал со големи реформи и модернизација на земјата.

Владеењето на династијата владеело точно 118 години. Во текот на Тјудорскиот период од историјата на Англија, најзначајно е одделувањето на англискиот католицизам од Римокатоличката црква, во времето на Хенри VIII. По ова била создадена Англиканската црква. Во времето на Едвард VI, Англија станала протестантска земја. Кога на престолот застанала Мери I, таа направила обиди да ја врати Римокатоличката црква на чело на религиозното убедување на англискиот народ, но во тоа не успела. Нејзината полусестра, Елизабета I била заколнета протестантка, па така нејзиниот обид бил неуспешен.

Владеењето на Тјудорите било прекинато за само девет дена од страна на Лејди Џејн Греј, која не била од династијата на Тјудорите, но сепак била правнука на Хенри VII.

По смртта на Елизабета I, таа не оставила свој наследник. Нејзиниот роднина Џејмс од Шкотска го дал почетокот на т.н. Стјуартска династија, обединувајќи го Кралство Англија и Кралство Шкотска во една унија.

Наводи уреди

  1. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/608456/House-of-Tudor House of Tudor. (2010). In Encyclopædia Britannica. Retrieved March 06, 2010, from Encyclopædia Britannica Online