Туројо

јазик
(Пренасочено од Туројо (јазик))


Туројо или (сурајт, суројо) — јазик кој спаѓа во групата на семитски јазици и во подгрупата на современите источни арамејски јазици како и дел од современиот западен сириски јазик. Овој јазик се зборува во источна Турција како и во некои делови на од Сирија. Говорниците на овој јазик се членови на Сириската православна црква. Самиот збор туро (ṭuro) означува планина, а истовремено во Турција и постои планина по име туројо која се наоѓа во близина на градот Тур Абдин. Постаро име кое било користено за овој јазик е урајт ( urayt). Во моментот, сѐ уште нема докази зошто точно на овој јазик му било променето неговото име. Овој јазик најмногу се зборува во Турција и Сирија, како и во Аргентина, Австрија, Белгија, Бразил итн.

Туројо
ܛܘܪܝܐ Ṭuroyo, ܨܘܪܝܬ Ṣurayt, ܣܘܪܝܝܐ Sëryoyo
Зборуван во: Турција, Сирија, Аргентина, Белгија, Бразил, Австрија
Вкупно говорници:
Јазично семејство: Семитски јазици
 Северозападни семитски јазици
  Туројо 
Писмо: туројска азбука
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2:
ISO 639-3: