Тромс (норвешки: Troms) — поранешен округ во северниот дел на Норвешка. На 1 јануари 2020 година Тромс се обединил со соседниот округ Финмарк, создавајќи го новиот округ Тромс и Финмарк. Административен центар бил градот Тромсе. Бројот на жители во Тромс во 2014 година изнесувал 161,771, а површината 25.877 км2.

Грбот на округот Тромс
Местоположбата на округот во Норвешка

Името го добил според малиот остров Тромсеја.

Грбот потекнува од 1960 година и на него се наоѓа грифон.

Тромс имал вкупно 24 општини.