Трилер (жанр)

жанр

Трилер — простран жанр кој ги опфаќа литературата, филмот и телевизијата, каде што главни елементи се исчекување, тензија и возбуда. Трилерите многу го стимулираат расположението на гледачите, со тоа што им предизвикуваат висoкото ниво на предвидување на нештата, премногу зголемено исчекување, несигурност, изненадување, вознемиреност и страв. Трилер филмовите имаат цел да го засилат адреналинот, да бидат зајадливи, возбудливи и со брз ритам. Значително се користат литературните уреди како што се диверзии, испревртување на дејствието,напнати сцени. Дејствието во трилерот го управува негативецот, каде што тој или таа претставува пречка која што главниот јунак мора да ја надмине. Вообичаени поджанрови се психолошките трилери, криминалните трилери и мистериозните трилери. После атентатот на претседателот Џон Кенеди, жанрот политички трилер стана многу популарен. Друг вообичаен поджанр на трилер е шпионскиот жанр кој се занимава со белетристичка шпионажа. Успешни примери за трилери се филмовите на Алфред Хичкок. Жанровите хорор и акција често се поклопуваат со жанрот трилер. Во 2001 Американскиот Филмски Институт во Лос Анџелес го направи својот конечен избор на топ 100 најдобри американски ‘‘срцебиечки’’ и ‘‘адреналин-поттикнувачки’’ филмови на сите времиња. За да се квалификуваат 400-те номинирани филмови мораа да бидат од американско производство чии возбудувања го заживеаа и збогатија американското филмско наследство. „AFI” исто така побара поротниците да го земат предвид севкупното адреналин-поттикнувачко влијание на филмската уметност и моќ. Хомеровата Одисеја е една од најстаритe приказни во западниот свет и се смета за најран извор на трилерот. Еден од најраните трилер филмови е комедијата “Safety Last” на Харолд Лојд (1923), со лик кој изведува бестрашен каскадерски трик од страна на облакодер. Алфред Хичкок и Фриц Ланг со почит помогнаа во обликот на денешниот модерен жанр трилер, почнувајќи со “The Lodger” (1926) и “M” (1931).

Особености уреди

Дефиниција за трилерот уреди

Целта на трилерите е да го задржат вниманието на гледачите и да бидат на работ од своите седишта. Главниот лик во овие филмови се соочува со проблем – бегство, мисија или митсерија. Без разлика од кој поджанр е трилерот, тој ја истакнува опасноста со која се соочува главниот лик. Тензијата со главниот проблем се гради до крајот на филмот и води до високо стресна точка на кулминација. Прикривањето на важните информации за гледачот, борбата и прогонувачките сцени се најчестите методи во сите поджанрови на трилерот, сепак секој пожанр си има свои уникатни одлики и методи. Трилерот дава нагол излив на емоции, возбуда, чувство на напнатост и восхитеност кое го води раскажувањето, понекогаш дискретно со кулминации и затишја, понекогаш возбудува со истрајна, вртоломна брзина. Во овој жанр целта е да ја пренесе приказната со постојана тензија, изненадување и постојано чувство на неизбежна несреќа. Ги држи гледачите во неизвесност „ на работ од нивните седишта “ како што дејството се развива до точката на кулминација. Трилерите знаат да бидат со брз ритам, психолошки и застрашувачки, мистериозни и повремено вклучуваат поголема мера на злоба како што се шпионажа, тероризам и завера. Трилерите може да се дефинираат според првото чувство што го изнудуваат: застрашувачка возбуда. На кратко, ако возбудува тоа е трилер. Како што објаснува воведот на важна антологија: „ ... Трилерите даваат богата литературна гозба. Има секакви видови. Правен трилер, шпионски трилер, акционо – авантуристички трилер, медицински трилер, полициски трилер, романтичен трилер, историски трилер, политички трилер, религиозен трилер, ултрамодерен трилер, воен трилер. Листата продолжува со новите промени кои постојано се откриваат. Всушност оваа отвореност за проширување е една од најистрајните одлики на жанрот. Но, тоа што им дава заеднички терен на многубројните трилери е интензитетот на чувства којшто го создаваат, особено оние на вознемиреност и восхитеност, возбуда и останување без здив, сите создадени да ги произведат сите важни возбудувања. Според дефиниција, ако трилерот не возбудува – не си ја врши добро работата. “

Писателот Владимир Нобоков на своите предавања на Универзитетот „Корнел“ рече: „ Во Англо – Саксонски трилер негативецот најчесто е казнет и силниот тивок маж најчесто ја победува слабата зборлива девојка, но во западните земји нема владин закон да се забрани приказната која што не се согласува со традицијата, така да секогаш се надеваме дека злобниот, но романтичен човек ќе избега неказнет и дека конечно доброто, но глупаво момче ќе биде укорено од мрачната хероина. “ Теми и карактери Најчести методи и теми во криминалните трилери се: откуп, ропство, грабеж, одмазда, киднапирање. Во мистериозните трилери најчести се истражувањето и детективската техника. Вообичаени елементи во психолошките трилери се: игра со умот, психолошки теми, скришно следење, затвор и опседнатост. Елементи како што се: дополнителни теории, лажни обвинувања и параноја се вообичаени во параноичните трилери. Закани до сите држави, шпиони, завери, атентати и електронски надзор се вообичаени во шпионските трилери.

Главните елементи уреди

• Главниот лик се соочува со смрт, или сопствената или на некој друг. • Во почетокот силите на непријателот мора да бидат посилни од оние на главните ликови. • Главниот заплет на главниот лик е или потрага или лик кој не може да се собори. • Главното дејствие се фокусира на мистеија која мора да се реши. • Гледната точка на главниот лик доминира во раскажувачката конструкција на филмот. • Сите дејства и карактери мора да бидат убедливо реални и природни во нивната интерпретација на екраните. • Двете главни теми кои го поткрепуваат жанрот трилер се желбата за правда и моралноста на поединци. • Едно мало, но значајно гледиште на трилерот е присуството на невиност во она што се гледа како суштински корупиран свет. • Главниот лик и негативецот водат битка помеѓу себе, не само на физичко туку исто така и на ментално ниво. • Или како несреќа или поради својата љубопитност ликовите се доведени во опасен конфликт или ситуација за која тие не се подготвени да ја решат. Ликовите вклучуваат криминалци, манијаци, атентатори, невини жртви, застрашени жени, ликови со длабоко мрачно минато, психопати, убијци, социопати, агенти, терористи, полицајци, бегалци, приватни детективи, луѓе вмешани во измешани љубовни врски, мажи и жени заморени од животот и др. Темите најчесто вклучуваат тероризам, политички заговори, гонење или љубовни триаголници кои водат кон убиство. Главните ликови најчесто се обични луѓе ненавикнати на опасност, сепак во криминалните трилери тие може да бидат силни мажи навикнати на опасност како што се полицајци или детективи. Иако во трилерите главните ликови традиционално се мажи, женските главни ликови се сè повеќе присутни. Во психолошките трилери, главниот лик се потпира на своите ментални способности во случај да се бори против негативецот или да се бори за урамнотеженост на својот сопствен ум. Напнатоста најчесто доаѓа од две или повеќе улоги кои играат со умовите помеѓу себе, или со играње на измамнички игри или едноставно со пробување да си ги нарушат менталните состојби.

Приказна и опкружување уреди

Дејствието на трилерот вклучува карактери кои доаѓаат до судир помеѓу себе или судир со надворешни сили - заканата понекогаш е апстрактна или невидена. Трилерот го карактеризираат атмосферата на гадна закана и ненадејно насилство како што се злосторство и убиство. Трилерите ги претставуваат светот и општеството како мрачни, корумпирани и опасни. Но, во Холивуд тие обично прикажуваат весели краеви каде што злото е надминато. Тензијата обично се јавува кога главиот лик се наоѓа во застрашувачка ситуација, мистерија, или замка од која излегувањето изгледа невозможно. Животот обично е во опасност затоа што главниот лик неочекувано или без знаење е вмешан во опасна или смтрна ситуација. Трилерите ја нагласуваат загатката на дејствитето. Има патокази кои гледачот/читателот треба да е во можност да ги одгатне во истото време како и главниот лик. Во трилерите задолжителното прашање не е кој го направил тоа, туку дали негативецот ќе биде фатен пред на направи друго злосторство. Филмовите на Хичкок често ја ставаат невината жртва (обична, одговорна личност) во чудна, измачувачка или ситуација опасна по живот, во случај на погрешен идентитет, немање на идентитет или погрешно обвинување. Иако трилерите најчесто се случуваат во обични околини или на обични луѓе, сепак понекогаш може да се случат во целосна или делумно егзотична околина како што се: странски градови, пустини, поларни региони, или на отворено море. Најчесто упорните, досетливите, но главно обични луѓе се соочени со негативците кои се одредени да ги уништат нив, нивната држава или стабилноста на светот. Честопати главниот лик во трилерот е соочен со проблем кој изгледа ненадминлив во неговата мисија. Тој се бори против одбројувачки часовник, ризиците се големи но е досетлив и покрај тоа што се соочува со сопствени дилеми кои го тераат да прави жртви за други луѓе.

Трилерот и мистеријата уреди

Трилерите често се поклопуваат со мистериозни приказни кои се разликуваат по структурата на нивните дејствиjа. Во еден трилер, херојот мора да ги сопре плановите на непријателот наместо да го обелодени злосторството кое веќе се случило. Мистериозните трилери исто така се случуваат на поголем размер: злосторствата кои мора да се попречат се сериски или масовни убиства, тероризам, атентати, или падот на владата. Соочувањето со опасност и насилство се стандардни елементи на дејствието во жанрот мистериозен трилер (пр. Triangle), за разлика од жанрот мистерија каде што приказната е мрачна и драматична (пр. Changeling). Филмот мистерија ја достигнува својата точка на кулминација кога мистеријата е решена (пр. Gosford Park), а додека кај мистериозниот трилер највисоката точка е кога јунакот конечно ќе го победи непријателот (после пресметка), ќе си го спаси својот живот а често и животите на други луѓе (пр. Oldboy). Во мистериозно детективските филмови има многу малку насилство страв и закана (особено помеѓу непријателот и невиниот човек), иако во трилерите насилството е доста интензивно и непријателот е многу безмилосен. Во трилерите кои се под дејство на трагедија, главниот лик најчестого убиваат во текот на настаните. Трилерот не се состои само од тоа некој да биде убиен. Покрај убиството секогаш е во прашање нешто многу поголемо и многу поважно, кое може многу животи да стави во опасност. Во мистеријата мотивот за злосторство како што е осигурувачка измама може да биде страшен, додека во трилерот не е веројатно само парите да се мотив за сите страшни работи кои ги прави негативецот.

Трилерот и злосторството уреди

Овие два често се поклпоуваат. Меѓутоа чистите криминалистички филмови/романи се фокусираат на одредено злосторство или низа од злосторства и решавање на мистеријата или следење на криминалците, но во текот нема насилство или има малку насилство но многу драма. Обично трилерите се основани на измислица и се одвиваат брзо, додека криминалната белетристика има тенденција да се одвива полека, драматично и реално. Главно, недостасува исто така насилство во криминалната белетристика, но ова зависи од тоа ако работата е основана на мафија, каде што насилството е многу интензивно. Некои криминалистички филмови повеќе го покажуваат гангстерскиот живот, личната драма на криминалците дури и нивни биографски филм (пр., The Godfather). Од друга страна пак криминалните трилери имаат повеќе страв и напнатост во нив и може да вклучат шпионирање, чести убиства и други не криминални конфликти (пр. Heat). За разлика од криминалните трилери, криминалните филмови обично нудат посериозен, безмилосен и реален опис на криминалното опкружување со истакнување на развивањето на ликот и сложени содржини наместо одложувачка низа, прогонувачки сцени и насилство. Во криминалната белетристика главниот лик може да биде полицаец, или приватен детектив кој сè уште може да биде издржлив и досетлив. Тој е насочен против непријателот којшто е одреден да го уништи него, исто така за разлика од трилерите не вклучува секогаш други луѓе, нивната земја или стабилноста на светот. За разлика од криминалната белетристика, трилерите не го истакнуваат гангстерот, мелодрамата или истражувањето во содржините поврзани со криминал и повеќе се фокусираат на напнатоста и опасноста која што се произведува.

Историја уреди

Историјата во литературата уреди

Античките епски поеми како што се Epic of Gilgamesh, Хомеровата Odyssey и Mahābhārata имаат слични раскажувачки техники како и модерните трилери. Во Одисеја, главниот лик Одисеј се упатува на опасно патување после Тројанската војна, се бори со несекојдневни страдања сè со цел пак да се сретне со својата жена Пенелопе. Тој мора да се натпреварува со непријатели како што се Киклопот, едноокиот џин, и сирените кои со своето пеење ги мамеле морнарите до нивната смрт. Во повеќето случаи Одисеј користи итрина наместо сила за да ги победи непријателите. Little Red Riding Hood (1697), еден ран пример за прихолошко – трагачка приказна е бајка за девојче кое оди по шумата за да и однесе храна на својата болна баба. Волкот сака да го изеде девојчето, но се плаши тоа да го направи во јавност. Тој и се доближува на малата Црвенкапа и таа наивно му кажува каде оди. Тој му предлага на девојчето да набере неколку цвеќиња, а таа тоа и го прави. Во меѓувреме тој оди во куќата на бабата и добива влез со тоа што се преправа дека е девојчето. Тој ја проголтува бабата (во некои приказни тој ја заклучува во плакарот) и преоблечен како бабата го чека девојчето. The Three Apples, приказна од Илјада и една ноќ (Арапски ноќи), е најраната убиствена мистерија и напнат трилер со многукратно испревртување на дејствието и со детективки белетристички елементи. Во оваа приказна, еден рибар пронаоѓа цврсто заклучен ковчег покрај реката Тигар и му го продава на „Abbasid Caliph“, Харун Ал Рашид кој го отворил ковчегот и пронашол мртво тело на жена кое било исечено на парчиња. Харун му наредува на својот везир „Ja'far ibn Yahya“ да го разреши злосторстворо и да го најде убиецот во рок од три дена. Оваа детективска мистерија може да се смета за прототип на детективската белетристика. The Count of Monte Cristo (1844), е авантуристичко - одмазднички трилер за еден човек по име Едмонд Дантес кој е предаден од својот пријател и е испратен да пати во злогласниот „Château d'If“. Негов единствен придружник е еден стар човек кој го учи на се од психологија до математика па сè до мечување. Пред да умре стариот човек тој му открива на Дантес тајно место каде што има големо богатство. Кратко потоа Дантес организира смело бегство и го користи богатството да се направи себеси Грофот од Монте Кристо. Жеден за одмазда, тој ги казнува сите коишто му го уништиле неговиот живот. The Riddle of the Sands (1903), е првиот модерен трилер според Кен Фолет, кој го опишува како авантуристички трилер на отворено за две млади момчиња кои се сопнуваат од голема германска воена флота која се спрема да ја нападне Англија. Heart of Darkness (1903), е за човек по име Марлоу кој патува по реката Конго за да го најде непознатиот белгиски предавник по име Куртц. Слој по слој, суровоста на човечката душа и човечката нехуманост спрема луѓето се истребуваат. На Марлоу му е многу тешко да каже каде завршува цивилизацијата и каде почнува варварството. Денес ова може да се нарече психолошки трилер. The Thirty-Nine Steps (1915), е еден ран трилер од Џон Бучан во кој невин човек станува првиот осомничен за убиство, кој доаѓа во ситуација да бега и од полицијата и од непријателските шпиони. The Manchurian Candidate (1959), е класична параноја од Студената војна. Чета од американски војници се киднапирани и доживуваат перење на мозокот од страна на Комунистите. Им се имплантираат лажни сеќавања, заедно со потсвесен активатор кој со моментално известување ги претвора во атентатори. Тие повторно се обединуваат во американското општество како спиечки агенти. Еден од нив, Големиот Бенет Марко чувствува дека нешто не е во ред, кој доаѓа до судир со својот поранешен пријател Наредникот Рејмонд Шо кој е блиску да стане атентатор. The Spy Who Came in from the Cold (1963), од Џон Ле Каре е сместен во светот на шпионирањето во Студената војна и е потпомогнат да води во една ера на пореална филмска белетристика, основана на професионални шпиони и војна на умови помеѓу соперниците. The Bourne Identity (1980), е еден од првите трилери кој е напишан во модерен стил којшто го знаеме и денес. Човек со повреда од пиштол го наоѓаат како без свест лебди во Средоземното Море. Го носат во пристаништето и го излекуваат, но тој се буди со амнезија. Жестоко одлучен да ги открие тајните од своето минато, тој влекува во потрага која незапирливо го испраќа во мрежата на насилство и измама. Тој е вџашен од откритието дека војувањето, ракувањето со оружје и трговскиот занает се природни за него.

Историјата во филмот уреди

Најраните трилери, 20-тите до 30-тите години Првиот трилер на Алфред Хичкок е неговиот трет нем филм The Lodger (1926), чија приказна е полна со исчекување. Негов следен трилер е Blackmail (1929), кој е првиот британски а и прв негов филм со звук. Од петнаесетте најголеми дела на Хичкок направени помеѓу 1925 и 1935 година, само шест се напнати филмови и тоа: двата горе спомнати плус Murder!, Number Seventeen, The Man Who Knew Too Much, и The 39 Steps.Сепак од 1935 година па натаму, неговите дела се главно трилери. Најраните шпионски филмови се филмовите на Фриц Ланг (1928), првата независна продукција со анархистички меѓународен конспиратор, и криминално – шпионски лик наречен Haghi(Рудолф Клајн-Рог), кој е прогонет од добар човек Агентот Бр: 326 (Вили Фрич) – овој филм е предвидување за Џејмс Бонд филмовите во иднина. Друг е описот на Грета Гарбо во реалниот живот, славен, заводлив, двоен агент со шифра Мата Хари во Првата светска војна во филмот Mata Hari (1932), каде што таа изведува танц во кој е обвиткана со бисери и ги заведува француските офисери за да ги открие нивните тајни. Застрашувачкиот германски филм М (1931), режиран од Фриц Ланг, во кој учествува Питер Лор (тоа е неговата прва филмска улога) како криминалец кој измамува деца. Приказната во филмот е основана на животот на серискиот убиец Петар Куртен (познат како вампирот од Диселдорф). Главна улога во криминалниот трилер Murders In The Zoo (1933), на Едвард Шутерланд, од Парамаунт е Лионел Атвил кој глуми убиствен и сомнителен зоолог. Други британски режисери како што се: Валтер Форд, Виктор Савил, Џорџ А. Купер, па дури и младиот Мајкл Пауел, направија повеќе филмови во ист период. Форд направи девет, Ворхаус седум помеѓу 1932 и 1935 година, Купер шест во ист временски период, а исто и Пауел. Хичкок следеше силен британски тренд во неговиот избор на жанр. Важни примери од британските трилери на Хичкок се: The Man How Knew Too Much (1934), неговиот прв шпионско - романтичен трилер, The 39 Steps (1935) со Роберт Донат и Медлин Керол и The Lady Vanishes (1938).

40 - тите уреди

Хичкок продолжи да го перфекционира својот препознатлив бренд на напнати трилери, со режирањето на Foreign Correspondent (1940); освојувањето на оскар со Rebecca(1940), во кој се работи за невообичаена романса помеѓу млада жена (Џоан Фонтејн) и емоционално повлечен богат вдовец (Лоренс Оливер), кој е засенет од одмаздољубив чувар на куќа (Џудит Андерсон); Suspicion (1941) во кој се работи за жена која е во опасност од нејзиниот сопствен маж (Гери Гранд); Saboteur (1942) и Shadow of a Doubt (1943), којшто е личен фаворит на Хичкок и е заснован на вистински случај за сериски убиец во 20-тите, познат како „ Убиецот на вдовицата Мери “. Психолошкиот трилер Gaslight (1944), на режисерот Џорџ Кукор е претставен со интригирачки сопруг (Чарлс Бојер), којшто пробува да ја полуди својата невина млада жена (Ингрид Бергман) со цел да го добие нејзиното осигурување. Во филмот Laura (1944) се работи за испреплетена истрага на убиства од страна на детективот (Дана Андрес), со осомничените: новинарот (Клифтон Веб) и вереницата (Винсент Прајс). Во The Spiral Staircase (1946), нема слугинка е тероризирана во куќа од страна на сериски убиец, мислејќи дека е следната жртва. Во трилерот со име The Lady From Shanghai (1948), во кој глумат Орсон Велс и Рита Хејворт, се работи за жена, за нејзиниот неподвижен сопруг адвокат со неговиот партнер и за ирски морнар кои завршуваат во убиствена шема. Во Sorry, Wrong Number (1948), инвалидна жена (Барбара Стенвик) наслушнува убиство по телефонот кое е против неа. The Third Man (1949), и приказна за писател (Џозеф Котен), во Виена после Втората светска војна, кој дознава дека неговиот стар пријател (Орсон Велс) кој се занимавал со црн бизнис не е мртов. Шпионските трилери во 40 – тите ја вклучуваат шпионската мелодрама на Фриц Ланг Cloak and Dagger (1946),која е со пост-воена атмосфера, каде што учествува Гери Купер кој глуми атомски научник и професор по физика Алва Џаспер (лик кој е заснован на соработкикот за развивање на А – бомба Џ. Роберт Опенхајмер), кој е на мисија да открие германски тајни растенија за да направи А – бомба. 13 Rue Madeleine (1947), на Хенри Хатавеј е воена шпионска приказна во документарен стил со Џејмс Кегнеј (како Боб Шарки) кој е агент на “O.O.S“, пратен во окупираната Франција за да го открие местото на германскиот ракетен силос пред сојузничките да слетат во Нормандија на денот – Д.

50-тите уреди

Во 50 – тите, Хичкок додади живост во своите трилери со егзотични локации и гламурозни ѕвезди. Тој го постигна врвот во својата кариера со успехот на класичните филмови: Strangers on a Train (1951),во кој се работи за двајца патници во воз: тенисерот (Ферли Гренџер) и Бруно (Роберт Волкер), кои изведуваат битка со умови и нарачуваат убиства помеѓу себе; Dial M For Murder (1954) со Реј Миланд како злобен сопруг кој се обидува да ја убие својата богата сопруга (Грејс Кели); Rear Window (1954) каде се работи за маж (Џејмс Стјуарт) кој е убеден дека неговиот сосед е убиец; To Catch a Thief (1955), боксерски трилер кој се одвива во јужна Франција; Vertigo (1958), со Џејмс Стјуард како пензиониран детектив кој станува опседнат со растроената мистериозна жена (Ким Новак) на негов стар пријател; и North by Northwest каде што директор на рекламна служба го помешуваат со непостоечки шпион и го бркаат низ земјата, додека нему му помага мистериозна жена (Ева Мари Сент). Трилери од 50-тите кои не се од Хичкок ги вклучуваат: Niagara (1953) од Хенри Хатавеј, со Мерлин Монро како злобна фатална жена која прави план да го убие својот несгурен сопруг (Џозеф Котен); жестокиот и брз филм Kiss Me Deadly (1955) на режисерот Роберт Олдрич, го изведува Ралф Микер како детективот Мајк Хамер наидувајќи на јадрена апокалипска; The Night of the Hunter (1955), е единствениот филм на режисерот Чарлс Лотен, со Роберт Мичум кој глуми проповедник, но е со намера да убие две деца кои ја знаат тајно место на украдени пари. Единствениот криминален трилер на Орсон Велс, Touch of Evil (1958), со Џенет Ли која глуми тероризирана жена, Чарлтон Хестон како агент кој работи со наркотици и самиот режисер како злобен граничен полицаец. Шпионските филмови од 50-тите ги влкучуваат: Diplomatic Courier (1952), на Хенри Хатавеј со Тајрон Пауер како неоткриен таен агент кој е во потрага по документи со детали од Руската инвазија на Југославија; и 5 Fingers (1952) на Џозеф Менкајавич со Џејмс Мејсон како неоткриен агент Одисеј Дело (со шифра Цицерон) кој работи во Британската амбасада во Турција за време на Втората светска војна и му продава информации на нацистите. Филмот е заснован на романот Операција Цицерон од реалниот живот „Цицерон“ Мојзиш.

60-тите уреди

Напнатиот филм Peeping Tom (1960), на режисерот Мајкл Пауел, со Карл Боем како психопатски камерман е издаден пред Psycho (1960) на Хичкок. После класичните филмови на Хичкок од 50-тите, тој го направи шокантниот и неверојатно интересниот трилер Psycho (1960), во кој се работи за осамен и опседнат сопственик на мотел и препаратор на животни. Модерниот и романтичен трилер Charade (1963), на режисерот Стенли Донен, има бројни пресврти, промени на идентитети, како и потрага по скриени пари а главните улоги се парот Кери Грант и Одри Хепберн, локација е Париз. Првиот филм на англиски на Роман Полански е застрашувачкиот и надреалниот Repulsion (1965), со Катрин Денев како млада девојка која полудува сè повеќе и повеќе. Познат трилер уште од неговиот ден на издавање е трилерот Почекај додека се стемни (1967) од режисерот Теренс Јанг со Одри Хепберн како измачувана слепа жена во нејзиниот стан на Менхетен и со Алан Аркин како злобен и садистички човек кој бара дрога (прекриен во кукла). Филмовите 007 инспирираа и други шпионски филмови како мистериозната трилогија на Хари Палмер, која е претставена од неспремен, негламурозен човек со очила кој е дел од британската тајна служба (Мајкл Кејн) (од најпродаваниот роман на Лен Дејтон), во The Ipcress File (1965), Funeral in Berlin (1967) и Billion Dollar Brain (1967). Беа создадени уште шпионски филмови. Ричард Бартон беше британскиот таен агент Алек Лимас (со шифра Потрошлив) во The Spy Who Came in From the Cold (1965); потоа The Deadly Affair (1967), на Сидни Лумет; The Triple Cross (1967), на Теренс Јанг кој е заснован на вистинска приказна, со Кристофер Пламер како Еди Чепман, чувар на бомби, кој им се приклучил на Германците за време на војната, а потоа станал британски двоен агент.

70-тите и 80-тите уреди

Декадата доживеа насилен старт во жанрот трилер со Frenzy (1972), првиот британски филм на Хичкок во речиси две декади, на кој му е дадена оцена ‘R’ за неговите брутални и експлицитно задушувачки сцени. Нискобуџетниот филм Duel (1971), на Стивен Спилберг, кој има култен ред и се работи за насилство на патот помеѓу беспомошен патник (Денис Вивер) и невиден, немилосрден возач на камион. Еден од првите филмови за обожавател кој е опседнат со својот идол е режисерското деби на Клинт Иствуд Play Misty for Me (1971), во кој се работи за калифорниски диџеј кој е гонет од слушателка (Џесика Валтер). Deliverance (1972) на Џон Бурман, ја следеше опасната судбина на четири Јужни стопанственици за време на викенд патување. Don't Look Now (1973), на режисерот Николас Роуг, е напната, збунувачка и мрачна приказна за очај во Венеција, со Доналд Сатерленд и Џули Кристи како пар кој жала за удавувањето на нивната ќерка. Во напнатиот лик на Френсис Форд Копола во шпионскиот трилер The Conversation (1974), експерт за прислушувачки уреди (Џин Хекман), систематски открива тајно убиство додека и тој самиот е шпиониран. The Eyes of Laura Mars (1978), режиран од Ирвин Кершнер, е уште еден трилер со тема за манијак со Феј Данавеј како главен лик кој е фотограф, манијак. Брајан Де Палма во свите филмови обично обработува теми за вина, перверзност, параноја и опседнатост. Вклучува и слични елементи на дејствието како што се: прераното убивање на главниот лик, прекинувачки точки на гледање и последици од сонот. Ова се некои од неговите филмови: психолошкиот трилер Sisters (1973), тоа е филм за двојна личност, со музика од најчестиот и омилен соработник на Хичкок, композиторот Бернард Херман; Obsession (1976), кој на некој начин е инспириран од вртоглавица; Dressed to Kill (1980); во атентаторскиот трилер Blow Out (1981), се раскажува за звучните ефекти на маж кој сведочи за „случајното“ убиство на гувернерот; и еротиката Body Double (1984), во кој се работи за глумец кој се замешува во приказна на интриги и мистерија со својата еротична сосетка со „двојно тело“. Шпионските и филмовите со завера се расфрлани за време на овие две декади. The Black Windmill (1974), на Дон Сигел, извчечен од романот Seven Days to a Killing на Клајв Егелтон, со Мајкл Кејн како Џон Тарант, шпионски агент чиј син е киднапиран. Во The Parallax View (1974), на Алан Пакула се работи за заговор предводен од Корпорацијата Паралакс околу атентатот на американскиот сенатор кој се кандидирал за претседател, кој беше докажан од истражниот новинар Џозеф Фреди (Ворен Бити). Научно – фантастичниот трилер Capricorn One (1978), на Питер Хајам и предложи на владата дека идејата за теоријата на заговор за слетувањето на Марс е комплетна измама. Последниот филм на Сем Пекинпа, шпионскиот трилер со испревртено дејствие The Osterman Weekend (1983), е заснован на најдобро продаваниот роман на Роберт Лудлум, а ѕвездата во филмот е Џон Хант како злобен агент на ЦИА, агент – шпионот Лоренс Фасет. Британскиот политички трилер со заговор Defence of the Realm (1985), претставен со Габриел Брн како репортер кој истражува тајна операција. Шпионскиот трилер The Fourth Protocol (1987), на Џон Мекензи, извлечен од запис на оригиналниот романописец Фредерик Форсајт, претставен со Мајкл Кејн како британски интелигентен агент Џон Престон и Пирс Броснан како лош руски агент Мајорот Валери Петровски. Декадата завршува со Dead Calm (1989) на Филип Нојс , психолошки трилер со Никол Кидман, која мора да се бори за својот живот на јахта против излуден бездомник (Били Зејн). Овој трилер има елементи на опсесија и заробен главен лик кој мора да најде начин за да избега од шепите на негативецот. Овие уреди имаат влијание врз голем број трилери во следните години, во раните 90 – ти.

90-тите па сè до денес уреди

Декадата почнува со филмот Misery (1990) на Роб Рајнер, кој е заснован на книгата на Стивен Кинг, со Кејти Бејтс како полуден обожавател со име Ани која територизира неспособен автор со име Паул, кој е на нејзина грижа – во една ужазна сцена таа му ги крши зглобовите на ногата за тој да не може да избега; измачувана жена која го напушта својот садистички маж за да најде подобар живот е прикажано во филмот Sleeping with the Enemy (1991); The Hand That Rocks the Cradle (1992) на Кертис Хенсон, со Ребека де Морни како бебиситерка која има намера да се одмазди за мртвиот пациент (Анабела Сиора) на нејзиниот сопруг акушер; Unlawful Entry (1992) со Реј Лиота како полицаец кој е опседнат со жената која што ја спасил; напнатиот трилер Single White Female (1992) на Барбет Шредер, со Бриџит Фонда и нејзината опседната цимерка од пеколот Џенифер Џејсон Ли; Malice (1993) на Харолд Бекер, со Алек Болдвин и Никол Кидман; и за крај, психолошкиот трилер The Talented Mr. Ripley (1999)на Ентони Мингела, со Мет Демјон кој е опседнат а потоа и го презема идентитетот на Џуд Ло. Сепак, колку и да е опсесијата главна тема во оваа декада, има и други популарни теми на жанрот трилер – како што е детективскиот во кој ФБИ агенти гонат сериски убиец. Многу познат беше мошне успешниот криминален трилер кој доби награда за најдобра слика The Silence of the Lambs (1991) на Џонатан Дем, каде млада ФБИ агентка (Џуди Фостер), која е во псхилошка војна со канибалистичкиот психијатар Ханибал Лектор (Ентони Хопкинс), додека го следи транссексуалниот сериски убиец Бафало Бил; и криминалниот трилер Se7en (1995) на Дејвид Финчер, во кој се работи за потрага по серискиот убиец кој повторно ги одредува седумте смртни гревови. Дури и денес трилерите позајмуваат теми и елементи од оние во минатите декади. Сепак, да престанеме со повторувањето, има многу неодамнешни трилери кои го задржуваат аспектот на хорор филмовите; многу крв, насилство, бездушност, терор и собирање на тела. Некои од новите трилери кои ги употребиле овие методи се: Eden Lake (2008), The Last House on the Left (2009), P2(2007), Captivity (2007) и Funny Games (2008). Дури и акционите сцени заземаат сè повеќе место во трилер филмовите во последните десет години, особено во шпионските трилери. Трилерите како што се: Joy Ride(2001), Unknown (2011), Hostage (2005), Cellular (2006), A History of Violence (2005) and Firewall (2006), се на границата на акција.

Поджанрови во филмот уреди

Трилерот може да ги вклучи следните поджанрови, кои вклучуваат елементи од други жанрови: • Трилери со заговор: Се оние каде што херојот/хероината се соочува со голема и моќна група на непријатели чиј број само тој/таа го открива. The Chancellor Manuscript и The Aquitaine Progressionод Роберт Лудлум, припаѓаат на оваа категорија како и филмовите како што се: Awake, Snake Eyes, The Da Vinci Code, Edge of Darkness, Absolute Power, Marathon Man, In the Line of Fire, Capricorn One, и JFK. • Криминални трилери: Овој посебен жанр е мешавина од криминални филмови и трилери кои ја содржат напнатоста на успешно или неуспешно злосторство. Овие филмови повеќе се фокусираат на криминалецот отколку на полицаецот. Главни теми на овие филмови се: сериски убијци/убиства, грабежи, потери, кражби и раскрсници. Некои примери за криминални трилери кои вклучуваат убиства се: Seven, No Country for Old Men, Silence of the Lambs, Untraceable, Mindhunters, Kiss the Girls, Along Came a Spider, Collateralи Copycat. Примери за криминални трилери со грабежи се: The Asphalt Jungle, The Score, Rififi, Entrapment и The Killing. • Еротски трилери: Ова е тип на трилер во кој се истакнува еротиката и сексуалната врска има голема улога во дејствието. Овој жанр стана популарен во 80-тите и со пробивањето на видео пазарот. Овој жанр ги вклучува филмовите како што се: Basic Instinct, Chloe, Color of Night, Dressed to Kill, Eyes Wide Shut, In the Cut, Lust, Caution и Single White Female. • Политички трилер: Е оној во кој херојот/хероината мора да ја обезбеди сигурноста на владата за која работат. Успехот на Seven Days in May (1962) на Флечер Кнебел, The Day of the Jackal (1971) на Фредерик Форсит и The Manchurian Candidate (1959) на Ричард Кондон го основаа овој поджанр. Други примери се: Topaz, Notorious, The Man Who Knew Too Much, The Interpreter, Proof of Life, State of Play and The GhostWriter. • Психолошки трилер: Е оној во кој (во кој додека дојде насилството), конфликтот помеѓу главните ликови е повеќе ментален и емоционален отколку физички. Ликовите случајно или намерно се вклучени во опасен конфликт или ситуација која тие не се подготвени да ја решат. Ликовите не се потпираат на својата физичка сила за да ги надминат своите брутални непријатели, тие попрво се потпираат на своите ментални ресурси, без разлика дали во борба со тежок противник или во борба за воспоставување на рамнотежа во сопствениот ум на ликот. Понекогаш ликовите се обидуваат да решат или се вклучени во мистерија. Напнатоста која е создадена од психолошките трилери најчесто доаѓа од два или повеќе ликови кои се пленат со своите умови со играње на измамнички игри помеѓу себе или едноставно со обид да ја нарушат менталната состојба на другиот.Филмовите Suspicion, Shadow of a Doubt, и Strangers on a Train на Алфред Хичкок и бизарниот и влијателен Blue Velvet на Дејвид Линч се значајни примери од овој тип како што се и: The Talented Mr. Ripley, The Machinist, Don't Say A Word, House of 9, Trapped, Flightplan,Shutter Island, Secret Window, Identity, Red Eye, Phone Booth, Psycho, The River Wild, Nick of Time, P2, Breakdown, Panic Room, Misery, Straw Dogs и неговиот римејк ,Cape Fear, The Collector, Frailty, The Good Son и Funny Games. • Шпионски трилер: Е оној во кој главниот лик обично е агент на владата кој мора да заземе насилна акција против агените од спротивната влада или (во последните години) терористи. Поджанрот обично се занимава со темата на белетристичката шпионажа на реален начин (како што се адаптациите на Џон Ле Каре). Ова е значаен аспект на британското кино со водечките британски режисери како што се Алфред Хичкок и Карол Рид кои направија значајни придонеси и многу филмови во врска со Британската тајна служба. Шпионските филмови обично ги спојуваат жанротвите акција и научна фантастика, меѓутоа некои шпионски филмови повеќе припаѓаат на жанрот акција отколку на трилер (пр. Џејмс Бонд), особено оние во кои има чести престрелки, брканици со автомобили и слично (види го влезот на шпионските филмови во поджанровите на акциониот филм). Некои трилери од овој поджанр се: Spy Game, Hanna, Traitor, Tinker Tailor Soldier Spy, The Tourist, The Parallax View, The Tailor of Panama, Taken, Unknown, The Recruit, The Debt, The Good Shepherd и Three Days of the Condor. • Натприроден трилер: Е оној во кој филмот има вонземски елемент (како фантазија и/или нешто натприродно) помешано со тензија, напнатост, и испревртување на дејствието. Понекогаш главниот лик и/или негативецот имаат некоја физичка способност или супермоќ. Некои пример се: Lady in the Water, Fallen, Frequency, Next, Knowing, In Dreams, Flatliners, Jacob's Ladder, Chronicle, The Skeleton Key, What Lies Beneath, Unbreakable, The Gift, и The Dead Zone. • Техно трилер: Напнат филм во кој манипулацијата на софистицираната технологија игра значаен дел. Има малку акција и научна фантастика. Некои примери се: The Thirteenth Floor, Jurassic Park, I, Robot, Eagle Eye, Hackers, The Net, Futureworld, eXistenZ и Virtuosity. • Правен трилер: Напнат филм во кој главните ликови се адвокатите и нивните вработени. Системот на правдата е секогаш главен дел од работата, понекогаш речиси функционира како еден од ликовите. Некои примери се: The Pelican Brief, Presumed Innocent, The Jury, The Kappa File, The Lincoln Lawyer, Hostile Witness и Silent Witness.

Телевизија уреди

Има најмалку две телевизиски серии едноставно наречени Thriller, едната направена во САД во 60-тите, другата во Велика Британија во 70-тите. Иако не се поврзани во никој случај и двете серии се состојат од еднократни драми, каде ги користат познатите мотиви на жанрот. 24е телевизиска серија со брзо дејство со спогодба инспирирана од војната против тероризмот. Секоја сезона се одвива во текот на 24 часа со секоја епизода која се случува во „реално време“. Одликувајќи се со сплит – екран техника и со темпиран часовник на екранот, 24 го следи експлоатирањата на федералниот агент Џек Бауер, кој се обидува да ги спречи терористичките закани. Lost, во која се работи за преживеаните од авионска несреќа, кои се соочени со прогонетите на островот принудени да се справат со: монструозно суштество кое се појавува како облак од црн чад; заговорот на „Другите“ кои ги имаат киднапирано или убиено нивните блиски во различни точки; таинственото минато на островот кое тие се обидуваат да го разберат; бели мечки; и борбата против овие или други елементи како борба само да останат живи и да се извлечат од островот. Prison Break го следи Мајкл Скофилд, инженер кој се затворува самиот себеси во затвор со максимално обезбедување, со цел да го ослободи својот брат, кој е на смртна казна за злосторство кое тој не го направил. Во првата сезона Мајкл мора да се справи со опасностите на затворскиот живот, другите затвореници и вработените во затворот и извршување на својот разработен план за бегство, додека надвор од затворот сојузниците на Мајкл го истражуваат заговорот којшто доведе Линкон да биде затвотен. Во втората сезона, Мајкл, неговиот брат и уште неколку затвореници бегаат од затворот и мораат да ја избегнат националната потрага и нивното повторно фаќање, како и оние кои ги сакаат мртви. Други примери се: Dexter, Breaking Bad, Criminal Minds, Without a Trace, CSI: Crime Scene Investigation, The 4400, Medium, Revenge, Numb3rs, The Twilight Zone и The X-Files.