Трилер во Манила (анг. Thrilla in Manila) е насловот на двобојот помеѓу Мохамед Али и Џо Фрејзер на Филипините на 1 октомври 1975. Мечот траел скоро целосно каде боксерите се бореле на жештина од околу 40 степени Целзиусови. Дури во четиринаесеттата рунда (од вкупно 15 рунди) тренерот на Џо Фрејзер ја запрел борбата, оти Џо Фрејзер не можел повеќе да гледа. Кусо по крајот на мечот Мохамед Али се онесвестил.

Оваа борба на Мохамед Али е еднакво легендарна како и неговата борбата од 1974 против Џорџ Форман во Киншаса позната како „Тепачка во џунглата“ - Rumble in the Jungle.