Во културата на Маорите во Нов Зеланд, тохунга (маорски: tohunga) е стручњак по некој занает, вештина или знаење. Тука спаѓаат и стручни свештеници, исцелители, морепловци, резбари, градители, учители и советници. Поимот е истоветен со хавајскиот поим кахуна.

Детал од резбана таванска греда, Нгати Ава, ц. 1840

Тохунгите се сметале за свети лица (до различен степен).

Терминологија уреди

Постоеле многубројни класи на тохунга (Buck 1974:474), меѓу кои:

  • Тохунга ахурева: највисоката класа на свештеници
  • Тохунга кијато: најниската класа на свештеници
  • Тохунга матаките: јасновидци
  • Тохунга факаиро: стручњаци по резбарство и копаничарство
  • Тохунга татаи ароранги: стручњаци по толкување на ѕвездите
  • Тохунга тараи вака: стручњаци по изградба на чунови

Поврзано уреди

Наводи уреди

  • T. R. Hiroa (Sir Peter Buck), The Coming of the Maori. Второ издание. Прво изд. 1949. Wellington: Whitcombe and Tombs) 1974.